fbpx
Таг: продолжување

таг: продолжување

Студентите што користат стипендии од утре ќе можат да ги продолжат истите

Министерството за образование и наука (МОН) извести дека сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на ова право, ќе можат истите да ги продолжат почнувајќи од утре. Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, Уверение за положени...

Централен регистар го продолжува рокот за поднесување на годишна сметка за 10 дена

Поради барањата од фирмите кои се однесуваат за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка за 2021 година, заради заштита и превенција од вирусот ковид-19, Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на барањето на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите со продолжување на рокот за 10 дена, како за хартиено така и за електронско...

Продолжен рокот за поднесување на годишна сметка до Централниот регистар до 25 март

Рокот за електронско поднесување на годишна сметка до Централниот регистар се продолжува заклучно со 25 март до полноќ. „По барањата пристигнати до Владата и до Централниот регистар за одложување на рокот за доставување на годишна сметка, Централниот регистар излегува пресрет на обврзниците и на сметководителите за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка.Одлуката за пролонгирање на рокот е во...

Претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 8 дена

По поднесениот предлог од страна на Владата, Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер донесе нова одлука за вонредна состојба на територијата на целата држава. Одлуката е донесена врз основа на член 125 и член 126 од Уставот на Република Северна Македонија, а е во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни 2020 година, информираат од претседателскиот кабинет. „Политичките партии постигнаа договор предвремените...

ССК: Многу сектори делумно работат, финансиската поддршка да продолжи со нови економски мерки

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) апелира на широка консултација и засилување на дијалогот со релевантните институции со цел економските мерки да имаат позитивен ефект врз реалниот сектор и да бидат реално применливи. „Во услови на здравствено - економска криза, претпријатијата се соочуваат со предизвик за нивен опстанок, а економијата бележи стрмоглав пад.  Особено на удар се претприемачите, малите...

МВР го продолжи рокот на пасошите и возачките дозволи до 31 јули

Министерството за внатрешни работи извести дека е продолжен рокот на важност на пасошите и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие ќе важат до 31 јули 2020 година. „На 51. седница на Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи, се донесени уредби со законска сила за патните исправи и за возачките...

Филипче: Владата ќе побара продолжување на вонредната состојба

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека Владата ќе побара повторно продолжување на вонредната состојба. Тој појасни дека ова е важно од аспект на тоа што е неопходно Владата да има механизми за имплементирање на препораките кои произлегуваат од Комисијата за заразни болести. - Дел од мерките кои ги предложуваме важат за вонредната состојба и важно е да...

Поради загадувањето, распустот продолжен до утре

Поради зголеменото загадување на воздухот, зимскиот распуст на сите ученици од државните и приватните основни и средни училишта е продолжен до утре, соопшти заменик-министерот за образование Петар Атанасов. Првиот работен ден во второто полугодие ќе биде среда. Одлуката е донесена од Министерството за образование и наука во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство. -Во овој...

ОЈО: Поблаги мерки за Пешевска и Дурловски и продолжување на притворите на сите други

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од Кривичниот суд да им го продолжи притворот на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април. Обвинителството, како што денеска соопштија оттаму, бара продолжување на притворот на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, Богдан Илиевски - Бетмен, актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, пратениците Крсто Мукоски, Љубен...

Од утре нов круг на одлуки за притворите на осомничените за 27 април

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли жалбата и го потврди решението на Кривичниот суд со кое му беше продолжен притворот на режисерот Борис Дамовски, кој е еден од осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Со ова, Апелација ги одби жалбите и им го потврди притворот на сите осомничени на кои им беше продолжена мерката, меѓу кои, покрај...

Апелација досега не добила ниту една жалба за продолжениот притвор на осомничените за 27 април

Во Апелацискиот суд Скопје сè уште не пристигнала ниту една жалба на одбраната за продолжувањето на притворот на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, велат за „Мета“ од судот. - Досега ниту жалба не е пристигната. Кога ќе пристигнат, ќе видиме колку се и ќе ги разгледаме предметите- ни изјави судијата на Апелацискиот суд Скопје, Сафет...

ОЈО побарало продолжување на притворот на Чавков, Илиевски, Дамовски, Дурловски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побарало од Кривичниот суд да им ја продолжи мерката притвор на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април. „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави во надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје предлог за продолжување на изречената мерка притвор за лицата осомничени во предметот за...

Јанева очекува СЈО да продолжи да работи и по 2020 година како дел од ОЈО

Специјалната јавна обвинителка на денешната прес-конференција соопшти оти очекува реформите во правосудниот сектор да овозможат СЈО и по 2020 година да продолжи да работи како дел од Јавното обвинителство на Република Македонија. - Се надеваме дека ќе бидат донесени соодветни законски решенија во 2020 година ова јавно обвинителство да се трансформира и да се припои кон Јавното обвинителство на Република...

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Владата против притворот на Едмонд Темелко

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе организира протест против продолжувањето на притворот на градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, потврди за „Мета“ директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. Протестот треба да почне во 19 часот пред Владата, а потоа присутните граѓани, според информациите во медиумите, ќе се упатат пред судот. Опозициската партија деновиве реагираше на притоворот на Темелко, меѓу...

Поднесено обвинение за дедото на Тамара кој пукаше во Никола Тодоров

Обвинение за убиство во обид и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи е поднесено против Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара, кој пукаше во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров на 1 јуни годинава, пред примопредавањето на министерската функција. Како што соопшти Основното јавно обвинителство – Скопје, истрагата против Љ.С. е завршена, обвинението е поднесено, а...

Собранието ја продолжи кризната состојба до крајот на годинава

Собранието на Република Македонија денеска го изгласа предлогот на Владата за продолжување на кризната состојба, која беше воведена во август 2015 година, поради мигрантската криза и големиот транзит на мигранти и на бегалци низ земјава. На седницата за продолжување на кризната состојба до 31 декември, односно до крајот на оваа година, „за“ гласаа 94 пратеници, а „против“ и воздржани немаше. Кризната...

Владата бара продолжување на кризната состојба до крајот на годината

Собранието утре на пленарна седница треба да гласа за предлогот на Владата за продолжување на кризната состојба, која беше воведена во август 2015 година поради мигрантската криза и големиот транзит на мигранти и на бегалци низ територијата на државата. На 30 јуни истекува важноста на одлуката за продолжување на кризната состојба, што беше донесена во октомври минатата година, а со...

Јанева очекува продолжување на рокот и најави истраги за разговори на „разни јазици“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очекува за кратко време да се најде решение за продолжување на рокот за поднесување обвиненија и најави дека во периодот што следи СЈО ќе продолжи со отворање истраги за други прислушувани разговори од кои произлегуваат кривични дела. Ова Јанева го изјави од Охрид, каде учествува на првото издание на Охридската школа на природното право, на тема...

Истекува рокот на СЈО за обвиненија: Ќе реагираат ли Собранието и Уставниот суд

Денеска истекува првиот рок од 18 месеци за поднесување обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство, односно за предметите што тоа ги презеде од Основното јавно обвинителство на 4 декември 2015 година, со што останува енигма што ќе се случува со овие случаи. На 30 јуни, пак, истекува и рокот за поднесување обвиненија за случаите што произлегуваат од прислушуваните материјали кои...

Мандатите на градоначалниците и на советниците продолжени до локалните избори

Со 63 гласа „за“, во Собранието на Република Македонија попладнево беше изгласан предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој локалните избори ќе се одржат во октомври, а мандатите на градоначалниците и на членовите на советите на општините се продолжуваат до стапувањето на должност на новоизбраните функционери по следните локални избори. Со оваа законска измена, се овозможува непречена...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...