fbpx
Таг: програма

таг: програма

Царовска: Високи 95 отсто искористеност на Оперативниот план за вработување лани

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година има високи 95 проценти реализација, информираше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Со него биле опфатени вкупно 6,374 лица, од кои 3.359 или 53 проценти млади лица до 29 години. Царовска како посебно значајна ја потенцираше вклученоста на жените во активните...

Владата ја донесе програмата за намалување на аерозагадувањето

На својата редовна седница вчера, Владата ја усвоила Програмата за реализирање на Планот за чист воздух за 2019 година. Таа се заснова на четири компоненти: мерки за директно справување со причините за загадување, градење на јавната свест од предучилишна до пензионерска возраст, регулаторни промени неопходни за транзиција кон енергетски систем со ниска емисија и воспоставување платформа за координација и...

Тевдовски: Значаен прогрес во реформата на јавните финансии

Направен е значаен прогрес во реформата на јавните финансии. Законските решенија предвидени со Програмата за реформи во управувањето со јавните финансии (ПФМ) се или подготвени или во финална фаза на подготовка, додека истовремено се работи на оперативата и јакнење на капацитетите на институциите. Ова беше истакнато денеска на третиот ПФМ дијалог кој се одржа во Министерство за финансии, на кој...

Градот Охрид се откажува од новогодишната програма, поради смртта на Стојаноски

Градот Охрид информира дека се откажува од реализација на новогодишната програма, освен за најмладите кои ќе настапат на градскиот плоштад. „По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, ве информираме дека се отажува годинешното издание на проектот кој стартуваше минатата година „Од 20-ти до 20-ти - сите во Охрид“ кој требаше да трае од 20 декември 2018 до...

Силна поддршка за малите и средни фирми со Програмата за економски реформи 2019-2021

Подобрување на деловното окружување, зголемување на конкурентноста, намалување на невработеноста и создавање инклузивно општество, предвидува Програмата за економски реформи 2019-2021. Во Министерството за финансии беше одржан работен состанок помеѓу институциите кои ги спроведуваат реформите, невладиниот сектор и експертската јавност. Финалниот документ Владата има обврска да го достави до Европската комисија до 31 јануари 2019 година. Според последниот Извештај, Македонија има постигнато...

Општина Прилеп ќе формира претпријатие за гасификација

Општина Прилеп ги интензивира активностите за гасификација на градот. На последната 20 седница на Советот е донесена одлука, Општината да биде основач на Jавно претпријатие за енергетски дејности „Енерго Прилеп“. Ова јавно претпријатие ќе се грижи за реализација на проектот за гасификација на градот. „Постапката за формирање на јавно претпријатие е подолга, во периодот кој претстои ќе имаме обврска да...

МЗШВ работи на интервентна мерка за откуп на јаболката

Поради временските непогоди, оваа година забележана е поголема количина на индустриско јаболко, кое не може целосно да биде преработено во преработувачките капацитети, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Затоа, како што велат од МЗШВ, за регулирање на оваа состојба и постигнување рамнотежа на пазарот, била подготвена интервентна мерка која ќе биде дискутирана на следната владина седница и финализирана до...

Започна исплатата на првите договори од европската ИПАРД 2 програма

Од денска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој започна со првите исплати за финансиските средства од договорите склучени со последниот повик за програмата ИПАРД 2. Преку ИПАРД 2 до денеска се склучени рекордни 898 договори во вкупна вредност на побарувани средства од 15,6 милиони евра, од кои 11,7 милиони евра се од европските фондови. Се очекува вкупната...

Бесплатно лекување и за лица до 18 години од семејства корисници на социјална помош

На денешната 68. седница на Владата, е донесена програмата за измени и дополнувања на Програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) која што покрај пензионерите ќе ги опфати и лица до 18 годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош за 2018 година. Исто така, на денешната седница на предлог на Министерството за транспорт...

Промовирана програмата за одбележување на 1.000 години Охридска архиепископија

Низа културни и спортски настани ќе се случуваат во периодот од мај до декември во чест на одбележувањето на милениумскиот јубилеј „1.000 години од формирањето на Охридската архиепископија“, беше истакнато на денешната презентација на програмата во Охрид. „Во програмата има културни, научни, уметнички како и спортски настани, издавање на публикации кои ќе наидат на голем интерес кај граѓаните, настани кои сметаме...

Годишната програма за вработување ги опфаќа младите и социјално ранливите лица

Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и УНДП денеска потпишаа договор за Годишната програма за вработување 2018, за која се предвидени 8,3 милиони долари. Премиерот Зоран Заев рече дека се таргетирани 16.259 лица, но најголем бенефит ќе имаат младите бидејќи имат можност да конкурираат за работни места со плата во износ поголем од 18.000 денари. Постојаната амбасадорка на...

Ден на жалост во Русија, поради пожарот во Камерово во кој загинаа 64 лица

Во Русија денеска е прогласен ден на жалост, поради жртвите во пожарот во сибирскиот град Камерово, во кој загинаа 64 лица, од кои 41 деца. Руските знамиња ќе бидат спуштени на половина копје, а културните институции и медиумите ќе прекинат да емитуваат забавни содржини. Пожарот избувна во неделата на 25 март, во трговскиот центар „Зимска вишна“. За сега причината за пожарот не...

Лични асистенти ќе им помагаат на лицата со попреченост во секојдневните активности

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата на денешната седница ја усвои Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2018 година, информираат од МТСП. Оваа услуга се воведува првпат во Македонија и е целосно финансирана од буџетот. „Со оваа програма ќе се обезбеди персонална асистенција за 100 лица на возраст од 18 до 64 години, кои...

Владата предвидува 16 милиони евра за намалување на невработеноста

За Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување кој беше усвоен вчера на 56. владина седница, предвидени се околу 16.260.163 евра и вработување на околу 9.511 лица, односно повеќе од 16.000 лица преку услугите кои ги дава Агенцијата за вработување, појасни денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа додаде дека, предвидена е поддршка за самовработување...

Груби на конференција во Софија за бугарското претседавање со ЕУ

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, од 20 до 22 јануари 2018 година, ќе учествува на конференција на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки и на земјите-кандидати за членство во Европската Унија - КОСАК, во Софија, Бугарија. На конференцијата, како што информираат кабинетот на Груби, ќе стане збор за програмата и приоритетите на бугарското...

Трамп: Американскиот судски систем е неправеден

Претседателот на САД, Доналд Трамп го критикуваше американскиот судски систем велејќи дека тој е неправеден. Трамп ова го изјави по одлуката на судот во Сан Франциско привремено да го блокира неговиот план за укинување на програмата која ги штити младите имигранти од депортација. „Тоа само покажува колку нашиот судски систем e скршен и нефер“, напиша Трамп на „Твитер“. Американскиот окружен судија...

Блокирана одлуката на Трамп за укинување на програмата за помош на младите имигранти

Американскиот судија Вилијам Алсап синоќа привремено ја блокирал одлуката на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп за укинување на програмата која ги штити младите имигранти од депортација. Како што пренесуваат светските агенции, Алсап го одборил барањето на сојузната држава Калифорнија и на другите тужители да се спречи укинувањето на програмата која ги штити децата кои со родителите илегално дошле...

Бугарскиот амбасадор на 15 јануари во Собранието ќе ја презентира програмата за ЕУ

Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Великов Петков, на седница закажана за 15 јануари пред собраниската Комисија за европска прашања ќе ги презентира програмата и приоритетите на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија. Инаку, Бугарија претседавањето со ЕУ во следните шест месеци ќе го посвети на четири приоритети - иднината на Европа и младите луѓе, Западен Балкан, безбедноста и...

Германската влада со финансиска поддршка за Македонија во висина од 9 милиони евра

Aмбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих и министерот за финансии, Драган Тевдовски ја потпишаа спогодбата помеѓу владата на Македонија и владата на СР Германија, за финансиска соработка во висина од девет милиони евра. Спогодбата опфаќа реализација на два клучни проекти, Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар фаза 2 и Програмата за водовод и канализација фаза 2,...

Царовска: Направени се законски измени за поголеми права на лицата со попреченост

На одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, рече дека се направени законски измени за поголеми права на лицата со попреченост, како што е персоналната асистенција. - Долги години сме сведоци дека нашите сограѓани кои се соочуваат со попреченост беа дискриминирани, немаа пристап до соодветни здравствени и образовни услуги и немаа пристап...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...