fbpx
Таг: пронајдена

таг: пронајдена

Триесетгодишна девојка пронајдена мртва во тоалет на трговски центар во Скопје

Триесет годишна девојка синоќа била пронајдена мртва во тоалетите на трговски центар во Скопје, информираше денеска Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, вечера околу 19.30 часот во Единицата за информирање и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето на трговски центар во Скопје, во тоалетите на приземјето од објектот, било пронајдено починато женско лице. Смрт констатирала екипа на Итната...

Малолетници пронашле рачна бомба на улица во Гази Баба

Малолетници вчера попладне пронашле рачна бомба на улицата Ордан Чопела во скопската населба Гази Баба, информира МВР. Случајот бил пријавен околу 14 часот, во Едницата за информации и команда Скопје од страна на граѓанин. На местото излегла екипа на Одделот за антитероризам на МВР, која ја подигнала рачната бомба. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Откриени 20 килограми марихуана на граничниот премин Блаце

Царинските инспектори во соработка со Министерството за внатрешни работи вчера на граничниот премин Блаце, пронашле и заплениле 20 килограми марихуана, сокриена во возило што го управувал македонски државјанин. Како што соопшти денеска Царинската управа, возилото вчера околу 10.30 часот се пријавило за влез во земјава. „При прегледот на возилото, во задните врати на комбито помеѓу лимот и тапацирот, поточно...

Пронајдена и третата црна кутија од урнатиот руски авион

Истражните тимови ја пронашле и третата црна кутија од рускиот авион „ту-154“, кој се урна во Црно Море. Полициски извори за агенцијата ТАСС рекле дека записот од црната кутија бил оштетен, но дека постои можност дел од податоците да бидат симнати. Претходните два дена беа пронајдени уште две црни кутии од авионот, а дешифрирањето на податоците, како што пренесуваат агенциите, би...

Пронајдена црната кутија на рускиот авион што се урна во Црно Море

Истражните тимови ја пронашле црната кутија од рускиот воен авион кој завчера се урна во водите на Црно Море, при што загинаа 92 патници и членови на екипажот, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на информации од лица вклучени во истрагата. Полициски извори за агенциите соопштиле дека црната кутија е извлечена на површина и наскоро треба да биде однесена од Сочи во...

„Авионската бомба“ во Цементара била оксигенска боца, соопшти ДЗС

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека „авионската бомба од 125 килограми“, за која пред повеќе од еден час информираа дека била пронајдена во близина на населбата Цементара, не била бомба, туку станувало збор за оксигенска боца. „По извршеното ископување, утврдено е дека се работи за оксигенска боца од 1,5 метар. Нема понатамошна опасност во реонот каде што беше...

Бомба од 125 килограми пронајдена во населбата Цементара

Авионски проектил од голем калибар бил пронајден при проширување на пат во близина на Припор, кај кружниот тек пред населбата Цементара, соопшти денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Првичните проценки се дека бомбата е со тежина од околу 125 килограми. Екипи на ДЗС, како што информираат оттаму, се на терен и ги преземаат сите превентивни и безбедносни мерки, а евакуирани...

Исчезната 19-годишна охриѓанка била сексуално малтретирана

Деветнаесетгодишната охриѓанка, која на 19 мај беше пријавена за исчезната, била пронајдена два дена подоцна во Охрид. Како што информираат од полицијата, таа била сексуално малтретирана од две лица, албанскиот државјанин А.Ч.(30) и К.К.(51) од Кичево. Полициската станица од Кичево на двајцата им поднела кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице. Потрагата по...

Пронајдена марихуана кај надзорник од „Идризово“, обвинителството почнало истрага

Основното јавно обвинителство Скопје повело истрага против надзорник во затворот „Идризово“, кај кого при претрес била пронајдена марихуана, соопштија денеска од јавното обвинителство. „На 28 јануари 2016 година, при редовна контрола и личен претрес на лицето врaботено како надзорник во Казнено поправната установа „Идризово“, во неговите лични работи пронајдено е топчесто пакување налепено со лелива лента за кое при вештачењето е...

Откриена нова масовна гробница кај градот Синџар во Ирак

Масовна гробница во која се наоѓаат телата на најмалку 110 припадници на малцинската етничка група Јазиди била пронајдена во северен Ирак, јавуваат светските медиуми. Гробницата е пронајдена во близина градот Синџар кој до пред десетина дена беше под контрола на Исламска држава (ИД), пред да биде освоен од страна на курдските борци. Милитантите на ИД го зазедоа Синџар во...

Работник пронашол артилериска граната во Битолско

Вчераутро, во Секторот за внатрешни работи Битола, работник пријавил дека пронашол артилериска граната со калибар од 75 милиметри, информираат од полицијата. Според пријавата, граната била пронајдена при изведување градежни работи на железничката пруга. Екипа на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола ја подигнала граната за понатамошна постапка.

Пронајдена малолетната штипјанка што беше пријавена за исчезната

Дванаесетгодишното девојче што вчера беше пријавено за исчезнато во полициската станица во Штип, е пронајдено, информира денеска МВР. Од полицијата не соопштуваат повеќе детали за тоа кога и каде било пронајдено девојчето. Девојчето беше пријавено за исчезнато вчераутро, од родител, кој рекол дека неговата ќерка во средата околу 14 часот заминала во непознат правец.

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...