fbpx
Таг: проблеми

таг: проблеми

Експертите на ЕУ дале насоки за санирање на штетите од поплавите

Питер Глерим, лидерот на тимот експерти на Европската Унија кои минатата недела пристигнаа во земјава преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита, на денешниот втор координативен донаторски состанок за поплавите, меѓудругото ги презентирал „советите кои се однесуваат на листата за потреби, геохидролошките проблеми и проблемите со канализацијата, како и начините на кои тие ќе се решаваат и ќе се...

Фармерот Душко Илиевски бара политички азил, полицијата не му издава пасош

Битолскиот фармер Душко Илиевски бара политички азил во една европска држава, бидејќи како што вели, повеќе не може да ги издржи постојаните притисоци, закани и провокации што секојдневно ги трпи како од полицијата, така и од политичките неистомисленици, пренесува „Телма“. Тој, како што вели, кон краот на овој месец договорил прием во една странска амбасада, но се соочил со проблеми,...

Стопанска комора одбележа 94 години постоење и ги награди успешните

Компаниите „ЗК Пелагонија“, АД „Елем“, „Инфобиро“, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и бизнисменот Димитар Маџунков се наградените од Стопанска комора за 2015 година, во рамките на одбележувањето на 94-годишнината од коморското организирање во Македонија. Наградите и признанијата се доделуваат традиционално, за да се истакне работата на тие што се заслужни за развојот на економијата. Како што истакна претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески, наградените...

МНР: Засега нема затворање на границите, финансиската помош од ЕУ сè уште не стигнала

Засега Македонија нема намера да ја затвори јужната граница со Грција за мигранти, брифираат од Министерството за надворешни работи. Оттаму велат дека авганистанските државјани, кои се заглавени кај Табановце, најверојатно ќе останат во земјава сè додека Србија и Хрватска не го решат спорот околу третманот на мигрантите од Авганистан. Македонија, велат од МНР, од почетокот на мигрантската криза потрошила овеќе...

Екстерното тестирање помина со технички проблеми, Министерството планира измени

Според Министерството за образование и наука, екстерното тестирање за матурантите поминало без проблеми со исклучок на првиот ден, кога во одредени градови и училишта се појавиле технички проблеми со пад на системот. Ова денеска во Штип го истакна ресорниот заменик-министер, Спиро Ристовски, кој кажа дека во наредните десет дена ќе бидат соопштени резултатите. - Измени за екстерното тестирање ќе има, ние тоа...

Основци од Гостивар следат настава во студени училници

Од почетокот на второто полугодие, поголемиот дел од учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар следат настава во студени училници. Парното греење на првиот кат од овој училишен објект не работи, а дел од училниците се затоплуваат со греалки, кои родителите на децата ги носат од дома. Дел од родителите најавуваат дека нема да ги пуштаат децата на училиште...

Коѕиас бара поголемо расположение за суштински дијалог од Македонија

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, апелира македонската влада да покаже поголемо расположение за суштински дијалог и способност за искрен компромис. Во божиќното интервју за грчкиот весник „Агора“, на прашањето што ќе направи грчката влада ако македонската страна побара прием во меѓународните организации под привременото име, грчкиот министер јасно истакна дека Македонија треба да се придржува до Привремената спогодба. „Соседната држава треба...

Зонското паркирање во Тетово ги остави станарите без паркиралишта

Жителите што живеат во строгиот центар на Тетово, каде месецов се воведе зонско паркирање, нема каде да ги оставаат своите возила. Општина Тетово го ограничи времетраењето на паркирање до три часа и на станарите не им овозможи да плаќаат месечен паушал за паркинг-место, како по примерот во другите градови каде е воведено зонското паркирање. - Нема каде да ги паркираме возилата. Кога...

Бајден: Партиите во Македонија да ги надминат проблемите

Партиите во Македонија да ги отворат вратите за интеграција и да ги надминат проблемите, вклучувајќи го и тој за името со Грција. Ова го истакна потпретседателот на САД, Џо Бајден, на вчерашниот самит на лидери од Југоисточна Европа, кој се одржа во Загреб. - Во Македонија имаше политичка криза што доведе до забавување на реформите. За среќа, новиот политички договор предвидува...

Ѓорѓиев: Ниска е откупната цена на грозјето

Претседателот на општинската организација на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев, вели дека во екот на прибирањето на годинешната реколта, лозарите минуваат низ тешка есен. - Најквалитетното грозје, кратошијата, ни го земаат и по осум денари за еден килограм. Тоа се пет денари помалку од загарантираната цена. Ова го прават со кражба при процената. Бидејќи исплатата оди по шеќерни единици, со наштимани ваги, небаждарени широмери, го...

Тетовци нудат предлози и бараат решенија од властите за проблемите во градот

Формирање центар за бесплатна правна помош за жртви од семејно насилство, општинска помош за поставување спомен-плочи на загинати бранители и цивили од воениот конфликт од 2001 година, мерки за заштита од загадување на воздухот. Ова се само дел од предлозите и од барања на тетовци кои денеска беа упатени до локалната самоуправа на форумот организиран од Националниот демократски институт. Градоначалничката...

Прентовиќ: Владата наместо да решава, создава нови проблеми за земјоделците

Владата не ги решава проблемите на земјоделците туку постојано создава нови, изјави денеска претседателката на комисијата за земјоделство на СДСМ, Татјана Прентовиќ, при посетата на струмичко-радовишкиот регион. Таа посочи дека состојбата на земјоделците при откупот на земјоделски производи е многу тешка, а тоа, како што рече, не е случај само во овој период од годината, туку низ целата 2015 година. „Моментално...

Возот со 400 мигранти тргна кон Табановце

Воз со околу 400 мигранти во 17 часот замина од железничката станица во Гевгелија кон граничниот премин Табановце. Како што јавува нашиот репортер, немало никакви проблеми, ниту пак инциденти при качувањето во возот. Пред да пристигне возот, кордон од припадници на специјалната полициска единица се наредиле пред мигрантите и во групи од по десет луѓе ги пуштале да се качуваат во...

Дванаесет спонтани абортуси на мигрантки за еден ден во Гевгелија

Во моментов, во непосредна близина на железничката станица во Гевгелија се прави простор за одмор со капацитет од 160 луѓе. Просторот ќе биде наменет за жени, деца и изнемоштени луѓе и ќе функционира 24 часа, а ќе биде под постојан полициски надзор. Во тој простор ќе има 12 кабини со тушеви и тоалети, јави репортерот на „Мета“ од Гевгелија. Просторот...

Тетовски населби 24 часа без вода

Повисоките тетовски населби се соочуваат со прекини во водоснабдувањето во текот на целото деноноќие. Велат дека мора секојдневно да полнат шишиња и буриња со вода, кај нивни роднини и пријатели што живеат во долниот дел на Тетово, каде вода има само неколку часа во текот на денот. - Јас живеам во горниот дел на градот, ние немаме вода и зиме, но сега...

Тематска конференција на СДСМ за проблемите во земјоделството

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ одржала тематска конференција за актуелните состојби во земјоделството, на која учестувале претставници од повеќе општински организации на партијата, информираат преку соопштение од СДСМ. На конференцијата се разговарало за клучните проблеми во земјоделството, односно, како што соопштуваат од партијата, за „неправедната распределба на државното земјоделско земјиште, за слабиот откуп на земјоделските производи, за...

Лутовски: Проблемите на студентите се многу, но екстерното ја прелеа чашата

„Екстерното тестирање, за жал, не е единствениот проблем на студентите и ние немаме некоја култура на протестирање. Но, ете, екстерното тестирање беше некоја точка на вриење за некоја плодна студентска мобилизација“, вели Дејан Лутовски од студентската неформална организација „Студентски пленум“ во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. Според Лутовски, воопшто не значи дека доколку се заврши целиот проблем со екстерното...

Волерс: Проблемите се решаваат преку дијалог

Проблемите во секое општетство можат да се решаваат само преку соочување со нив и со дијалог, а не со насилства или со игнорирање, порача вчера американскиот амбасадор, Пол Волерс, говорејќи во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје. - Пред неколку недели, беа нападнати поддржувачите на ЛГБТ-центар во Скопје. Ги охрабруваме властите да спроведат истрага, да ги идентификуваат и да ги изнесат...

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...