!На 1 февруари 2017 година, завршува промотивниот период на слободно користење, без регистрација и без претплата, на содржините на „Мета“, кое беше воведено за да им овозможиме полесен пристап на корисниците до навремени и проверени вести. За начинот на пристап и за претплата, од 1 февруари 2017 година ќе информираме дополнително. При пренесувањето и преземањето на содржините од „Мета“, задолжително е атрибуирање и линкување.

Светска банка предвидува пораст на македонската економија од 3,3 проценти годинава


Вашингтон, 11 јануари, 2017 - 15:48 (META) 

Домашниот бруто-производ (БДП) на Македонија ќе се зголеми 3,3 проценти оваа година и 3,7 проценти следната година, предвидува Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните перспективи.

Овие прогнози на Светска банка за македонската економија се пониски од јунската прогноза лани, кога се предвидуваше пораст на економијата од 4 проценти.

Светска банка за глобалната економија годинава предвидува пораст од 2,7 проценти, што е исто така намалување во однос на јунската прогноза, кога се предвидуваше дека економијата ќе се зголеми за 2,8 проценти.

Светска банка ја задржа својата прогноза за САД од јуни, за пораст на економијата од 2,2 отсто, а за Русија и за Бразил очекува да излезат од рецесија.


Сончево и студено време


Скопје, 19 декември, 2016 - 9:16 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево и ведро. Во западните делови од земјава ќе има мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе биде под нулата, а дневната ќе се движи од 4 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време со минимална температура до минус 10 Целзиусови степени и дневна до 4 степени.

 


ЕБРД ја намали проекцијата за порастот на домашниот БДП од 3,2 на 2,1 отсто


Лондон, 4 ноември, 2016 - 9:53 (META) 

Европската банка за реконструкција и за развој (ЕБРД) ја намали прогнозата за Македонија за порастот на домашниот бруто-производ (БДП) на 2,1 отсто од 3,2 проценти проектирани во мај, што е резултат на влијанието на политичката криза во државата.

„Во 2016 година голема е веројатноста да има значителен пад на БДП на 2,1 отсто, но веројатно ќе се врати на 3 проценти во 2017 година кога ќе се продолжи со инвестициите и со стабилната потрошувачка“, се вели во последниот регионален извештајот на ЕБРД за економски просперитет на државите.

Во мај банката прогнозираше дека порастот на БДП на земјава ќе се движи од 3,2 до 3,5 процнети.

Во извештајот, исто така, се вели дека на 11 декември ќе се одржат избори кои ќе влијаат на завршување на политичката криза, која, како што се наведува, трае од јануари 2015 година.

Вчера и Народната банка во своите октомвриски макроекономски проекции излезе со предвидување за пораст на БДП на 2,3 проценти.


Грејната сезона може да почне порано од 15 октомври


Скопје, 29 септември, 2016 - 14:24 (META) 

Дистрибуција на топлина „Балкан енерџи“ од 1 октомври ќе почне со секојдневни ладни проби на системот за топлинска енергија, а целта е да се подготви и да се провери целосно системот за топлинска енергија за претстојната грејна сезона, информираат од компанијата.

– Имајќи предвид дека доколку се случи пад на температурата, грејната сезона може да почне порано од 15 октомври, проверката на системот преку ладните проби ќе овозможи навремено отстранување на сите евентуални пречки што ќе се појават во текот на овие проверки – велат од Дистрибуција на топлина „Балкан енерџи“.

Според последните податоци за временската прогноза, во текот на следната недела се очекува значаен пад на температурата.

Од компанијата ги повикуваат потрошувачите навреме да ги завршат почнатите интервенции во внатрешната инсталација, да обезбедат непречен пристап за екипите на компанијата до топлинските станици и постојано напојување со електрична енергија на топлинските станици, со што ќе се овозможи нивно непречено функционирање.


ММФ прогнозира пораст на македонската економија од 3,6 отсто за годинава


Вашингтон, 14 април, 2016 - 14:42 (META) 

Економскиот пораст во Македонија оваа и следната година ќе достигне 3,6 проценти, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата најнова проекција објавена на Пролетните средби на оваа финансиска институција и на Светска банка во Вашингтон.

Во однос прогнозата за глобалниот пораст, ММФ ја намали од 3,4 на 3,2 отсто.

На Пролетните средби на ММФ и на Светска банка, кои неделава се одржуваат во Вашингтон, присуствува делегација на Народна банка предводена од Димитар Богов.


Времето променливо облачно со температура до 21 степен


Скопје, 29 септември, 2015 - 9:10 (META) 

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во северните делови ќе има услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 14 Целзиусови степени, а највисоката дневна ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје се очекува променливо облачно време, со кратки сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 13 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.


Сончево со мала облачност


Скопје, 22 јули, 2015 - 9:37 (META) 

Времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 Целзиусови степени, а дневната до 32 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб ветер од севрозападен правец.

Утринската температура ќе биде околу 21. Целзиусов степен, а дневната ќе достигне до 38 степени.