!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

СДСМ: Иванов да го прекине самоволието


Скопје, 19 април, 2017 - 18:42 (META) 

„Иванов ќе добие и официјално известување од новиот собраниски претседател дека е демократски формирано легитимно парламентарно мнозинство и дека мора да постапи согласно Уставот и волјата на граѓаните и да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да ја формира новата влада“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да го додели мандатот сè додека не се отстранат правните и политичките пречки.

Според СДСМ, Иванов ќе мора да го прекине „самоволието“, бидејќи секое дело спротивно на државните интереси е противуставно и казниво.

„Веќе постои и програма на новата реформска влада на унитарна Македонија, така што се исцрпуваат сите досегашни неразумни оправдувања на Иванов со кои тој ги штити криминалните интереси на Никола Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, наместо граѓанските и државните интереси“, се вели во реакцијата на СДСМ.


Два филмски фестивали ќе се одржат во Штип неделава


Штип, 18 април, 2017 - 10:30 (META) 

Штип неделава ќе биде дoмаќин на два филмски фестивали. Вечерва во Домот на млади ќе гостува филмскиот планински фестивал „Ехо“, со програма која е селекција од најдобрите и наградувани филмови на фестивалот, што лани во октомври се одржа во Скопје.

Филмовите изобилуваат со убавините на планината, зборуваат за планинарите, искачувањата и за слободата. Фестивалот го организираат Дом на млади од Штип и Форумот за креативна авангарда.

В среда и в четврток, 19 и 20 април, ќе гостува Филозофскиот филмски фестивал и во мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“, ќе бидат прикажани вкупно шест филмови.


СДСМ: Груевски нема право да нуди 51 избран пратеник како да се негова лична своина


Скопје, 17 април, 2017 - 10:17 (META) 

„Груевски нема право да нуди 51 избран пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како да се негова лична своина. Прво, парламентарно мнозинство веќе постои и тоа никој не го бара од него. А, и дали некои од опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе најдат здрав разум и ќе ги поддржат реформите по формирањето на новата реформска влада, исто така не зависи од Груевски“, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ.

Во него се додава дека граѓаните не сакаат повеќе памлети и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се помири дека таканаречениот манифест може биде дел само од нивните витрини.

„Постои програма на новата реформска влада што е единствен валиден документ за граѓаните и кој им обезбедува квалитетен живот на сите, во правна држава, унитарна, со евроатлантски перспективи“, се додава во соопштението.


СДСМ: Мора да проработи здравиот разум наместо нафтата на Мијалков


Скопје, 4 април, 2017 - 10:02 (META) 

Ѓорге Иванов да овозможи мирен трансфер на власта, наместо да штити криминалци, стои во утринското соопштение на СДСМ, од каде велат дека се потврдило „сценариото на Иванов и Никола Груевски за блокада на демократските процеси, поради криминални интереси“.

„Здравиот разум мора да проработи наместо нафтата на Мијалков. Слушнаа граѓаните дека шест милиони евра потрошил братучедот на Груевски, Сашо Мијалков во јануари и во март за да купи депо за нафта. Додека луѓето протестираат надвор, Мијалков ја купува „Ом петрол“, чиј управител е неговиот син! Протестите и блокадата на Собранието на Мијалков и Груевски се со цел да го шират богатството од нафтени складилишта и од повеќе бензиски пумпи. Цела домашна и меѓународна јавност гледаат што се случува! Никаков патриотизам не е во прашање – криминали се во прашање!

Од партијата потенцираат дека поради ова лидерите и институциите на Европската Унија, преку претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, побараа демократски начела, пристојност и здрав разум од Ѓорге Иванов.

„Никој не смее да го кочи заедништвото, кое е јасно нагласено и за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО. Интергациите во Европската Унија и НАТО се стратешки определби на граѓаните и на Република Македонија. Реформските процеси се врвен приоритет во програмата на новата реформска влада на унитарна Македонија, која што обезбедува владеење на правото и квалитетен живот во едно општетство за сите граѓани. За заедништво, промени и правда се изјаснија над 700.000 граѓани на Македонија, чиишто гласови се преточени во 67 пратенички мандати“, велат од СДСМ.


СДСМ: Документ веќе има, Груевски може да се подготви единствено за опозиција


Скопје, 19 март, 2017 - 20:57 (META) 

Никола Груевски може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со правдата, ефектите од неговите документи граѓаните ги почувствуваа, се вели во реакцијата на СДСМ на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за „Канал 5“.

– Сега, пред целата домашна и меѓународна јавност има конкретен документ зад кој стојат околу 700.000 граѓани на Македонија. Тоа е програмата на новата реформска влада на унитарна Македонија, која гарантира квалитетен живот за сите граѓани, правда за сите, заедништво и реформи за евроатланските интеграции. Таа програма го разобличува Груевски и тоа го потресува, бидејќи му ги одзема сите лажни вести – стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека Груевски мора веднаш да се повлече од насилната реторика, да престане да шири немир и поделби кај граѓаните за непостоечки теми и да ги малтретира луѓето да ги бранат неговите криминали.

– Тоа што тој го прави е неговата паника и хистерија пред соочувањето со одговорноста. Македонија мора да оди напред. Ќе има продолжение на конститутивната седница на Собранието, нов претседател на Собранието, мандат за составување влада и нова реформска влада. Така избраа граѓаните и тоа Груевски повеќе не може да го спречи – велат од СДСМ.


СДСМ: Груевски мора да се вразуми и да овозможи мирен трансфер на власта


Скопје, 18 март, 2017 - 12:15 (META) 

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да се вразумат, да прифатат дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ нагласуваат дека мнозинството граѓани на 11 декември минатата година, со 700.000 гласови гласале за промени, а против „милионските криминали и злоупотреби и против системското уништување на судството, медиумите, образованието и здравството“.

„Граѓаните гласаа за реформи, гласаа за повеќе пари во секое семејство преку зголемување на минималната и просечната плата, преку поврат на 15 отсто ДДВ, преку укинување на радиодифузната такса и враќање на евтината тарифа на струјата. Граѓаните гласаа за квалитетни јавни услуги, квалитетно образование и здравство. Ова се приоритетите содржани во програмата на новата влада на Република Македонија. Тоа е единствениот реален документ кој ги гарантира промените и животот за сите граѓани еднакво, во унитарна и суверена Република Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.

Оттаму велат дека ова може да го види целата домашна и меѓународна јавност, освен Никола Груевски и „криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои во обид да се спасат од одговорност прават поделби и шират омраза меѓу граѓаните, и за тоа злоупотребуваат дури и деца“.


Мицкоски: Гасификацијата ќе чини 150 милиони евра


Скопје, 15 март, 2017 - 16:21 (META) 

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ досега ја изгради примарната гасоводна мрежа од Клечовце до Штип. Магистралниот гасовод  Штип – Неготино е во напредна фаза на изградба и се очекува да заврши до крајот на оваа година“, изјави денеска на прес-конференција членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека во фаза на изградба е магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар.

– Во програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ е предвиден магистралниот гасовод Штип – Хамзали – Струмица – Гевгелија, како и ред други делници, за кои мнозинството граѓани на последните парламентарни избори дадоа поддршка. Но, СДСМ со своето деструктивно однесување го попречува реализирањето на овие проекти, од кои директна корист ќе имаат граѓаните – изјави Мицкоски.

Тој истакна дека дополнително, покрај примарната гасификација, огласите за изградба на секундарниот и на терцијарниот гасовод преку јавно-приватно партнерство се објавени во јавните гласила.

– Со тоа почнува процесот на секундарна и на терцијарна гасификација во Македонија, која се очекува да чини околу 150 милиони евра. Ќе бидат опфатени 17 општини во Скопскиот Регион, 36 општини во Источниот Регион и 26 општини во Западниот Регион – изјави Мицкоски.


Заев на средба зо Јазбец: Oчекувам да биде избран новиот претседател на Собранието


Скопје, 15 март, 2017 - 14:01 (META) 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец, при што разговарале за процесот за формирање нова влада во Македонија.

Заев го информирал амбасадорот Јазбец за обидите од страна на Иванов и на Груевски за продлабочување на политичката криза во Македонија, како и за посветеноста на СДСМ за скорешна институцонална разврска на кризата.

– Ја објавивме програмата на новата реформска влада за унитарна, суверена Република Македонија, којашто ќе биде посветена на економијата, социјалната кохезија, владеењето на правото, што е интерес на сите граѓани. Планираме да ја тргнеме секоја пречка за изговор од Ѓорге Иванов околу доделувањето на мандатот. Во таа насока, очекувам во следниот период во Собранието да биде избран новиот претседател на парламентот, кој ќе испрати допис до Иванов дека е формирано парламентарното мнозинство и дека почнува да тече уставниот рок од 10 дена за доделување на мандатот за формирање на новата влада – изјавил Заев.

Заев и Јазбец констатирале дека е неопходно да продолжат демократските процеси во Македонија по веродостојните избори, во насока на силна посветеност на реформските процеси што обезбедуваат евро-атлантска перспектива на државата, а со тоа и квалитетен животен стандард за граѓаните и стабилност и безбедност на Република Македонија.


СДСМ: Ако е за унитарност, ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи програмата на новата влада и СЈО


Скопје, 14 март, 2017 - 13:00 (META) 

Ги повикуваме Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, ако се за унитарна, суверена Македонија во која функционира правдата, јасно да ја поддржат програмата на новата влада на Македонија и работата на Специјалното јавно обвинителство, да ја прифатат новата реалност дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека „Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се подготвени за заштита на своите криминално стекнати богатства и обид за бегство од одговорноста, да ги вознемируваат граѓаните со лаги, да поттикнуваат насилство и омраза, да молат да бидат дел од владата“.

– Македонија не смее и нема да дозволиме да биде внесена во безбедносна криза само затоа што Груевски не може да прифати дека околу 700.000 граѓани, односно 67 пратеници дадоа поддршка за состав на новата влада на претседателот Зоран Заев. Неопходно е Иванов да не се води од криминалните интереси на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, туку од интересите на граѓаните и на Република Македонија и веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска влада – се додава во соопштението на СДСМ.


СДСМ: Програмата на новата влада ја гледаат сите, освен ВМРО-ДПМНЕ


Скопје, 11 март, 2017 - 14:39 (META) 

Единствената реална платформа што ја гледа целата домашна и меѓународна јавност е програмата на новата реформска влада, која содржи мерки за основните потреби на граѓаните и ја гарантира унитарноста на државата, стои во реакцијата на СДСМ на изјавите од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено ВМРО-ДПМНЕ има потреба да се преправа дека не ја гледа програмата на новата влада, затоа што раководството на партијата има потреба да ја продлабочува политичката криза. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ неуспешно се залажува дека на тој начин може да го заштити криминално стекнатото богатство и да се спаси од одговорност за тоа“, велат од СДСМ.