fbpx
Таг: производство

таг: производство

Мавровските хидроцентрали лани произвеле повеќе струја од планираното

Мавровските хидроцентрали минатата година произвеле 43 отсто повеќе електрична енергија од планираното. Според ХЕС „Маврово“, ваквиот позитивен биланс се должи на ревитализацијата на опремата и на објектите на трите мавровски хидроцентрали во Вруток, Равен и во Врбен. - Ние сега со помалку вода остваруваме зголемено производство на електрична енергија. Трошоците, пак, за одржување се намалени за 10 пати - изјави...

Рекордно производство во преработувачката индустрија

Преработувачката индустрија минатата година ја заврши со рекордно високо производство, најголемо во последните 20 години. Ова денеска беше соопштено на координативниот состанок на претставниците од оваа индустрија. - Бројките ќе ги почекаме до март, но од она што беше увидено на терен, ланската година беше многу подобра од 2014 година. Климата беше најдобра во последните пет години, така што земјоделските производи имаа...

Кина ја претрка Европската унија во производство на енергија од ветер

Кина ја претрка Европската унија и стана најголем регион во светот по производство на електрична енергија од ветар, благодарение на огромен број инсталирани ветерници, покажа најновиот извештај на Светскиот совет за енергијата од ветрот. Кина инсталираше половина од вкупно 63 гигавати нови ветерници изградени во 2015 година, така што сега поседува околу една третина од вкупната инсталирана сила на ветерниците. Тоа е...

„Тиквеш“ ја заокружи инвестицијата од 30 милиони евра во производство на сортно вино

Винарската визба „Тиквеш“ ја заокружи десетгодишната инвестиција од 30 милиони евра за производство на сортно вино. - Изминатите години во континуитет инвестиравме во подобрување на квалитетот на врвните вина. Го зголемивме и го осовременивме капацитетот на производство, инвестиравме во технологии, во лозови насади и во човечки ресурси – изјави директорот на винарницата „Тиквеш“, Игор Илиевски. И покрај тешките околности за бизнисот, тој најави 700.000 евра инвестиции...

Индустриското производство лани било поголемо за 4,9 проценти во однос на 2014 година

Индустриското производство лани било поголемо за 4,9 проценти во однос на 2014 година, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи зголемување од 4,9 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи зголемување од 11,7 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија,...

„Ван Хол“ ќе инвестира во втор производствен капацитет во Македонија

Белгиската компанија „Ван Хол“ ќе инвестира 15 милиони евра во нов производствен капацитет во следните четири години. Во втората инвестициска фаза, компанијата планира да го зголеми производството двојно, односно од 500 возила годишно на околу 900. - Воедно имаме и нов проект и покрај извозот во Америка и во Европа, сакаме да се фокусираме на извоз на нашите производи кон Израел - истакна...

Јакимовска: Нема забавување на активностите на компаниите

Потпретседателката на Советот на странски инвеститори и сопственик на компанијата „Комфи ангел“, Ирена Јакимовска, вели дека предизборниот период и најавата за можни избори во април не ги одвраќаат компаниите од планираните активности. - Нема забавување на производството, извозот и на работните процеси. Како Совет на странски инвеститори, за годинава имаме планирано дополнителни активности, како формирање на Асоцијација на компании од...

Ќе се обновува сливот на реката Струмица за да се намали ризикот од поплави

Сливот на реката Струмица ќе се обновува за да се намали ризикот од поплавите и загадувањето, информираше постојаниот претставник на програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон. - Проектот ќе работи со локалните власти на зајакнување на капацитетите за воведување на принципите на интегрално спречување и на контрола на загадувањето од индустријата, како и на воведување на најмодерните принципи, технологии...

Недоволната домашна и странска побарувачка го ограничуваат производството

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември годинава, во однос на претходниот месец, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а резервите на готови производи незначително сe зголемени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Оцената за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2015 година е поповолна во споредба со претходниот месец,...

Жичената ограда за јужната граница Македонија ја набавила од Унгарија

Жичената ограда со која се оградени и дополнително се оградуваат делови од македонско-грчката граница, поради мигрантската криза, Македонија ја набавила од Унгарија, објави хрватската државна телевизија ХРТ. Унгарците беа првите кои подигнаа жичена ограда на својата граница за да го спречат протекот на мигранти на нивна територија, а сега, како што јавува ХРТ, бодливата жица им е еден од најголемите...

Потрошувачката на енергија за 2016 година ќе се зголеми за 4 проценти во однос на годинава

Потрошувачката на енергија догодина ќе се зголеми за 4 проценти во однос на оваа година. Ова беше истакнато на денешната седница на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија, на која се разгледуваше енергетскиот предлог-биланс за 2016 година. - Во поглед на потрошувачката на енергенти, нафтените продукти остануваат со најголемо учество од 50 проценти, електричната енергија со 31 процент, биомасата со 9,2 проценти и...

Почна со производство фабриката „АРЦ Аутомотив Македонија“

Фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња „АРЦ Аутомотив Македонија“ денеска почна со работа во технолошко-индустриската развојна зона во Бунарџик. Инвестицијата изнесува 18 милиони долари, а инвеститор е американската компанија од автомобилската индустрија „Кап-кон аутомотив технолоџис“. Во новата фабрика се отворени 75 работни места, а инвеститорот најавува 400 вработувања. Компанијата ќе биде извозно ориентирана, со производи примарно за европскиот пазар. -...

Порачките и производството во преработувачката индустрија се поволни

Според оцената на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври 2015 година е за 0,8 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на октомври 2014 година е зголемен за 7 процентни поени, објави Државниот завод за статистика. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври годинава, во однос на претходниот месец, е поповолна,...

Недоволната побарувачка го ограничува обемот на производство

Според оцената на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2015 година е за 0,6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на септември 2014 година е зголемен за 6,2 процентни поени, објави Државниот завод за статистика. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември годинава, во однос на август...

Индустријата во август со пораст од 12 проценти во однос на истиот период лани

Индустриското производство во август 2015 година, во однос на август 2014 година, е поголемо за 12,7 проценти, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст од 18,2 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 8,4 проценти, а во секторот...

„Вистеон електроник“ ќе престане со производство во Македонија

Фабриката „Вистеон електроник Македонија“, претходно „Џонсон контролс“, си оди од слободната зона Бунарџик, потврдија од компанијата во соопштение до медиумите. Одговорната за комуникации на „Вистеон електроник“, Џона Кристенсен, објаснува дека компанијата планира да престране со работа во овие погони до крајот на 2016 година поради „вишок капацитети во европското производство на компанијата“. Во моментов, во компанијата преговараат со потенцијален купувач за можноста „трета...

Науници од САД тврдат: Правиме јаглеродни нановлакна од ЦО2 од воздухот

Американски научници тврдат дека откриле метод за добивање на јаглеродни нановлакна од јаглерод диоксид од воздухот. Како што пренесува „Би-Би-Си“, нивниот соларно напојуван систем користи електрична енергија од само неколку волти, која се спроведува во сад полн со врела, растопена сол, по што јаглерод диоксидот се апсорбира и нановлакната постепено се собираат на една од електродите. Со оваа метода, научниците во...

СДСМ: Продолжува нелегалното производство и продажба на забранет тутун

Со нечија заштита и одобрување во атарот на село Могила, во Пелагонија и оваа година се одгледува крупнолисен тутун од типот Вирџинија, кој е забранет во Република Македонија, велат од СДСМ. „Цената на овој нелегален тутун од килограм се движи и до 10 евра на светските пазари додека цената на легалниот тип орентален тутун којшто го произведуваат нашите тутунари изнесува...

Недостигот од квалификувана работна сила, го ограничува производството

Според оцената на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2015 година е за 1,7 процентен поен зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на јуни 2014 година е зголемен за 6,6 процентни поени. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2015 година, во однос на мај 2015 година, е поповолна,...

Се намалуваат извозот и бројот на вработени во металургијата

Индустриското производство во првите пет месеци од годинава, споредено со лани истиот период, бележи минорно намалување, но во мај е забележан поголем пад. Извозот и бројот на вработените во металската индустрија, исто така, се намалени. Производите и рудите на металите учествуваат со 18,9 проценти во вкупниот извоз, а таа бројка некогаш достигнувала и до 30 проценти. - Состојбите во челичната индустрија во...

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...