fbpx
Таг: промоција

таг: промоција

АППТ: Туристите годинава потрошиле 64,7 милиони долари

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), соопшти дека туристите во Македонија во првиот квартал потрошиле 64,71 милиони американски долари што е повеќе за 26,5 проценти во споредба со истиот период лани. „Една од активностите што ги реализира АППТ во насока на промоција на Македонија во странски земји, беше интензивирана и реализирана преку строго таргетирање на маркетинг кампања која се...

Министерството за економија промовираше апликација „Посети ја Македонија“

Министерство за економија ја промовираше апликацијата „Посети ја Македонија“ (visitmacedonia). Министерот Крешник Бектеши изјави дека апликацијата ги следи светските трендови за дигитализација и иновации во туристичката промоција, а има за цел да го привлече вниманието на туристите, посебно на транзитните. „Нивната бројка не е за занемарување, само по Коридорот 10 низ нашата земја транзитираат во просек по 3,5 милиони туристи. Ако им...

Електричен автобус ќе сообраќа шест месеци на линијата „15“ во Скопје

Новиот електричен автобус, за кој Град Скопје пред неполни три месеци потпиша договор со израелската компанија „Чериот Моторс“ за пробно користење, од денеска во наредните шест месеци ќе сообраќа на линијата „15“. - Автобусот е направен во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус кој троши минимално количество електрична енергија и е опремен...

Анѓушев: Oсум нови компании влегоа во ТИРЗ со нула денари потрошени за промоција

Во изминатите месеци, осум нови компании влегоа во фаза на реализација на своите проекти во Технолошко-индустриските равојни зони (ТИРЗ), информираше денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. - Вкупно планираните инвестиции се околу 73,5 милиони евра и планирано е отворање на над 1.500 нови работни места во наредните години. А треба да знаеме дека сето тоа е направено со нула денари трошок...

Спасовски ги промовираше позорникарите во Куманово, а ги најави и во Битола и во Штип

За да имаме безбедни градови, безбедни населени места, безбедни улици мора да имаме полицајци кои ќе бидат во постојан контакт со граѓаните и на кои граѓаните ќе им се обраќаат за сите нивни потреби, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за време на денешната промоција на позорната служба или т.н. маалски полицаец во Куманово. Спасовски истакна дека позорната служба...

Тимоние: И новинарите и дипломатите мора да се борат за слободата на изразување

И новинарите, но и дипломатите имаат одговорност за демократијата и за борбата за слободата на изразување и во таа борба не смее да се молчи, порача амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние на денешната промоција на публикацијата „Слободата на изразување низ праксата на Европскиот суд за човекови права“ од д-р Мирјана Лазарова - Трајковска, која се одржа во Клубот на...

Заев најави стандардизација на македонскиот јазик и бесплатен пристап до Правописот и Толковникот

Премиерот Зоран Заев на Меѓународната научна конференција „Минатото на јазичниот свет денес и утре“ по повод отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, рече дека Владата искрено и силно е посветена да го негува и унапреди македонскиот јазик. Заев информираше дека во соработка со истакнати македонисти и експерти во областа, Владата веќе усвоила повеќе предлог-мерки што се насочени...

Полски новинари ја промовираат Македонија како туристичка дестинација

Петмина новинари од Полска ја посетија Македонија за да ги откријат убавините на земјата и да ја промовираат како туристичка дестинација помеѓу полските туристи. Новинарите, кои во Македонија престојуваа од 17 до 22 јули на покана и во органазија на „ТАВ Македонија“, ги посетиле Скопскиот и Битолскиот Регион, како и Охрид. - Имплементирајќи ја неодамнешната успешна маркетинг-активност со турските блогери за...

Заев до ракометарите: Вашиот успех е мотив Владата силно да го поддржи спортот

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со ракометарите на „Вардар“ кои го освоија првото место во Лигата на шампиони, со раководството на клубот, како и со претседателот и со претставници на Ракометната федерација на Македонија. Тој, од името на Владата, им врачи плакета за благодарност. „Вашиот успех е амбасадорска промоција на Македонија, не само во Европа, туку и во светот. Исто така,...

Охрид е на листата на градови што годинава треба да се посетат, според „Лонли планет“

Една од најголемите туристички компании „Лонли планет“ (Lonely Planet) објави листа на 10 градови во светот, кои треба да се посетат оваа година, а меѓу нив, на петто место е и Охрид. Според оваа листа, Бордо во Франција е прогласен за најдобар град на светот за патување за оваа година, на второто место е Кејптаун, додека третата позиција е за...

Офицерите и подофицерите на АРМ со нови униформи

Со церемонија во Домот на АРМ во Скопје, денеска Министерството за одбрана ги промовираше новите службени униформи за офицерите и за подофицерите на АРМ, кои од денеска ќе бидат во употреба. Униформите ги претстави министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој посочи дека службените униформи се македонски производ – производството на ткаенината и шиењето е извршено во Македонија. Набавката е реализирана...

СДСМ: Македонија е трета во Европа по најлоши резултати на преживување од рак

Европскиот здравствен индекс (ЕХЦИ), едно од најрелевантните истражувања за Европската комисија, за 2016 година покажа дека Македонија е трета во Европа по најлоши резултати на преживување на болни од малигни заболувања, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека, „10 години граѓаните болни од рак немаат достапни современи терапии.“ - За Никола Тодоров и за Никола Груевски беа...

Промоција на книгата „Македонскиот народ во Албанија“ од Спасе Мазенковски

Во организација на Иницијативата за семакедонско обединување од Прилеп, ќе се одржи промоција на книгата „Македонскиот народ во Албанија“, чиј автор е Спасе Мазенковски, интелектуалец, новинар од селото Леска во Мала Преспа, Албанија. Настанот е закажан за 18 часот, во градската библиотека „Борка Талески“, додека промотор е професор д-р Виолета Ачкоска. Книгата содржи повеќе податоци за етничките Македонци во Република Албанија,...

Промоција на проектот за граѓанско учество на УСАИД во Струга

Денеска, во хотел „Дрим“ во Струга, на јавна презентација ќе биде промовиран проектот за граѓанско учество на УСАИД. Целта на презентациите е да се информира граѓанското општество, јавниот и приватниот сектор, медиумите и општата јавност за целите на проектот и за можностите за грантови. Проектот за граѓанско учество е имплементиран од страна на „Ист вест менаџмент институт“ (East West Management Institute-ЕWMI),...

Вечерва промоција на документарниот филм „Танцот со пастрмките“

Вечерва, од 19 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде промовиран документарниот филм „Танцот со пастрмките“, на кој во изминативе неколку години работеа членови на Нуркачкиот центар „Амфора“, од Охрид. - Филмот е сниман пет години во водите на Охридско Езеро, за време на мрестот на пастрмката. По промоцијата на филмот, ќе следи и изложба на подводни фотографии. Собраните средства...

Промоција на романот „Ние сме лудаци“ од Сашо Кокаланов

Романот „Ние сме лудаци“ од Сашо Кокаланов ќе биде промовиран вечерва во клуб-ресторанот МКЦ во 20 часот. Промотори се Оливера Ќорвезироска, Сашко Насев и Ѕвездан Георгиевски, кои за романот ќе кажат дека е политичко-сатиричен, исконструиран и нестварен речиси колку и животот. Сашо Кокаланов (38) е новинар, драматург и романсиер. Пишува сатира и колумни за повеќе медиуми. Автор е на три романи: „Самецот“ (2003),...

Промоција на „Трофеј“ на Весна Петрушевска во Штип

Денеска напладне во спомен-собата на поетот Ацо Шопов во Дом на културата во Штип, ќе се одржи промоција на автобиографската книга на Весна Петреушевска – Бејби, насловена „Трофеј“. Издавачката куќа „Три“, делото на популарната актерка и водителка го најавува како неверојатно искрена и трогателна исповед, преку која Весна ќе ја запознаеме од различни аспекти на нејзината личност од минатото и...

Во Идризово промовирани 654 кандидати за полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово, денеска беа промовирани 654 кандидати за полициски службеници. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека овие вработени треба да се раководат од фундаменталните принцип на професијата, легализмот и од владеењето на правото. - Принципи, без чие што целосно почитување не е можно да се служат и да се заштитуваат граѓаните, оние заради кои воопшто...

Трајанов: Даштевски халуцинира, ако имаше следења кога бев министер, ќе ме лустрираа

На денешната промоција на едицијата на „Црните страници на УДБА - Историја што чека да биде откриена“, Александар Даштевски, еден од промоторите, говорејќи за следењата по осамостојувањето на Македонија во 1991 година, посочи дека овие активности продолжиле и во првите две години од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година, кога министер за внатрешни работи беше Павле Трајанов,...

Петровски, Даштевски и Михајловски ја промовираа едицијата „Црните денови на УДБА“

Денеска во Музејот на македонската борба беше промовирана едицијата „Црните страни на УДБА - Историја што чека да биде откриена“, во издание на Државниот архив на Република Македонија. Станува збор за, како што посочија издавачот и организаторот на промоцијата, материјал од 13.000 страници, во кои се поместени досиејата на видни личности од општествено-културниот живот, кои биле под лупата на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...