fbpx
Таг: пронајдени

таг: пронајдени

Пронајдени тројца американски туристи што се изгубиле на Галичица

Тројца американски туристи вчера попладне пријавиле дека се изгубиле во Националниот парк Галичица, а спасувачки екипи ги пронашле речиси два часа подоцна, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што соопштија од МВР, 33-годишната Н.А. од САД во СВР Битола пријавила дека таа, нејзиниот сопруг и нејзиниот брат се изгубиле во националниот парк. Тие тргнале да планинарат кон врвот...

Пронајдени се двете исчезнати малолетнички по кои се трагаше два дена

Полицијата ги пронајде двете малолетнички по кои се трагаше од четвртокот и за кои на социјалните мрежи масовно се споделуваа повици. Тинејџерките биле пронајдени попладнево на подрачјето на Бит Пазар од страна на полициски службеници од тамошната полициска станица. Девојчињата биле забележани кај продажен објект во паркот. „Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул. „Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот,...

Сириска опозиционерка и нејзината ќерка пронајдени мртви во Истанбул

Сириската опозициска активистика и нејзината ќерка - новинарка се пронајдени мртви во нивниот стан во источниот дел на Истанбул, јавија денеска турските медиуми. Телата на шеесетгодишната Тела Арубе Баракат и нејзината 22-годишна ќерка Хала Баракат биле пронајдени од полицијата, откако нивни роднини пријавиле дека не можат да стапат во контакт со нив. Според турските агенции, соседите во зградата изјавиле...

Две кофи со муниција и гранати пронајдени во подрум од зграда во Чаир

Вчера попладне, во 15.22 часот, во Единицата за информации и команда (ЕИК Скопје) било пријавено дека во подрумските простории од станбен објект во населбата Чаир биле пронајдени две кофи со разна минуција, рачни бомби и минофрлачки гранати. „При увидот на местото на настанот, во подрумските простории, пронајдени биле 19 гранати калибар 40 милиметри во реденик, 12 гранати калибар 40 милиметри,...

Пронајдени сите тела на патниците во „пајперот“

Увидните екипи, кои се на местото каде вчера се урна италијанскиот авион, од типот „пајпер“, ги пронашле телата на сите шест починати патници, соопшти Јавното обвинителство. „Станува збор за пет мажи и за една жена. Телата се подготвени за пренесување во Институтот за судска медицина, каде во наредниот период по налог на јавен обвинител ќе следува постапка за идентификација“, стои...

На брегот на Израел пронајдени делови од урнатиот египетски авион

Остатоци од летало за кои се верува дека се од авионот на „Иџипт ер“, кој се урна во мај годинава во Средоземно Море, биле најдени долж брегот на Израел, соопштила денеска канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавуваат светските медиуми. Деловите биле најдени вчераутро, северно од Тел Авив, на брегот на приморскиот град Натанија, било наведено во соопштението, во кое...

Тела на младенчиња тигри најдени во фрижидер во Тајланд

Четириесет тела на младенчиња тигри биле пронајдени во фрижидер во будистички храм во Тајланд, кој е под истрага за трговија и злоупотреба на животни, јавува „Би-би-си“. Полицијата и службите за заштита на животни вчера започнале операција за отстранување на сите живи тигри од локацијата Канчанабури, која е позната како Храм на Тигрите. Во фрижидерот, според Том Тејлор од фондацијата „Пријатели на...

Регистриран чад во авионот на „Египет ер“

Неколку минути пред да исчезне од радарот, во патничкиот авион на „Египет ер“ бил регистиран чад, јавуваат светските медиуми. Авионот на египетската авиокомпанија, кој со 56 патници и 10 членови на екипажот леташе на релација Париз - Каиро, во четвртокот се урна во Средоземното море, кај островот Крит, кратко по влегувањето во египетскиот воздушен простор. Чадот, според информациите, кои...

Македонски државјанин фатен со 99.000 евра и со 47 пакети злато на српската граница

Српски цариници при контрола на возило марка „фолксваген пасат“, со кое управувал македонски државјанин, пронашле големо количество девизи и златен накит, јавуваат српските медиуми. Возилото било пријавено за влез во Србија, а парите и златото биле пронајдени сокриени кај менувачот на автомобилот. Според првичните информации, станува збор за сума од 99.000 евра и за 47 пакети со злато, кое сè уште...

Кичевската полиција запленила повеќе од 50 лажни банкноти, три лица се приведени

Екипа на кичевската полиција вчера попладне извршила претрес на возило, сопственост на фирма од Скопје, и привела три лица кај кои биле пронајдени повеќе од 50 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари, информира МВР. Претресот на возилото и на трите лица во него бил извршен по наредба на Основниот суд Кичево поради постоење основан сомнеж дека се превезуваат фалсификувани пари. Како...

Отпечатоци од прсти на Абдеслам најдени во станот во Брисел

Белгиското федерално обвинителство денеска соопшти дека во станот во Брисел, кој беше цел на полициска операција оваа недела, биле пронајдени отпечатоци од прсти што му припаѓаат на главниот осомничен за париските напади во ноември минатата година, Салах Абдеслам, пренесува „Би-би-си“. „Можеме да потврдиме дека отпечатоци од прсти на Салах Абдеслам се најдени во станот во бриселската област Форест“, изјавил портпаролот...

Тројца мигранти пронајдени удавени во Сува Река кај Гевгелија

Три безживотни тела утрово биле пронајдени во Сува Река, во близина на македонско - грчката граница, а според првичните информации најверојатно станува збор за мигранти, информираат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Според првичните официјални информации, утрово околу 6.45 часот во полициската станица во Гевгелија било пријавено дека се пронајдени три тела во Сува Река. - Станува збор за тела...

Полицијата ги истражува случаите за двете безживотни тела пронајдени во Прилеп

Две безживотни тела вчера попладне биле пронајдени на две различни локации во Прилеп, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 16 часот, на улицата Трајко Николовски, кај гаражите на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, бил пронајден машки леш во фаза на распаѓање. Еден час подоцна, во куќа на улицата Александар Македонски, била пронајдена почината 64-годишната Л.Ј. од Прилеп. Претходно, Е.Т.Ш. пријавила дека...

Маж и жена пронајдени мртви во мотел во Битола

Триесет и тригодишен маж и 27-годишна жена вчера попладне биле најдени мртви во мотел во центарот на Битола, јавуваат медиумите. Информацијата за смртта на двете лица ја потврдиле од битолската полицијата, пишува весникот „Вест“. Како што пренесува весникот, настанот во полицијата го пријавил персоналот во мотелот, откако двајцата гости подолго време не излегувале од собата, која ја изнајмиле пред неколку дена. Лекар...

Во Кумановско пронајдена муниција од Втората светска војна

Вработен на фирмата „Вибе“, во средата оваа недела, во кумановската полиција пријавил дека пронашол минофрлачки мини, зрна од топовска граната, запалки за гранати и куршуми, со потеко од Втората светска војна, информира полицијата. Муницијата била пронајдена при ископ за пруга на потегот од Куманово кон индустриската зона „Бедиње“. Како што информираат од полицијата, станува збор за 18 минофрлачки гранати, четири зрна...

Пронајдени две неексплодирани артилериски гранати во Битолско и во Берово

Вработен во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ вчера во СВР Битола пријавил дека во атарот на селото Кременица, при изведување земјоделски работи, пронашол неексплодирана артилериска граната, калибар 155 милиметри, од Првата светска војна, информираат од полицијата. Истиот ден, беровец во локалната полициска станица пријавил дека во понеделеникот, во објект кој порано го користеле „Македонски шуми - Малешево“, нашол неексплодирана артилериска граната, калибар...

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...