fbpx
Таг: признание

таг: признание

Премиерот Заев доби специјално признание „Европска личност на годината“ во Сараево

Премиерот Зоран Заев на бизнис-манифестацијата „Најменаџер и најкомпанија за 2017“ во Сараево доби специјално признание - „Европска личност на годината“ и „Носител на позитивни промени во регионот“, соопшти владината прес-служба. Признанието на премиерот Заев му се доделува за неговото „ангажирање по прашања од политиката, бизнисот и економијата, развивање и јакнење на пријателски, регионални и меѓународни соработки, како и за создавање услови...

Признание „Пријател на Македонија“ за поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ

Граѓанското здружение „Хрватско-македонска тангента“, вечерва, во 19 часот, во Шибеник, на поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, ќе му го врачи признанието „Пријател на Македонија“. Во таа пригода Месиќ ќе одржи предавање за македонско-хрватските културни врски, од Штросмаер и Миладиновци до денес. Поранешните хрватски претседатели Стипе Месиќ и Иво Јосиповиќ, се почесни членови на „Хрватско-македонската тангента“. Традиционалните годишни признанија ќе им бидат врачени...

Сите обвинети во случајот „Ќелија“ ја признаа вината

На денешното рочиште за случајот „Ќелија“, во Основниот суд Скопје 1, уште петмина обвинети ја признаа вината за кривичните дела за кои се обвинети, односно за регрутирање и за учество во паравоени формации во воените жаришта на Блискиот Исток, пренесува „Телма“. Со ова, практично, сите обвинети во овој случај се изјаснија за виновни. На претходното рочиште, пред две недели, дел од...

Одложен почетокот на судскиот процес за случајот „Ќелија“

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Ќелија“, кој се води против пет лица обвинети за регрутирање и за учество во паравоени формации на Блискиот Исток, е одложено откако адвокатот на еден од обвинетите побара дополнителен увид во доказите. Покрај тоа, како што пренесува „Академик“, адвокатот Ефто Спировски, кој е бранител на обвинетиот Иса Фуга, рекол дека неговиот клиент изразил...

Обвинетите во „Ќелија“ што ја признаа вината, осудени на вкупно 32 години затвор

Шестмина обвинети во случајот „Ќелија“ се осудени на вкупно 32 години и 6 месеци затвор, откако ја признаа вината за кривичното дело учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. „Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција до Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1, достави предлог-спогодби за шест лица...

Продолжува јавната седница за оценување на обвинителниот акт за случајот „Ќелија“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува јавната седница за оценување на обвинителниот акт за случајот „Ќелија“. На првата јавна седница, шест од вкупно 11 осомничени рекоа дека се чувствуваат виновни и побараа во спогодба со јавниот обвинител да им биде определена казната. Судот му даде рок од две недели на Обвинителството за гонење на организиран криминал да постигне спогодба за...

Иванов прогласен за почесен доктор на науки на Академијата за јавна администрација на Азербејџан

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера во Баку го доби признанието почесен доктор на науки на Академијата за јавна администрација на Азербејџан, највисоката образовна и научна институција за образување кадри и раководители во државната и во јавната администрација, соопшти кабинетот на македонскиот претседател. По тој повод, претседателот Иванов пред присутните професори и студенти одржа предавање за Балканот, Кавказот и...

Шестмина обвинети во случајот „Ќелија“ ја признаа вината

На денешната јавна седница за оцена на обвинителниот акт за случајот „Ќелија“, шестмина од вкупно 11 обвинети кои се товарат дека врбувале и индоктринирале македонски државјани за учество во паравоените структури на Исламска држава, ја признаа вината. Првоосомничениот, оџата Реџеп Мемиши, потоа Фазли Суља, Мухамед Шеху, Сејфула Едемовски, Ахмет Дарлишта и Ресуљ Саити, како што пренесува „Академик.мк“, се изјасниле дека...

Негувателката што малтретираше старица осудена на десет месеци затвор

Шеесет и четиригодишната негувателка, која беше обвинета за малтретирање старица во населбата Кисела Вода е осудена на десет месеци затворска казна. Обвинетата пред судот го признала делото. Судот на обвинетата ѝ одреди продолжување на мерката притвор до правосилноста на одлуката. Насилството било откриено на 21 декември минатата година, кога синот на жртвата ги видел снимките од поставениот видеонадзор во станот каде...

Десет компании наградени за македонски квалитет од ССК

„Ариљеметал“, „Голден арт“, „Евросимовски консалтинг“, „Еуген“, „Зегин“, Институт „Југ“, „Камник винарница“, „Компјунет инженеринг“, „Македонија експорт“ и „Тинекс“ се компании кои беа наградени за македонски квалитет од Сојузот на стопански комори. Признанијата за македонски квалитет на девет добитници ги додели претседателката на Сојузот, Данела Арсовска. Претседателот Ѓорѓе Иванов го додели признанието за македонски квалитет на 20-илјадитиот член на Сојузот, Институт „Југ“, кој во...

Фестивалот „Охридско лето“ третпат најдобра манифестација за развој на туризмот

Меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето,“ кој годинава одбележа 55. години од постоењето, третпат доби признание од Министерството за економија за најдобра манифестација што придонесува во развојот на туризмот во Република Македонија. Признанието е доделено во рамките на одбележувањето на 27 септември, Светскиот ден на туризмот. Директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска, вели дека традицијата на успешни фестивалски изданија со квалитетни настани и...

Ленче Здравкин доби признание од УНХЦР

Ленче Здравкин, една од најактивните хуманитарки во Македонија, доби признание од УНХЦР за помошта што секојдневно им ја пружа на мигрантите. Таа е наречена „жената-ангел“ за бегалците на кои несебично им помага. Ленче има 48 години и живее непосредно до железничката пруга во Велес, а за да им помогне на мигрантите, таа својот дом го има претворено во магацин и...

Претседателот Иванов ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на пет македонски организации од дијаспората во Република Франција, Кралството Шведска, Австралија и во Канада. Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, признанието ќе биде доделено на: Француско-македонската асоцијација „Блаже Конески“ од Мант ла Жоли, во Република Франција; Културното и спортско друштво „Песпа - Бирлик“ од...

Иванов ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Признанието на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ се доделува по повод 50 години од неговото постоење, особено за неговите исклучителни резултати во успешното презентирање, негување и во промовирање на македонското драмско творештво, а со тоа и афирмација...

Претседателот Иванов петти пат ќе го додели признанието „Најдобар млад научник“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на следната година, петти пат ќе го додели признанието „Најдобар млад научник“. Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2014 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе до 30 години, кои во досегашната научна работа имаат постигнато научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...