fbpx
Таг: Приведен

таг: Приведен

Војската ја презеде контролата во Зимбабве, Мугабе и семејството во притвор

Владејачката партија во Зимбабве - Зану ПФ преку „Твитер“ соопшти дека Емерсон Мнангагва е именуван за привремен претседател на оваа африканска држава и дека досегашниот претседател Роберт Мугабе и членови на неговото семејство се приведени, јавуваат светските медиуми. Мнангагва претходно беше сменет од функцијата потпретседател на земјата поради „нелојалност“. Медиумите потсетуваат дека тој тогаш бил сменет на иницијатива на сопругата...

Косовец приведен во кругот на касарната Илинден

Педесет и осумгодишен косовски државјанин со иницијали Х.Р. вчера бил приведен во полициската станица Карпош, откако бил затекнат во кругот на касарната „Илинден“ во Скопје. Косовецот, како што информираат од МВР, бил приведен под сомнение за „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“. Од МВР додаваат дека по „целосно расветлување и документирање...

Митревски осомничен за продажба на општинско земјиште за едно евро за квадратен метар

Основното јавно обвинителство Скопје потврди дека води постапка против повеќе лица осомничени за незаконско приватизирање на земјиште кое е сопственост на една општина. Во соопштението на Обвинителството не е наведен идентитетот на осомничените лица ниту, пак, името на општината, но извесно е дека станува збор за поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, како еден од осомничените лица. Според Обвинителството,...

Српски уметник приведен поради маска со ликот на Вучиќ

Српскиот уметник Владан Јеремиќ синоќа биле приведен од полицијата пред Музејот на современа уметност во Белград по изведувањето на уметничката акција во рамките на настанот „Салон на неподмитливите“, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Посетителите на оваа акција биле поканети да станат „сендвич-човек“, односно да стават маска со ликот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и да делат сендвич-летоци...

Приведен граѓанин кој се обидел да го испрска Груевски со солзавец на митингот во Центар

Скопската полиција привела граѓанин кој испрскал спреј-солзавец кон бината на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, за време на говорот на лидерот на партијата, Никола Груевски. МВР го потврди инцидентот и оттаму велат дека околу 21.55 часот е приведен 36-годишен маж со иницијали Р.Р. Дваесетина минути подоцна, во полициската станица Центар дошол 29-годишниот Д.Г., кој пријавил дека додека присуствувал на митингот...

Потпретседателот на Еквадор уапсен поради корупција

Врховниот суд на Еквадор вчера одреди притвор за потпретседателот Хорхе Глас поради наводно земање мито од сопственикот на бразилска градежна компанија. Глас обвини дека одлуката е политички мотивирана и е дело на неговиот ривал, претседателот Ленин Морено. Полицијата го приведе Глас во неговата резиденција во Гвајалкил и потоа со воен авион го транспортираше во главниот град Кито. - Нема потреба да...

Приведен рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Руската полиција утрово во Москва од неговиот дом го привела рускиот опозициски лидер Алексеј Навални кратко пред да оди на митинг во градот Нижни Новгород, а ги привела и неговите соработници во тој град, јави Асошиејтед Прес, посочувајќи дека попладнево тој твитнал од полициска станица, каде, како што вели, го држат без обвинение или образложение зошто е приведен. Тој требаше...

Тројца ранети во инцидент во Кичево, меѓу кои и носител на советничка листа

Во вооружен инцидент што вечерва се случил во Кичево ранети се три лица, меѓу кои и носителот на независна листа за советници во општината, Алит Абази, пренесува „Телма“. Напаѓачот, кратко по инцидентот бил приведен од полицијата, а како што потврдиле од МВР за телевизијата, било обезбедно и оружјето од кое било стрелано. Четириесетгодишниот Абази бил застрелан во слабината, додека Дестан Абдиу,...

Едмонд Темелко е во полициска станица во Скопје

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности во 2013 година, е во полициска станица, велат од МВР, не појаснувајќи дали сам се пријавил или бил приведен од полицијата. По распитот во полициска станица, Темелко, според решението на судот, треба да биде спроведен во 30-дневен притвор во истражниот затвор во Шутка. Мерката притвор беше определена откако...

На дело фатен пироман кој потпалил шума во Кривопаланечко

Полицијата вчера уапсила 29-годишен жител на кривопаланечкото село Габар, кого пожарникарите го пријавиле дека намерно предизвикувал пожар. Како што соопшти полицијата, вчера во Габар, околу 14.30 часот, бил уапсен Ж.С. Него пожарникари од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, кои гаснеле пожар во тој предел, го виделе како потпалува оган, па пријавиле во Полициска станица Крива Паланка. Против пријавениот, по целосно расчистување...

Љупчо Палевски – Палчо, по приведувањето ја мина ноќта во полициска станица

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски - Палчо, кој вчера беше приведен на барање на Специјалното јавно обвинителство, е задржан и сè уште се наоѓа во полициска станица, потврдуваат за „Мета“ извори од истрагата. Од СЈО за „Мета“ потврдија дека синоќа едно лице е приведено и задржано во полициска станица на барање на нивен обвинител, во рамките на предистражна постапка, но повеќе...

Пукано во Никола Тодоров во близина на Министерството за здравство

Поранешниот министер за здравство и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, претпладнево бил нападнат во непосредна близина на зградата на Министерството за здравство, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Сторителот, како што велат од МВР, бил веднаш приведен во полициска станица. Засега нема информации дали Тодоров е повреден во инцидентот. Според очевидци, во нападот било употребено огнено...

Бугарски државјанин осомничен за фалсификување платежни картички

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи (МВР), поднело кривична пријава против 37-годишниот бугарски државајнин К.З.З. поради сомневање дека изработил и употребил лажна платежна картичка. Како што информираат од МВР, осомничениот „со намера да прибави противправна имотна корист“, во текот на овој месец „прибавил банкарски податоци од вистински платежни картички и со нив извршил повеќе...

Откриени 14 мигранти во куќа во Ваксинце, Кумановско

Полициски служебиници во неделата, во куќа во селото Ваксинце, Кумановско, затекнале 14 илегални мигранти, информираат од МВР. Претходно во близина на селската чешма, полицајците забележале тројца мигранти како стојат до возило, од кое М.С. (21), жител на Ваксинце, им подавал патни торби. Мигрантите веднаш штом ги забележале полицајците, влегле во куќата, сопственост на М.С. Полициските службеници извршиле преглед на куќата и...

Полицијата го ослободи приведениот активист Павле Богоевски

Со транспарентот што се обиде да го постави на Камениот мост и поради кој беше приведен, активистот Павле Богоевски во придружба на Уранија Пировска излезе од полициската станица Пролет. Насобраните граѓани со овации го пречекаа Богоевски и заедно го поставија платното на оградата на полициската станица, а на него пишува „Година по година, криминално здружение! Партијата да се одвои од гатачката! Ај, па...

„Шарената револуција“ пред ПС „Пролет“ бара ослободување на активистот Богоевски

Неколку десетици граѓани се собраа вечерва пред полициската станица „Пролет“ во знак на револт поради приведувањето на активистот на „Шарената револуција“ Павле Богоевски. Пред станицата граѓаните извикуваат „слобода “, „ВМРО полициска“, „лопови“ и „држава полициска“. Сведоци на настанот велат дека полицијата не соопштила зошто го приведува Богоевски, - Наводно е приведен за попречување на полициско лице при извршување на задача, но никој...

Скопјанец шверцувал мигранти во багажник од автомобил

Синоќа, околу 22.45 часот, при контрола на автомобил на автопатот Гевгелија - Скопје во близина на Демир Капија, полициска екипа во багажникот на возилото открила двајца илегални мигранти од Пакистан, информира МВР. Станува збор за возило, марка „бмв“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал 23-годишниот Н.Н. од Скопје. Како што информираат од МВР, возачот бил приведен и задржан во...

Здравко Савески од Левица приведен во полициската станица Пролет

Здравко Савески, член на партијата Левица, утрово бил повикан на информативен разговор, а потоа и приведен во полициската станица Пролет, поради учество во протестите против аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, пишуваат од партијата на својот фејсбук-профил. Како што стои во информацијата од Левица, Савески „ќе биде одведен пред јавен обвинител и судија на претходна постапка, со барање за определување...

Најмалку седум убиени во вооружен напад во Мичиген, САД

Најмалку седум лица се убиени, а три се ранети откако непознат напаѓач синоќа отворил оган на повеќе локации во градот Каламазу во американската сојузна држава Мичиген, пренесуваат светските медиуми. Според „Би-Би-Си“, пет лица биле убиени во ресторан, а две на паркиралиште на локален салон за автомобили. Неофицијално, како што пренесува британскиот национален сервис, меѓу убиените е и осумгодишно дете. Полицијата, според...

Српски државјанин баран од Интерпол поради убиство, приведен на Табановце

Државјанин на Србија, кого Интерпол Австрија го бара со потерница, вчераутро бил приведен на граничниот премин Табановце при влез во Македонија, соопшти полицијата. Станува збор за С.Ќ. (37) од Белград, кого Интерпол го бара со меѓународна потерница поради основан сомнеж дека извршил убиство. По приведувањето, српскиот државјанин бил предаден на полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...