fbpx
Таг: приведување

таг: приведување

МВР привело седум лица за сликање избирачки ливчиња и две за повреда на избирачко право

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска, во 15.25 часот, на гласачкото место 2052 во село Горно Седларце, Тетовско, регистриран е обид за физичка пресметка меѓу гласач и член на избирачки одбор. И.М. (71) од Горно Седларце дошол да гласа и откако ја приложил личната карта, С.С. (34), член на избирачкиот одбор, поради нарушени меѓусебни односи, му ја фрлил личната...

Обвинителство ќе бара притвор за напаѓачот во Кичево кој рани носител на советничка листа

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар извршил увид во центарот на Кичево, на местото каде што синоќа во вооружен инцидент ранети беа три лица, меѓу кои и носителот на независна листа за советници во општината, Алит Абази. „Според првичните сознанија, до инцидентот дошло кога лицето А.А. од зад грб истрелало неколку куршуми од пиштол кон А.А. и А.Д. При нападот,...

Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Грција, приведен е во Солун

Македонски државјанин учествувал сообраќајна несреќа на автопатот кај Атина при што починал грчки државјанин кој се возел на мотор, велат извори од Министерство за надворешни работи за „Мета“. Од таму додаваат дека, македонскиот државјанин е приведен во полициска станица во Солун и од конзулатот на Македонија во Грција, му е обезбедена потребната помош, но понатамошната постапка во однос на него зависи...

Полицијата привела двајца Англичани и двајца Украинци за препродавање билети за Супер купот

Полицијата денеска привела четири странски државјани поради недозволено препродавање билети за Супер купот. Како што соопшти МВР, во 17.40 часот на плоштадот Македонија фатени се и приведени двајца англиски државјани, кои им препродале билети на двајца украински државјани. При извршен преглед кај украинските државјани се пронајдени вкупно пет билети без наведени лични податоци, додека кај еден од англиските државјани се пронајдени шест пликоа...

Приведени диви продавачи на стока со брендовите на тимовите од Супер купот

Полицијата денеска на Плоштад Македонија привела две лица поради продажба и дистрибуција на неавторизирана стока со брендови на фудбалските клубови „Реал Мадрид“ и „Манчестер јунајтед“. „Денеска, околу 12 часот, на Плоштад Македонија две лица се приведени во Полициската станица Центар, поради продажба и дистрибуција на неавторизирана стока со брендови на „Реал Мадрид“ и на „Манчестер јунајтед“. Од страна на Пазарна...

МВР: Внатрешна контрола го истражува полициското постапување на протестот во Скопје

Мнистерството за внатрешни работи денеска соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и за професионални стандарди веќе постапува по налогот за детално истражување на полициското постапување при протестот на неколкумина граѓански активисти вчера по повод презентацијата на воена, медицинска и техничка опрема на НАТО во Скопје. Од МВР наведуваат дека доколку се утврди пречекорување на преземените полициски дејства, тоа...

Полицијата приведе двајца од напаѓачите на Села, кривична пријава доби напаѓачот на Заев

Полицијата рано утринава извршила претрес во домот на К.Ѓ. (39), а потоа го привела заедно со неговиот татко Ц.Ѓ. (68), под сомневање дека се едни од напаѓачите на пратеникот Зијадин Села во Собранието за време на насилното влегување на група граѓани во законодавниот дом. Од МВР соопштуваат дека при претресот во 6 часот утринава биле пронајдени и подигнати патики со траги...

МВР приведе неколку лица за нападот врз новинарската екипа на „А1он“

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, го информирал Здружението на новинари на Македонија дека приведени се лица за нападот на новинарската екипа на „А1он“ за време на протестот „За заедничка Македонија“. Учесници на протестот ги нападнале снимателот Владимир Желчески и новинарот Александар Тодевски, нанесувајќи им повреди поради кои и двајцата завршија во Ургентниот центар во Скопје. Министерот истакнал дека се работи...

На Табановце приведен Србин по кого трага кумановската полиција

На граничниот премин Табановце вчера при обид за излез од земјава е приведен Ќ.З. од Прешево, Србија, кој е сторител на кривично дело телесна повреда, соопшти МВР. Приведениот е откриен при пасошка контрола, кога е утврдено дека е предмет на потрага по телеграма од СВР Куманово поради основно сомнение дека нанел телесна повреда на друго лице. Приведениот е предаден во полицијата во Куманово...

Приведен главниот уредник на турскиот опозициски весник „Џумхуриет“

Турската полиција го приведе главниот уредник на опозицискиот весник „Џумхуриет“, Мурат Сабунџу, и врши претрес на раководството на тој весник, објавија турските медиуми. Телевизијата „Си-ен-ен Турк“ јавува дека биле издадени налози за апсење на вкупно 12 новинари и раководители, вклучувајќи го и претседателот на управниот одбор на весникот, Акин Аталај. Новинарите се под полициска истрага поради наводна поврзаност со муслиманскиот водач...

Еден истражител на Јанева приведен, па пуштен, а друг отстранет од УБК

Истражител на Специјалното јавно обвинителство бил приведен во полициската станица Беко, а специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по посетата на полициската станица изјави дека на обвинителите не им било образложено зошто тој бил приведен. - Истражителот кој беше приведен во полициската станица Беко се враќа во просториите на СЈО. Станува збор за истражител кој бил на задача да обезбеди лице...

Седум девојки приведени во угостителски објект во Чегране

Седум девојки, од кои три од Албанија и четири од нашата земја, се откриени при ноќешната полициска контрола спроведена околу половина час по полноќ во угостителскиот објект „Били 97“ во гостиварското село Чегране, сопственост на Б.Н. (34) од истото село, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Трите албански државјанки биле на возраст од 21, 22 и 29 години, додека...

Приведено лице, под сомневање дека поседува фалсификуван пасош

Вчера на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“, на влез во државата, приведен е М.А.Д. (55), поради постоење основи на сомневање за поседување фалсификувана бугарска патна исправа и лична карта. Истиот е предаден во полициската станица во Гази Баба за понатамошна постапка.

Полицијата откри 39 мигранти во четири различни случаи

Министерството за внатрешни работи во четири одвоени случаи на нелегален транспорт на мигранти, поднесе кривични пријави против пет лица, од кои двајца се грчки државјани, а притоа откриени се 39 лица илегални мигранти, од кои 22 од Авганистан, 14 лица од Сирија, едно лице од Судан и едно лице од Палестина. Меѓу илегалните мигранти четири лица се малолетни, од кои...

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...