fbpx
Таг: проблеми

таг: проблеми

Светска банка предвидува пораст на економијата од 3,2 проценти

Светска банка предвидува пораст на економијата во Македонија од 3,2 проценти, во најновиот извештај Глобални економски перспективи за земјите од Европа и Централна Азија. „По надминувањето на политичката криза, која имаше влијание врз економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит, поради најавените трошоци за инфрструктурни проекти“, се вели во извештајот на Светска банка. Светска...

Анкара забрани јавно спомнување на ЛГБТ-проблеми

Во Анкара се забранети сите јавни прикажувања на филмови и изложби кои се однесуваат на проблемите на ЛГБТ-популацијата. Ова го соопшти канцеларијата на гувернерот на турската престолнина, објаснувајќи дека одлуката е донесена поради јавна безбедност. „Почнувајќи од 18 ноември 2017 година, кината, театрите, панелите, интервјуата и изложбите во кои се спомнуваат ЛГБТ-проблеми се во иднина забранети во нашата провинција поради мир...

По полноќ ќе почне зимското сметање на времето

Во 3 часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март, кога почнува летното сметање на времето. Промената на времето секогаш се...

Анѓушев: Проблемите во „Колска“ се влечат со години, треба трајно решение

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, се сретна со претставниците на синдикатот на вработените во фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, кои подолг период не зеле плати. „Проблемите се со подолг рок и се влечат веќе со години. Владата ќе го реши проблемот и вработените ќе добијат плата. Но, во исто време, целта е да се најде трајно и системско решение,...

Голема сончева бура може да ја погоди Земјата утре и задутре

Од утре попладне до сабота околу пладне, голем дел од светот би можел да ги почувствува последици од големата соларна ерупција што се случила вчера, алармираше Центарот за вселенска метеоролошка прогноза при американската Национална администрација за океаните и атмосферата. Русија, балтичките републики, Јужна Шведска, Данска, Обединотото Кралство и голем дел од северните држави на САД ќе бидат земјите кои веројатно...

Нема реална слика колку администрација имаме, регистарот не работи

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) нема официјална и веродостојна бројка на вработени во јавната администрација бидејќи регистарот за вработените не функционира, односно во него нема податоци од сите државни институции, а и оние што ги има, постојат сомневања дека голем број од нив не се уредно пополнети. Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за информатичко општество и...

Автопатот Миладиновци – Штип ќе „изеде“ уште 20 милиони евра

Завршувањето на автопатот Миладиновци – Штип ќе значи трошок од уште 20 милиони евра, поради проблемите во изградбата. Претходниот министер за транспорт и врски, неколку дена пред заминувањето од власт на владата на ВМРО-ДПМНЕ, доставил информација до владата за тоа, но, како што рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, тоа досега се криело од јавноста. Сугарески изјави дека...

Заев најави решение за проблемот со колекторот за прочистување на Охридско Езеро

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за финансии, Драган Тевдовски, доцна вчера попладнето имал одделни средби со в.д. градоначалникот на Општина Струга, Мустафа Забзун, и со градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, на кои било разговарано за финансиските и за проблемите со колекторот за прочистување на Охридско Езеро. „Еден од заедничките проблеми за кои стана збор на оваа средба се проблемите...

Мисајловски: Власта да продолжи веднаш со изградбата на патиштата

Проектите од сферата на инфраструктурата почнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ се од витално значење за Република Македонија и не смеат да трпат застои или одложувања, a окрај тоа сите тие пред да почнат со градба се добро подготвени со претходни анализи и мислења, порача Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер за транспорт и врски. Тој го обвини СДСМ дека „си...

Заев ја информирал амбасадорката Лисјен за проблемите со изградбата на автопатиштата

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со кинеската амбасадорка во земјава, Лин Лисјен, и ја информирал за проблемите во изградбата на двата автопатишта Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид, во чијашто изградба учествува Кина. Тој изјавил дека повеќемесечниот застој на изградбата на автопатиштата е предизвикан од грешки во проектирањето, ненавремено решавање на имотно-правни односи на автопатот кон Штип и од...

Кула: ДУИ не коалицираше со ВМРО-ДПМНЕ поради медиумите на Сорос

Албанскиот експерт за регионални прашања, Илир Кула, во емисијата „Комитети“ зборувал за влијанието на фондациите на Џорџ Сорос во Албанија и во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Во однос на Македонија, тој истакнал дека поради влијанието на Сорос, ДУИ не можела да постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ. Кула изјавил дека „Сорос преку медиумите ја предупредил ДУИ дека ќе си изврши...

Министерството за животна средина со предлог-мерки за намалување на загадувањето

Воведување сообраќаен режим пар-непар за возилата и намалено користење на службените возила за 50 прценти од страна на државните и на јавните институции предложува Министерството за животна средина и просторно планирање до Владата, за да се намали загадувањето на воздухот. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека ресорниот министер, Башким Амети, денеска се сретнал со претставници на граѓанските здруженија...

Најмалку 32 загинати во железничка несреќа во Индија

Најмалку 32 лица загинале, а околу 100 се повредени во железничка несреќа во Индија, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации од индиски официјални претставници. Несреќата се случила кога седум вагони и локомотива од патнички воз излетале од шините во областа Кунера, недалеку од границата меѓу државите Одиша и Андра Прадеш. Портпаролот на железницата за агенциите изјавил дека бројот на повредени сè...

Доналд Трамп и официјално стана 45. претседател на САД

Доналд Трамп положи заклетва и официјално стана 45. претседател на САД. Неговата инаугурација во Капитол хил ја следеа 900.000 луѓе. Откако положи заклетва над Библијата, Трамп се поздрави со семејството и го почна својот говор, во кој, меѓу другото, зборуваше и за проблемите со кои се соочуваат Соединетите Американски Држави. - Проблемите со сиромаштијата, здравството, образованието, криминалот и дрогата сега ќе...

Големи врнежи од снег и во Албанија

Големите врнежи од снег што синоќа ја зафатија Албанија предизвикаа проблеми во сообраќајот, особено на главниот автопат кој ги поврзува североисточниот дел на земјата и главниот град Тирана. Најголеми проблеми поради снегот има на делницата од автопатот кај тунелот Тира, каде снежната покривка достигнала 60 сантиметри. Министерот за транспорт на Албанија, Сокол Дервиши, изјави дека не ја исклучува можноста од затворање на...

И во 2017 година Тетово ќе го мачат истите инфраструктурни и комунални проблеми

Дивата депонија, каде тетовското комунално претпријатие го претовара сметот, и оваа година ќе биде рак-рана на градот. На таа локација се таложат илјадници тони смет, кој повремено се пали. - Ние повеќе не веруваме дека проблемот со депонијата конечно оваа година ќе се реши. Секоја година локалните власти само ветуваат, а ние секоја година се задушуваме во чад и во...

Николиќ: Србија ѝ пружа рака на Хрватска

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека Србија јасно го има зацртано својот европски пат и нема да одговори на провокациите, додавајќи дека Србија ѝ пружа рака на Хрватска и ја повикува на разговор. По повод хрватската блокада на отворањето на поглавјето 26 во преговорите помеѓу Србија и ЕУ, Николиќ, на состанокот на министерскиот совет на Организацијата за црноморската економска соработка...

Кредиторската тројка си замина од Атина без договор со грчката влада

Претставниците на меѓународните кредитори (Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и Еврпската централна банка) заминаа од Атина без договор со грчката страна. Преговорите меѓу претставниците на тројката и грчката влада завршија рано утринава без успех и без заеднички договор, а ќе продолжат преку телефонска конференција која најверојатно ќе се одржи пред состанокот на Еврогрупата на 28 ноември. Клучните проблеми за кои не можеа да...

Либерална партија до ДИК: Судот ни прави проблем со уверенијата за неосудуваност

Либералната партија денеска наишла на проблем во судот со издавањето на потврдите за неосудуваност на нивните кандидати за пратеници, информираат од партијата. Оттаму велат дека при доставувањето на документите во Основниот суд Скопје 1, им било кажано дека судот веројатно нема да биде во можност да ги издаде потребните документи во следните седум дена. Во врска со ситуацијата, од ЛП се...

Тетовци го блокираа патот кон шарпланинските села

Дел од граѓаните од стариот дел на Тетово го блокираа патот кој води кон селата од шарпланинскиот масив. Блокадата кај населбата Колтук траеше половина час. Учесниците велат дека се одлучиле на ваков чекор затоа што Општина Тетово сосема го заборавила овој дел на градот, каде нема вода, ѓубрето не се собира редовно и наместо властите, во инфраструктурата колку што...

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...