Индустрискиот промет на странските пазари во пораст, на домашниот со пад


Скопје, 16 јули, 2018 - 11:12 (META) 

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во првите пет месеци е зголемен за 12,4 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2018 година, во однос на истиот месец лани бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 9,3 проценти, капитални производи за 13,4  проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,1 проценти, додека опаѓање бележи кај трајни производи за
широка потрошувачка за 4,5 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање кај интермедијарни производи, освен енергија за 8,9 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 процент, додека пораст бележи кај каапитални производи за 8 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9 проценти.


Зголемување на прометот на храна, пијалаци и на тутун во трговијата на мало


Скопје, 31 јули, 2017 - 13:22 (META) 

Во трговијата на мало, во јуни годинава во однос на истиот месец лани, зголемување на прометот е забележано кај храната, пијалаците и кај тутунот за 6 проценти, како и кај горивата за автомобили за 8,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот во трговијата на мало е забележано во групата непрехранбени продукти, освен гориво, за 9,3 проценти.


„Црн петок“: Повеќе метеж отколку купување


Скопје, 25 ноември, 2016 - 14:50 (META) 

Продавници полни со претежно млади луѓе забележавме во „Сити мол“ по повод т.н. црн петок,  првиот ден по американскиот празник Ден на благодарноста.

Но, впечатокот е дека не владееше некоја голема купувачка треска и не забележавме дека граѓаните купуваат повеќе од вообичаено.

Ретки беа продавниците во кои се создаваше ред за наплата, а малкумина од тие што ги сретнавме носеа по неколку кеси купени производи. Метежот во продавниците и во ходниците беше малку поголем отколку што е вообичаено за викенд.

Граѓаните се жалат дека попустите не се големи и дека 20 проценти попуст на висока сума не е ништо.

– За разлика од кај нас, во трговските центри во соседството попустите се навистина големи, и до 80 проценти – вели еден граѓанин.

Попустот во продавниците се движи од 10 до 50 проценти, а намалувањето на цените на новите колекции е многу мало.

Продавачите не сакаа да откријат дали овој „црн петок“ имаат повеќе или помалку промет од истиот ден лани, а не сакаа да откријат ни дали метежот е поголем од тој за време на викенди.


Лани компаниите реализирале промет околу 17 милиони евра


Скопје, 17 ноември, 2016 - 13:02 (META) 

Лани, 54.431 деловен субјект во Македонија реализирале вкупен промет од 17.316.520 евра и созделе додадена вредност од 3.702.504 евра, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во истиот период тие вработиле 368.067 лица.

„Во споредба со 2014 година, бројот на претпријатија се зголеми за 1,3 отсто, а зголемување е забележано и во бројот на вработени за 4,2 проценти и додадената вредност за 6,8 проценти“, соопшти Државниот завод за статистика.


Прометот во индустријата е зголемен за 10,7 проценти за првите девет месеци во однос на лани


Скопје, 15 ноември, 2016 - 14:55 (META) 

Во првите девет месеци од годинава, прометот во индустријата во однос на истиот период лани бележи зголемување од 10,7 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар за истиот период е зголемен за 1,1 отсто, а прометот остварен на странските пазари е зголемен за 12,6 проценти.

Прометот во индустријата во септември во однос на истиот месец лани е поголем за 10,1 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во септември, во однос на истиот месец лани, бележи зголемување од 11,8 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи зголемување од 10 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај капитални производи за 34,1 отсто и кај трајни производи за широка потрошувачка за 20,9 проценти, додека опаѓање бележи кај интермедијарните производи, освен енергија, за 4,7 проценти и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,9 отсто.


Прометот во индустријата до август зголемен за 10,8 отсто во однос на лани


Скопје, 14 октомври, 2016 - 13:49 (META) 

Во првите осум месеци од годинава, прометот во индустријата во однос на истиот период лани е поголем за 10,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата во август годинава во однос на истиот месец лани е поголем за 4,1 отсто.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар за истиот период бележи зголемување од 8,4 проценти, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 15,8 проценти.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во август годинава, во однос на истиот месец лани, бележи зголемување од 8,3 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 14,3 проценти.


Индустријата со пораст од 10,4 отсто во првите 7 месеци годинава во споредба со лани


Скопје, 15 септември, 2016 - 15:13 (META) 

Во јули годинава во споредба со истиот месец лани, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи зголемување од 3,5 проценти, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 16,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Прометот од јануари до јули е зголемен за 10,4 проценти во однос на истиот период лани.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во јули во однос на истиот месец лани, бележи пораст од 13,5 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 13,1 отсто.


Се намалува прометот во индустријата на домашниот пазар


Скопје, 12 август, 2016 - 14:16 (META) 

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни во однос на истиот месец лани бележи опаѓање од 8,7 проценти, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи зголемување од 6,9 проценти покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, прометот во јуни во однос на истиот месец лани бележи пораст кај капитални производи за 21,5 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 11,5 проценти, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 8,8 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8 проценти.

Прометот во индустријата во првите шест месеци од годината во однос на истиот период лани е поголем за 9,9 проценти.


Прометот во индустријата во првиот квартал е поголем за 11 проценти во однос на истиот период лани


Скопје, 15 јуни, 2016 - 13:52 (META) 

Прометот во индустријата во првиот квартал од годината е поголем за 11 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата во април е поголем за 15,7 проценти во однос на истиот месец лани.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април годинава во однос на истиот месец лани бележи пораст од 4,8 проценти, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од  19,1 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во април 2016 година, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 19,7 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 17,3 проценти.


Се намалува прометот во индустријата на домашниот пазар


Скопје, 13 мај, 2016 - 13:29 (META) 

Во првите три месеци годинава прометот во индустријата е поголем за 9,3 проценти во однос на истиот период лани. Во март, пак, тој бележи пораст од 6,5 проценти во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар истиот период бележи опаѓање од еден процент, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од
8,6 проценти.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во март во однос на истиот месец лани бележи опаѓање од 9,2 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 7,2 проценти.