fbpx
Таг: проекти

таг: проекти

Бектеши и Шаровиќ договориле економска соработка меѓу Македонија и БИХ

Министерот за економија на Македонија, Крешник Бектеши, и министерот за надворешна трговија и економски односи на БИХ, Мирко Шаровиќ, на средбата во Сараево иницирале преговори за склучување договор за економска соработка помеѓу двете земји. Босна и Херцеговина е единствената земја од регионот со која Македонија нема потпишано ваков договор. - Босна и Херцеговина во последните неколку години е меѓу првите 20...

ВМРО-ДПМНЕ: Обврските што не се доспеани за наплата, Владата ги прикажува како долг

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, недозволиво се обидува недоспеани обврски на државата да ги брои во долгови, само за да манипулира со бројките и да му удоволува на својот лидер и на партиските интереси, изјави на прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека Зоран Заев од ракав кажувал бројка дека централната власт има скриен долг од една милијарда евра,...

90 проценти од компаниите имаат потреба од странски експерти

90 проценти од домашните претпријатија повторно би аплицирале на проектот „Странски експерти за домашни компании“, поддржан од швајцарската и од други амбасади, информираат од Владата каде што беше промовиран третиот јавен повик за проектот „Странски експерти за домашни компании“. „Суштината на овој проект е да се пренесат искуствата од странски експерти во македонските компании за да се примени нивото на новите технологии...

Либански компании презентирале проекти за енергетиката и за туризмот

Претставници на либански компании во Македонија, на средбата со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, презентирале неколку потенцијални инвестициски проекти од енергетиката, со посебен фокус на обновливите извори на енергија, туризмот, лесната индустрија и од областа на мултимедијално рекламирање. „Владата е отворена за странски инвестиции, добродојдени се нови инвеститори кои ќе донесат иновации, современи технологии и производи со повисока додадена...

Анѓушев уште еднаш ги повика ЕЛЕМ да го сопрат објавувањето јавни повици

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, уште еднаш го повика раководството на АД ЕЛЕМ, веднаш да го запре објавувањето на јавните повици со проценета вредност од 80 милиони евра, за да се избегне штета на државниот и на буџетот на компанијата. „Наспроти укажувањето од Владата, раководството на ЕЛЕМ, најпрвин во петокот, на 15 јуни, објави јавен повик за набавка на рударска опрема...

Превозниците од Заев ќе бараат осигурување, лиценци и регулирано работно време

Превозниците веќе доставиле барања за средба со претставници на новата влада, односно со премиерот, министерот за транспорт и врски и министерот за финансии, вели за „Мета“, Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“. Таа вели дека од нив ќе побараат што е можно побрзо да се завршат измените во Законот за работно време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите...

Бектеши: Еднакви услови за домашните и за странските компании

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска одржа работна средба со Пинто Рикардо, кој е тим-лидер на проектот за ревизија на индустриската политика 2009-2020 година во Македонија. На средбата министерот Бектеши беше информиран за анализата со која ќе бидат идентификувани индустриските сектори што имаат потенцијал за економски развој и за зголемување на извозот, а ќе биде изработена во рамки на проектот, во...

Министерот за финансии, Тевдовски се сретна со претставници од Светска банка

Министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска се сретна со претставници на Светска банка предводени од директорот за Македонија и Косово, Европа и Централна Азија, Марко Мантованели. На средбата, како што соопштуваат од Министерството за финансии, бил афирмиран партнерскиот однос на Македонија со Светска банка, била разгледана состојбата на тековните проекти, како и можностите за идна соработка. Почнувајќи од 1993 година, Светска банка е...

ВМРО-ДПМНЕ: Довербата кон граѓаните ја црпи од легитимно добиените избори

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија која се грижи за своите граѓани и која довербата кон граѓаните ја црпи од легитимно добиените избори и како таква резултира со многубројни мега-проекти кои ги ветивме и веќе се реализираат, стои во редовното утринско соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Додека ВМРО-ДПМНЕ реализираше проекти за добробитот на граѓаните, Зоран Заев единствено ги следеше стапките и наредбите на...

УСАИД финансира 27 проекти за развој на економијата и на демократијата во Македонија

Американската развојна агенција УСАИД во Македонија во моментот финансира вкупно 27 проекти, посветени на економскиот развој, демократијата и на развојот на општеството. Како и во изминатите 25 години, колку што УСАИД работи во Македонија, проектите се реализираат во блиска соработка со приватниот сектор, владата и со граѓанските организации. Ова денеска во Штип, пред присутните во Американското катче, го објаснуваше Едвард...

Експертите на УНЕСКО ја почнаа контролата на проектите во Охрид

Група експерти на УНЕСКО од денеска се во Охрид каде што вршат увид на повеќе проекти што се во тек или кои се планирани да се реализираат. Експертите на УНЕСКО најпрво го посетиле Националниот парк Галичица, каде разговарале со раководството на јавната установа, но и со претставници на владата. Неофицијално, во НП Галичица се врши увид во однос на два проекти планирани...

Општините Новаци и Алмопија ќе го развиваат туризмот со пари од ЕУ

Завршната конференција на проектот „Жива историја - живо наследство“ ќе биде организирана во општинската сала на Општина Новаци, утре во 12 часот. Проектот, кој чини 293.036 евра, е финансиран од Европската Унија во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција. Целта на овој проект е да се зајакне соработката помеѓу општината Новаци и грчката општина Алмопија, за да...

Јапонската влада додели грантови за шест проекти во висина од 368.626 евра

Јапонската влада додели грантови од 368.626 евра за шест проекти во Македонија, во рамките на програмата „Грант-помош за поддршка на мали проекти“(ГГП), основана од Владата на Јапонија. Тојоказу Кубота, в.д. амбасадор во Амбасадата на Јапонија во Скопје рече дека ова е најголемата сума во последните десет години што е издвоена за ГГП во Македонија за една година. - Убедени сме дека...

Илијовски: Боемска улица која чини 710.000 евра е оштетена и е со најмногу возила

Мрзеливиот Жерновски преуреди улица од 270 метри која чини неверојатни 710.000 евра. Секој еден метар од оваа втора Боемска улица чини 2.629 евра. Како што можете да видите, не се ова златни плочки, туку обичен бехатон, изјави на прес-конференција претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар и советник во Општина Центар, Илија Илијовски. Тој истакна дека „и за втората Боемска улица од...

Две струшки училишта добија средства за проекти за меѓуетничка интеграција

Основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Гоце Делчев“ од Струга, по доставена програма, добија средства од Министерството за образование и наука за проекти од областа на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во образованието. Заради зајакнување и поддршка на активностите што придонесуваат за развој и за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во образованието, МОН направи измени во Законот за основно образование и...

СДСМ: Охрид окован во мраз, а ВМРО-ДПМНЕ преповторува ветувања стари четири години

Во услови кога сите магистрални и регионални патишта кон Охрид останаа непроодни и неисчистени од снегот, а власта секоја година, на три фирми им дава 1,5 милион евра народни пари, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, без никаков срам, уште еднаш, лажејќи ги охриѓани, ги повторуваат ветувањата од 2013 и 2014 за нови проекти. Со ваква реакција, се огласија од СДСМ,...

Ахмети апелира до Албанците да не гласаат за помалите партии

Демократската унија за интеграција (ДУИ) работи на подобрување на животниот стандард и на создавање силни албански кадри, кои на правилен начин ја водат државата, истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на вечерашниот митинг на партијата во Теарце. - Предизборната кампања ја почнав во Липковско. Лично се уверив во проектите што ги остварила ДУИ. Во Липково има амбуланта, порано немаше. Го посетив...

Ахмети: Без ДУИ нема да функционираат ниту владата, ниту законите

Демократската унија за интеграција е најлегитимната партија што ги претставува Албанците и која најмногу придонела за промена на нивната нова историја, нагласи лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на вечерашниот митинг во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, каде партијата ја презентираше платформата „Заедно одлучуваме“. Ахмети истакна дека очекува ДУИ да победи на изборите на 11 декември, бидејќи без оваа партија...

Груевски од Тетово: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи затоа што има квалитетна и реална програма

Победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 11 декември е јасна бидејќи произлегува од сиот минат труд и од квалитетот и од реалноста на новата програма на партијата и на коалицијата, порача лидерот на владејачката партија и носител на листа во изборната единица 4, Никола Груевски, на вечерашниот митинг во Тетово. - Победата е изработена со сите проекти и дела кои...

Груевски во Неготино вети дека сите села ќе станат слободни економски зони

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот во Неготино порача дека на 11 декември народот ќе избере политичари кои се борат за целосна, суверена и независна Македонија. Тој го обвини претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека заговара кантонизација, двојазичност на цела територија и рекомпонирање на државата. Груевски вети повеќе проекти од областа на образованието, здравството, земјоделството, меѓу кои и изградба на агро-пазар кој...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...