fbpx
Таг: просек

таг: просек

Исплатата на субвенциите за тутунот ќе почне в четврток

Исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017, ќе почне в четврток информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка, во земјоделството и руралниот развој зголемени субвенции ќе добијат над 23.400 тутунари, по просечна цена од 217,6 денари за килограм. „Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа кој започнува со реколтата 2017,...

„Фајненс тинк“: Просечната нето-плата годинава ќе се движи околу 24.000 денари

Просечната нето плата за 2018 година ќе се движи околу 24.000 денари, предвидува Институтот за економски и политички истражувања „Фајненс тинк“. Порастот на просечната плата во јануари, според нив, не може да се толкува дека е резултат на порастот на минималната плата. „Уште при објавувањето на јануарскиот податок за нето платата, „Фајненс тинк“ укажа дека се работи главно за сезонски ефект,...

Просечната нето-плата во јануари изнесувала 24.025 денари

Просечната месечна нето-плата исплатена во јануари изнесува 24.025 денари и е зголемена за 5,5 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (37,3 проценти), рударство и вадење на камен (20.3 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (12,5 проценти). Од...

Просечната нето-плата во декември изнесувала 23.850 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2017 година изнесувала 23.850 денари и е повисока за 1,7 отсто од декември 2016 година, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување се должи, пред сè, на повисоката исплатена нето-плата во секторите други услужни дејности (9,8 отсто), преработувачка индустрија (9,3 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,9 отсто). Просечната бруто-плата пак изнесувала 35.017...

Просечната нето-плата изнесува 23.196 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември лани, изнесувала 23.196 денари и во однос на истиот месец во 2016 година е зголемена за 3.6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 34. 079 денари. Ваквото зголемување се должи, пред сé на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите преработувачка индустрија (8,9 проценти), објекти за сместување и...

УХМР: Водостоите на реките под просекот за јануари

Водостоите на реките Вардар кај Јегуновце, Сатеска кај Ботун и на Црна Река кај Новаци се повеќе од двојно пониски од просекот за јануари, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Водостоите на речиси сите реки се пониски во однос на вчера, а зголемување на водостоите има на Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Брегалница кај Берово и Црн...

Сончево и свежо време со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. На повеќе места ќе биде повремено значително облачно и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 4 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 24 степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти со 7 Целзиусови степени, а дневната ќе...

Просечната месечна нето-плата во јуни изнесувала 22.808 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни изнесувала 22.808 денари, а бруто-платата 33.509 денари, објави Државниот завод за статистика. Платата во јуни во однос на лани истиот месец е зголемена за 2,7 проценти. Ваквото зголемување на нето-платата се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (20 проценти), стручни, научни и...

Зголемувањето на пензиите ќе се усогласува со порастот на трошоците за живот, велат од МТСП

Усогласувањето на пензиите во 2017 година се врши согласно член 37 од законот за пензиското и инвалидското осигурување, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Оттаму велат дека, усогласувањето на пензијата се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија...

Законодавната власт во Македонија е под нивото на отвореност во регионот

Законодавната власт во Македонија е најотворена во споредба со извршната и судската власт, но сепак според нивото на отвореност е под регионалниот просек, покажа истражувањето за степенот на отвореност на институциите во шест земји од регионот, во рамки на проектот „Актион СЕЕ – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа“, кој го спроведува Фондацијата за интернет...

Просечната нето-плата во септември изнесувала 22.191 денар

Просечната месечна нето-плата во септември годинава изнесувала 22.191 денар, а бруто-платата - 32.640 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември во однос на истиот месец лани е зголемена за 0,8 отсто. Ваквото зголемување, според ДЗС, се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата во секторите градежништво (8,7 проценти), земјоделство, шумарство и рибарство...

Просечната плата во јули изнесувала 22.334 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули во однос на истиот месец лани е зголемена за 2,2 проценти и изнесува 22.334 денари, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите градежништво 9 проценти, административни и помошни услужни дејности 6,7 проценти и информации и комуникации 6,2 проценти. Просечната месечна бруто-плата...

Просечната плата во јуни изнесувала 22.187 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 22.187 денари, а бруто-платата - 32.637 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Просечната плата во јуни била поголема за 0,7 отсто во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите градежништво (10,6 проценти), административни и помошни услужни дејности (6,3 проценти) и...

Јули 2016 година бил најтоплиот месец во последните 137 години

Месецот јули,  годинава бил најтоплиот месец во модерната историја, со рекордна температура на копното и на океаните во последните 137 години, соопшти денеска американската Агенција за океани и атмосфера. „Просечната глобална температура на површината на копното и на океаните во јули 2016 година била највисока, не само за месецот јули, туку и воопшто во однос на информациите за времето од...

Просечната нето-плата во мај изнесувала 22.324 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2016 годинава, изнесува 22.324 денари и во однос на истиот месец лани е повисока за 1,1 процент, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите градежништво (8,7 проценти), административни и помошни услужни дејности (7,6 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство...

Просечната плата во март изнесувала 22.053 денари

Просечната нето-плата по вработен, во март изнесувала 22.053 денари, а бруто-платата 32.392 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Нето-платата е зголемена за три отсто во однос на истиот месец минатата година. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите административни и помошни услужни дејности (16,8 отсто), информации и комуникации (14,6...

Просечната нето-плата во ноември изнесувала 21.976 денари

Просечната месечна нето-плата по вработен во ноември 2015 година, изнесува 21.976 денари. Просечната нето-плата во ноември минатата година била повисока за 1,8 проценти во однос на истиот месец во 2014 година. Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите други услужни дејности (9,2 отсто), административни и помошни услужни дејности (8,4 отсто), градежништво (7,1 отсто). Намалување...

Конференција во Охрид: Економската миграција продолжува – Балканот старее

Економската миграција продолжува - Балканот забрзано старее, беше речено на Меѓународната конференција за демографските процеси на Балканот што се одржува во Охрид, во организација на „Демобанк“ и Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На конференцијата во Охрид учествуваат 60 експерти кои во наредните три дена ќе ги презентираат своите научни трудови од областа на демографијата. Освен Косово...

Просечната нето-плата во мај изнесува 22.071 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата во мај годинава, изнесува 22.071 денар, а просечната исплатена бруто-плата - 32.393 денари, објави Државниот завод за статистика. Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, изнесува 102,7. Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите уметност, забава и рекреација (15,8 проценти), други...

Просечната нето-плата изнесува 21.746 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата, во април 2015 година, изнесува 21.746 денари, а просечната месечна исплатена бруто-плата за истиот период изнесува 31.939 денари, објави денеска Државниот завод за статистика Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата, во април годинава, во однос на април минатата година, изнесува 102,7. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите рударство и вадење...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...