fbpx
Таг: Приведен

таг: Приведен

Приведен кичевец за нелегално поседување оружје

Кичевската полиција вчера пронашла и одзела пиштол и рамка со шест куршуми, калибар 6,35 милиметри, при преглед на Ф.Е. (50) во угостителски објект во центарот на градот. Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 16.15 часот  кога Ф.Е. пристигнал во угостителскиот објект. По претходни оперативни сознанија, полициските службеници извршиле преглед врз него и ги пронашле пиштолот и рамката со...

Вработен во златарница набркал разбојник со спреј-солзавец

Вработен во златарницата „Голд принцес“ вчера со спреј-солзавец набркал разбојник, кој со нож влегов во дуќанот и се обидел да го ограби. Според полициските информации, вчера, околу 11 часот, во златарницата, на улицата 8 Септември во Велес, влегол непознат сторител и со закана со нож од вработениот го побарал целото злато. Вработениот, наместо златото, од работниот пулт извадил спреј-солзавец и го...

Откриени пет куршуми во багажот на патник на скопскиот аеродром

Вчера, околу 18 часот, на граничниот премин на скопскиот аеродром „Александар Велики“, бил приведен 36-годишниот Ш.Т., откако во неговите патни торби биле пронајдени пет куршуми од пиштол, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, осомничениот патувал со австриски пасош, а куршумите за гасен пиштол биле откриени при рентген-контрола на неговите патни торби. Тој бил приведен во просториите на граничниот премин, а во...

Група насилници нападнале ученици во автобус во Тетово

Вчера, околу пладне, на автобуската постојка во Тетово, четири-пет непознати лица насилно влегле во автобус на превозникот „Башким турс“ и со метални боксирачи нападнале двајца ученици од економското училиште, соопшти полицијата. Како што информира полицијата, инцидентот се случил околу 12.30 часот на улицата Илинденска, во непосредна близина на земјоделското училиште. Двајцата ученици, И.И. (18) и М.Б. (19) од селото Боговиње, поради повреди...

Албански државјанин приведен на скопскиот аеродром, приложил лажен документ

Дваесет и четиригодишен државјанин на Република Албанија вчера попладне, околу 17 часот, бил приведен на граничниот премин на скопскиот аеродром „Александар Велики“, поради фалсификувани документи. Според полициските информации, албанскиот државјанин К.Н. (24), на излез од земјава, на пасошката контрола дал на увид фалсификувана грчка лична карта. По приведувањето, тој е задржан за понатамошна постапка.

СДСМ: Ако не пријавил пиштол, што сè друго не пријавува Мијалков кога ја напушта земјава?

„Ова е нов скандал, по серијата скандали од кои последен беше тој со дипломатскиот пасош на Мијалков“, реагираат од опозицискиот СДСМ во врска со информацијата дека поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, бил приведен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ откако му бил најден пиштол во патната торба. Од СДСМ прашуваат како Мијалков успеал да ја помине...

Мијалков приведен, па пуштен на белградскиот аеродром, поради пиштол во куфер

Поранешниот директор на Упрaвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, бил приведен на аеродромот во Белград, откако веднаш по слетувањето во патна торба му бил најден пиштол. Настанот, за кој вчеравечер информираа српските медиуми, денеска за порталот „Прес 24“ го потврди и Мијалков. Тој, во изјава за порталот, вели дека при тргнување на пат зел торба која не ја проверил, па...

Одбил да застане и удрил полицаец на раскрсница

Полициски службеник вчера, околу пладне, бил удрен од автомобил додека го регулирал сообраќајот на раскрсницата од улиците Маршал Тито и Видое Смилевски-Бато, во Тетово. Според полицијата, сообраќајниот полицаец бил удрен од автомобил, што го управувал А.Б. (31) од селото Нераште, кој одбил да застане на неговата наредба. Полицаецот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, за укажување лекарска помош, а...

Приведен странски државјанин поради фалсификувани пасош и возачка дозвола

Албански државјанин, пред три дена, бил приведен на граничниот премин Свети Наум, поради сомневање дека пасошот и возачката дозвола му се фалсификувани. Како што информираат од полицијата, против М.Д. (31) била поднесена кривична пријава за фалсификување исправа. Судија на претходна постапка, на странскиот државјанин му одредил мерка притвор од осум дена.

Кавадарчанец фатен со 100 грама хероин во струмичко Босилово

Вчеравечер, околу 20 часот, полициски службеници од СВР Струмица, во селото Босилово извршиле претрес над Б.Ј. (32) од Кавадарци, кај кого нашле околу 100 грама прашкаста материја, за која постојат сомневања дека е хероин, информираат од полицијата. Кавадарчанецот бил приведен и задржан во СВР Струмица за понатамошна постапка, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Полицијата му поднесе прекршочна пријава на Саша Богдановиќ

Полицијата поднела прекршочна пријава против директорот на ЈП „Паркинзи - Центар“, Саша Богдановиќ, бидејќи, како што информираат од МВР, „ги попречувал полициските службеници во вршењето на службените дејства“ по завршувањето на кошаркарскиот натпревар меѓу тимовите на „Работнички“ и на „МЗТ Скопје“. „Околу 21.45 часот, пред влезот на спортска сала „Градски парк“, по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК „Работнички“ и...

Директорот на „Паркинзи – Центар“ тврди дека бил натепан и приведен од полицијата

Директорот на ЈП „Паркинзи - Центар“, Саша Богдановиќ, во изјава за „Фокус“ тврди дека вчеравечер, по завршувањето на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“, бил натепан од полициски службеници, а потоа и приведен во полициска станица. - По завршување на натпреварот помеѓу „Работнички“ и „МЗТ Скопје“, јас се обидов да им пристапам на играчите и да се...

Гостиварец пронајден со 25 пакетчиња хероин

Гостиварската полиција пронашла 25 пакетчиња со хероин кај гостиварецот А.Ш од село Добридол, за што поднела кривична пријава. „Синоќа, во три часот во Гостивар, на улица Борче Јовановски, А.Ш. од село Добридол, кога ги забележал полициските службеници кои вршеле редовна служба, се дал во бегство и во своја близина фрлил една кеса. Од полициски службеници А.Ш. е фатен и приведен во...

Штипјанец претепал двојно повозрасен сограѓанин

Штипјанец вчеравечер бил приведен од локалната полиција откако нападнал и му нанел тешка телесна повреда на сограѓанин, информираат од полицијата. Инцидентот се случил околу 19 часот, во станбена зграда на улицата Пиринска во Штип, по претходна расправија меѓу Т.В. (68) и Б.К. (33). Во еден момент Б.К. физички го нападнал Т.В., удирајќи го со тупаница во главата. На 68-годишникот му била...

Приведен лекар од Клиниката за гинекологија во Скопје

Лекар-гинеколог и уште едно медицинско лице од Клиниката за гинекологија при Клиничкиот центар во Скопје денеска попладне биле приведени на сослушување во полиција, под сомневање за земање поткуп, пренесуваат медиумите. Идентитетот на гинекологот и на другото лице засега не се соопштуваат, а според првичните информации, тие, наводно, побарале поткуп од 20.000 денари за да породат трудница од внатрешноста со царски рез. Како...

Момчето што го снимаше протестот со дрон,повикано на разговор во МВР

„Студентски пленум“ на твитер-профилот соопшти дека од полицијата било приведенo момчето што го снимаше студентскиот протест со дрон од птичја перспектива. Наредната информација е дека момчето било пуштено, а снимките и дронот останале кај полицијата. Од МВР за „Мета“ ја потрдија оваа информација. „Момчето сo дрoнoт е приведен вo стaницa Кaрпoш. Притисoкoт прoдoлжувa нo немa дa успеaт дa не спречaт. Oвa е...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...