fbpx
Таг: Проаква

таг: Проаква

Владата го презеде управувањето со колекторскиот систем на Охридското езеро

Советот на општина Охрид на денешната седница ја донесе одлуката за поделба на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ - Струга и за присоединување на неговите досегашни надлежности за Охридското езеро кон новоформираното претпријатие во државна сопственост „Колекторски систем“. Ваквата одлука на општинските советници доаѓа по одлуката на владата од пред десетина дена за инвестирање на 183 милиони денари за санација на...

Државата ја презеде грижата за колекторот на Охридско Езеро

Владата на вчерашната седница донесе одлука да ја преземе грижата за колекторскиот систем на Охридското Езеро, ставајќи со тоа крај на маките со меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, кое беше нефункционално и создаваше загуби и не се грижеше за колекторот на загадени и отпадни води. Со одлуката за формирање Јавно претпријатие „Колекторски систем“, всушност се прави поделба на досегашното Меѓуопштинско јавно...

Градоначалничките кандидати за Струга за проблемите со водата и во сообраќајот

Лавдрим Елмази од Беса, Васил Ашталкоски од СДСМ и Зијадин Села од Алијанса за Албанците на вчерашната дебата на дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и „Вистиномер“, порачаа дека имаат решенија за најгорливите проблеми на Струга. Понудија неколку решенија за кои ветуваат дека ќе ги реализираат ако граѓаните им ја дадат довербата и освојат...

Охрид и Струга oстанаа без вода поради неплатени сметки за струја

Охрид и Струга синоќа останаа без вода зашто водоснабдувачкото претпријатие „Проаква“ не си ги платило сметите за електрична енергија. ЕВН го исклучи електричното напојување на главните пумпи од кои граѓаните се снабдуваат со вода. Граѓаните бргу реагираа, нагласувајќи дека тие не се виновни за овој проблем и дека редовно и навреме ги намируваат сметките кон претпријатието „Проаква“ за потрошена вода. Од „Проаква“ се...

Водата во Струшко повторно забранета за пиење

Центарот за јавно здравје од Охрид изврши нови анализи кои покажуваат дека водата во струшките села Октиси и Франгово е неисправна за пиење. Раководителот на Центарот, Атанаско Михаилов, информираше дека водата од водоводите во селата Октиси, Франгово и Калишта не е хлорирана и оти не смее да се употребува за пиење. – Земавме примероци од водоводите во селата Октиси, Франгово и...

Директорот на „Проаква“ осомничен за загадувањето на водата во Струга

Директорот на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ од Струга е осомничен дека со своето однесување и со неизвршување на својата службена должност, директно придонел за загадувањето на водата од градскиот водовод, чија употреба надлежните ја забранија среде туристичката сезона. Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против директорот на „Проаква“ поради, како се наведува во службеното соопштение, постоење основи на сомневање дека сторил злоупотреба...

Штрајк на вработените во струшкото јавно претпријатие „Проаква“

Поради неисплатените плати и придонеси, вработените во Јавното претпријатие „Проаква“ од Струга почнаа штрајк. Вработените се жалат дека ваквиот проблем датира од поодамна. Со задоцнување ги земаат платите и придонесите, поради што немаат ниту лекување ниту, пак, можат да врзат крај со крај во месецот. - Со ваков проблем ние вработените соочуваме со години. Здравствените картони ги земавме со доцнење од...

Струга: Директор на „Проаква“ го оштетил претпријатието за повеќе од 200.000 денари

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 49-годишниот А.В. од струшкото село Радолишта, поради постоење основи за сомневање за злоупотреба на службена положба и овластување. Пријавениот, во својство на директор на јавното претпријатие „Проаква“, во текот на 2011 година ја злоупотребил својата положба и овластување и оттуѓил целосно амортизирано возило „застава-поли“, возила „волга“ и „хундаи соната“, како и еден багер...

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...