fbpx
Таг: проект Скопје 2014

таг: проект Скопје 2014

Поднесено обвинение против Здравев за спомениците од Скопје 2014, Груевски куртули

Против поранешниот претседател на Советот нa oпштина Центар, Владимир Здравев, неговиот брат, нивната мајка и двајца управители на фирми, Јавното обвинителство поднесе обвинение за перење пари, а во врска со леењето на спомениците од проектот „Скопје 2014“. Со ова обвинение, на еден начин „се спаси“ една половина од предметот поврзан со злоупотреби во врска со „Скопје 2014“, со оглед...

СДСМ се противи на враќањето на Ќосето: ДПМНЕ ги враќа спомениците на режимот

Скопје две години е град без перспективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект. И наместо да понуди решенија, антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историски контроверзна личност – еден од најголемите крвници на...

Гори галијата од „Скопје 2014“ спроти „Холидеј Ин“

Пред половина час започна да гори галијата од „Скопје 2014“ која се наоѓа спроти хотелот „Холидеј Ин“ на кејот на Вардар. Во моментов пожарникарски екипи пристигнале на терен и почнале да го гасат пожарот. Засега останува неизвесно е од што тој е предизвикан. Кога беше во функција, во овој објект имаше ресторан, но долго време веќе не е во употреба....

За Мицкоски, процесуирањето на крадењето пари од „Скопје 2014“ е негирање на македонскиот идентитет

Кривичното гонење на перењето пари за спомениците од „Скопје 2014“ за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е продолжение на негирањето на македонскиот идентитет и фрлање сенка на идентитетските обележја. Денешната реакција на Мицкоски следи неколку дена откако обвинителството го отвори случајот „Феникс“, во кој обвини 15 физички и седум правни лица за злоупотреба на службената положба и за перење...

15 луѓе, преку пет држави, за 11 споменици – истрага за тоа како се переле пари од „Скопје 2014“

Воинот на коњ, двата пара лавови, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Методија Андонов Ченто, Цар Самоил, Јустинијан Први, АСНОМ, Основачите на ВМРО. Ова се единаесетте споменици за кои Јавното обвинителство, по долги години предистражна постапка, отвори истрага - сомнежите се дека 15 лица переле пари за нивното леење во Италија. Од буџетот на граѓаните се плаќале високи суми...

Уапсени ексградоначалникот Тодоровиќ и поранешниот претседател на Советот на Центар, Здравев

Под сомнение за перење пари и за злоупотреба на службената положба, вчера во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР - Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, а по налог на обвинителството, уапсени биле пет лица, потврдија утринава од МВР. Засега непотврдените информации се дека меѓу уапсените се Владимир Тодоровиќ, поранешен...

ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе продолжат да се градат годинава, но не во барокен стил

Повеќе од единаесет години по основањето, најголемиот факултет во државата никако да добие свој сопствен објект. Бројот на студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од година в година се зголемува, а „туѓите“ простории што ги користи институцијата и за кои плаќа кирија, стануваат премали за да ги задоволат потребите. Тесно е и на Факултетот за...

Повторно пропадна камион во фонтаната од 2,5 милиони евра на плоштад „Македонија“

Површинската фонтана на плоштадот „Македонија“ е магнет за камиони. По неколку месеци, денеска повторно пропадна камион во фонтаната од проектот „Скопје 2014“, за чија изградба се потрошија над 2,5 милиони евра. На централниот скопски плоштад во моментов течат подготовките за организација на годинешното издание на „Пиволенд“. Од Градот Скопје најавуваат санкции против субјектот чиј камион влегол на плоштадот „Македонија“. „Приватен субјект со...

ЈП „Паркови и зеленило“ ги покри палмите од „Скопје 2014“ за да не измрзнат

Палмите коишто беа поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“ деновиве добија заштитни вреќи за да не измрзнат. ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека палмите покрај Кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје превентивно ги заштитиле поради ниските температури на воздухот. „Деновиве нашите екипи превентивно ги заштитуваа крошните на палмите на кејот на Вардар“, се пофалија на Фејсбук од ова...

Град Скопје: Обврска да ја отстрани галијата кај Холидеј Ин е на оној што ја поставил

И покрај тоа што Градот Скопје го започна рушењето на една од трите галии во строгиот центар, по неколку месеци од почетокот на постапката објектот спроти Холидеј Ин не е отстранет. Новата градска власт вели дека самиот инвеститор којшто ја изградил галијата е оној што треба да ја отстрани од речното корито во Вардар. Мета.мк изминативе денови забележа паднато дрво...

Паднато дрво со денови закотвено во коритото на Вардар, на терен „галиите“ не се рушат [фото]

Паднато дрво и друг отпад со денови се закотвени во речното корито на Вардар во центарот на Скопје. Мета.мк на 2 и 9 јануари ја забележа препреката од дрво кај една од „галиите“ спроти Археолошкиот музеј, додека денеска истото дрво беше закачено на една од врбите и повеќе од една недела наназад не е отстрането. Наталожениот отпад кај „галијата“ ја...

ВМРО-ДПМНЕ повторно сака промена на имиња на улиците: Од „Ленинова“ во „Аминта III“, од „Блаже Конески“ во „ВМРО“

ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на град Скопје побара повторно да се променат имињата на улиците, булеварите и мостовите во главниот град. Ваквиот предлог беше ставен на седницата од страна на советничката Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, а советниците со 24 гласови „ЗА“ од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците прифатија оваа точка да се стави на дневен ред...

Градот го почна отстранувањето на првата галија од коритото на Вардар, сопственикот негодува

Градот Скопје денеска почна да ја отстранува првата од трите галии во коритото на реката Вардар. Станува збор за галијата поставена спроти хотелот „Холидеј ин“, информираат градските власти. Демонтажата ќе ја вршат екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредните неколку недели, и тоа на трошок на фирмата која досега управуваше со галијата во својство на должник во извршната...

„Порта Македонија“ повеќе не е дел од културното наследство, власта треба да ја одреди нејзината иднина

Министерството за култура ја тргнало заштитата на „Порта Македонија“ од Регистарот на недвижно културно наследство на земјава, објавува „Независен.мк“. Со тргнувањето на заштитата на Триумфалната порта, се отвора можноста за рушење на ова здание од „Скопје 2014“, кое узурпира јавен простор и е поставено на среде раскрсница меѓу улиците „11 Октомври“ и „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје. Градоначалникот на...

Министерството за транспорт и врски потврди дека нема да се градат „Шпанските скали“ на плоштад

Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, ја одби жалбата на инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ за изградба на „Шпанските скали“, со што на сила останува решението издадено од општина Центар за ништовност на одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, информираат од општина Центар. Инаку, општина Центар, на 12.5.2020 година, донесе решение со кое го огласи за ништовно одобрението...

Здружението „Плоштад Слобода“ бара граѓаните преку јавна анкета да се изјаснат за „Мал Ринг“

До градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и до претседателката на Советот на Општина Центар Цветанка Симоновска, Здружението „Плоштад Слобода“ поднесе барање за продолжување на јавната анкета по Предлог - Детaлниот урбанистички план за градска четврт Ц01 – Мал ринг 1 за до крајот на август. „Поради тоа што се одбиени сите апели на професионалните, граѓански здруженија и поединци за...

Архитектите бараат од Општина Центар да го повлече и преработи предложениот ДУП Мал Ринг

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) остро реагира и бара општина Центар да го повлече и преработи Предлог - Детaлниот урбанистички план за градска четврт Ц01 – Мал ринг 1, за кој е закажана јавна презентација и јавна анкета на 22.07.2020 година (среда) во 10.00 часот. „Причината заради која бараме да го повлечете предлог - планот е едноставнa. Во планот...

Анализа: „Панорамското тркало“ и „Вртелешката во Луна парк“ под лупа на ревизорите

Како се делеле јавни набавки, колку пати и со која цел се менувале Годишните планови за јавни набaвки, кои се слабостите и последиците – ова се клучните прашања кои ги третира државниот ревизор во извештајот „Ефективност на политиките, мерките и активностите при доделувањето на договорите за јавни набавки на ниво на ЈП на Град Скопје“, пишува неделната економска анализа на...

Со милионите за катните гаражи од „Скопје 2014“ во целост ќе се решеше паркирањето (инфографик)

Погрешните политики за решавање на проблемот со паркирањето во минатото го направија уште поакутен недостигот на паркинг места во Скопје денес. Споредбените податоци што ги анализираше „Мета.мк“ покажуваат дека парите вложени во катните гаражи од „Скопје 2014“ ќе беа доволни за решавање на проблемот со недостигот на околу 8.000 паркинг места во главниот град, а ќе останеа и доволно...

Излегоа на виделина долговите на штипски „Бетон“

Над 16 милиони евра се побарувањата на доверителите на фирмата во стечај „Бетон“ – Штип, коишто денеска на испитното рочиште ги прифати стечајниот управник Драги Димовски. Оспорени се помалку од девет милиони евра побарувања. Токму оспорените се јавија на денешното рочиште во штипскиот Основен суд, каде стечајниот уравник се изјасни по приговорите. Стечајниот управник Димовски во краткиот телефонски разговор само...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...