fbpx
Таг: Програмски совет на МРТ

таг: Програмски совет на МРТ

Медиумските реформи никако да стасаат на дневен ред кај политичарите

Ако ги прашате политичарите ќе кажат дека медиумските реформи сè уште не дошле на дневен ред, додека медиумските работници оценуваат дека нема политичка волја за независни регулаторни тела. По два распишани јавни конкурса, од кои еден поништен, трета година не може да се изберат нови членови на Програмскиот совет на МРТВ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни...

ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ: Изборот на органите во МРТ и АВМУ со просто мнозинство е ризичен

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) со загриженост го следат процесот за измена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, инициран од група пратеници на владејачкото мнозинство. Во овој предлог се бара изборот на членови на Програмскиот совет во...

Законски измени за Програмскиот совет на МРТ и Советот на АВМУ да се бира со 61 пратеник, опозицијата против

Собранието на РСМ на продолжението на 32-та седница треба да ги усвои измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по скратена постапка, кој пред пратениците се наоѓа на второ читање. Со законските измени предложени од група пратеници од владејачкото мнозинство се предвидува во иднина Собранието да ги избира членовите на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) и...

Владата ѝ додели на МРТ 90 милиони денари за програмски и технолошки развој, вработените добија К-15 за 2020 година

Македонската радио-телевизија (МРТ) на крајот од минатата година доби финансиски средства од Владата во висина од 90 милиони денари за програмски и техничко-технолошки развој, додека пак вработените од јавниот сервис добија К-15 за 2020 година. Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана пред новогодишната ноќ ги усвоил измените и дополнувањата на Финанскиот план на јавниот сервис за 2020 година, со...

МРТ со интерни огласи пополнува испразнети места, не може да добие дозвола за нови вработувања

Македонската радио-телевизија (МРТ) распиша 26 интерни огласи за вработените од оваа куќа во насока на пополнување на испразнети работни позиции и за унапредување на вработени во својата професионална кариера. Воедно, со ваквите огласи ќе се реши неправдата со оние професионалци кои се вработени со години наназад во МРТ, а кои со досегашната систематизација биле поставени на позиции кои не...

Пет години тапка во место реформата во МРТ

Спикерот на Собранието, Талат Џафери, неделава писмено го известил претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Костадин Костадинов, дека постапката за избор на новите членови на Програмски совет на Националната радио-телевизија и на членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиомедиумски услуги треба да се повтори од почеток од деловнички причини. Минатата недела Џафери за агенцијата...

МРТ усвои Правилник за вработување, унапредување и распоредување на вработените

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) на седницата одржана на 11 ноември 2020 година го донесе Правилникот за вработување, унапредување и распоредување на вработените во јавниот радиодифузен сервис. Со овој документ се уредува постапката по која ќе се врши изборот на нов кадар и искачувањето на повисоки работни места на постојниот кадар помеѓу давателите на услуги и помошно-техничките лица...

Владата реагира откако ЕК во Извештајот за напредокот на земјава побара реформи во МРТ

Владата на вчерашната седница го усвои заклучокот со кој се укажува на јавниот радиодифузен сервис со вклучување на сите засегнати страни и релевантни институции да утврди стратешки пристап за реформа на МРТ и одржливо решение за реструктуирање на долгот на јавниот радиодифузен сервис и за истото да ја информира Европската комисија, преку Секретаријатот за европски прашања, најдоцна до 30...

Извештај на ЕК: Државата да ги приоритизира реформите за финансиска стабилност и независност на МРТ

Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година упатува забелешки за неспроведување на реформите во Македонската радио-телевизија (МРТ). Во делот за слобода на изразување, ЕК нотира дека минатогодишните препораки остануваат на сила. Прва на листата е токму приоритизирањето на реформите во МРТ преку обезбедување на нејзината финансиска одржливост и независност, заедно со назначувањето на...

СДСМ со неколку ветувања за развојот на медиумската сфера во новиот мандат

Владејачката СДСМ пред изборите на медиумските организации јавно им вети брзо формирање на новите управувачки органи на Македонската радио-телевизија и на медиумскиот регулатор во рамките на медиумските реформи. Одговарајќи на јавно упатените прашања од страна на Здружението на новинари на Македонија и на другите новинарски и медиумски организации, СДСМ вети дека веднаш по заокружување на новото парламентарно мнозинство, целиот фокус...

Владата ветува развој на МРТ во новиот мандат, ќе го дозволи ли тоа собранискиот состав?

Изборот на новиот состав на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) во Собранието на РСМ е една од главните точки кои ќе покажат дали власта предводена од СДСМ и опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеале да изградат консензус во однос на важните општествени прашања во новиот четиригодишен собраниски мандат. Мандатот на актуелните членови на Програмскиот совет на МРТ им истече во...

МИОА ја одобри новата систематизација за дополнителни 460 работни места во МРТ

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) минатата недела ја одобрило новата систематизација на работните места во Македонската радио-телевизија (МРТ), предложена од Програмскиот совет на МРТ. Потпретседателот на Програмски совет, Ведат Мемедалија, вели дека новата систематизација е потпишана од државниот секретар на МИОА, Адем Авзиу и предвидува зголемување на бројот на вработените на јавниот сервис од сегашните 764 на...

Избран старо-новиот Надзорен одбор на МРТ со пет години мандат и по 400 евра плата

Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана на 6 февруари го избрал новиот Надзорен одбор на МРТ со мандат од пет години. Како што се наведува во одлуката објавена на веб-страницата на МРТ, мандатот на членовите на Надзорниот одбор на МРТ започнува на 5 март. Дел од избраните членови на Надзорниот одбор и досега членуваа во органот на јавниот...

Смилка Јанеска Саркањац: Неизборот на нов Надзорен одбор ќе предизвикаше блокада на работата на МРТ

По објавувањето на текстот на „Мета.мк“ „Програмскиот совет на МРТ со истечен мандат ќе си бира нови членови на Надзорниот одбор“, во јавноста се разви дилема дали навистина е тоа така. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побара повлекување на одлуката на Програмскиот совет на МРТ за распишување на конкурсот за избор на членови на Надзорниот одбор, додека од...

ЗНМ бара итна реконструкција во МРТ, а не кратење на средствата за јавниот сервис

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се јави со реакција по објавата на „Мета.мк“ за кратење на буџетските средства за 2020 година за јавниот радиодифузен сервис, во која укажува дека ваквата одлука на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е „опасен преседан'. „Со предвидениот буџет за 2020 година на МРТВ наместо 0,9 отсто од буџетот повторно ќе ѝ бидат...

Нема реформи, нема зголемен буџет – владата ѝ скрати на МРТ над 6 милиони евра

Раководството на Македонската - радио телевизија (МРТ) и владата имаат спротивни ставови околу околу висината на средствата што ќе ги добие јавниот радиодифузен сервис за 2020 година. А тоа, според МРТ ќе се одрази на платите на вработените. И покрај тоа што планираше од државата да добие околу 21 милиони евра, МРТ сега, преку новиот финансиски план објавен на...

ЗНМ бара да се поништи конкурсот за нови членови на Надзорниот одбор на МРТ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара да се повлече одлуката на Програмскиот совет на МРТ за распишување на јавен конкурс за избор на членови на Надзорниот одбор на јавниот радиодифузен сервис во услови кога мандатот на членовите на овој совет е истечен. „Мета.мк“ вчера објави дека на 17 јануари на веб - страница на МРТ е објавен јавен конкурс...

Програмскиот совет на МРТ со истечен мандат ќе си бира нови членови на Надзорниот одбор

Досегашните членови на Програмскиот совет на Македонската радио - телевизија (МРТ) распишаа јавен конкурс за избор членови на Надзорниот одбор на јавниот радиодифузен сервис. Органот на МРТ што треба да врши надзор над материјално - финансиското работење треба да биде избран од Програмскиот совет, којшто во моментов е со истечен мандат. Конкурсот за изборот на членови на Надзорниот одбор е...

Манчевски апелира членовите на Советот на МРТВ и на ААВМУ сами да си поднесат оставки

ВМРО-ДПМНЕ повеќе од пет месеци го блокира донесувањето на новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), а тоа го продолжи и денеска. Апелирам и членовите на Програмскиот совет на МРТ и на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги (ААВМУ) да поднесат оставка и да овозможат да се случат медиумските реформи, порача Министерот за информатичко...

ЗНМ бара да се прекине мандатот на членови на Советите на МРТ и на ААВМУ

Ако опозицијата продолжува да се однесува неконструктивно и со фиктивна амандманска расправа во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија го блокира донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за да ги заштити своите партиски војници, бараме собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата да утврди престанок на мандатот на тројца членови...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...