fbpx
Таг: приватност

таг: приватност

„Airbnb“ воведува забрана за надзорни камери во затворени простории

Компанијата „Airbnb“ (Ербиенби) најави дека воведува глобална забрана за употреба на безбедносни камери во имотите што се изнајмуваат преку нејзината платформа. Промените во политиката на компанијата ќе стапат на сила на крајот од следниот месец, јави Би-би-си. Платформата за изнајмување преку Интернет вели дека целта на овој чекор е да се поедностават правилата за безбедносните камери и да се даде приоритет...

Челику: Најбезбедниот начин за заштита на личните податоци е да не се регистрирате во локални бази на податоци

Обезбедувањето на човековите права е неопходен чекор, не само од морален, туку и законски аспект, кога се работи со податоци во дигиталниот свет. Пред да се пушти во употреба одреден производ базиран на вештачка интелигенција (ВИ) мора да се тестира безбедноста на личните податоци и приватноста на корисниците. Инаку, најдобар начин да се обезбеди заштита на личните податоци е...

Постепеното укинување на колачињата на „Гугл Хром“ почнува на 4 јануари

Како дел од својата тековна иницијатива „Privacy Sandbox“, технолошкиот гигант „Гугл“ веќе објави оти ќе започне да ги ограничува колачињата од трети страни во прелистувачот „Chrome“ (Хром), почнувајќи од првиот квартал во 2024 година, а сега е објавен и точниот датум: 4 јануари. За почеток, само еден процент од корисниците на „Хром“, по случаен избор, ќе ја видат функцијата „Заштита...

(ГАЛЕРИЈА) Сексуалните работнички со црвени чадори во центарот на Скопје одбележаа „5353 денови до правда“

Сексуалните работнички од земјава, организирани од првиот колектив на сексуални работници на Балканот - СТАР и Здружението за опции на здрав живот, ХОПС, денеска со Марш на црвените чадори во центарот на Скопје традиционално го одбележаа Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работнички, 17 Декември. Тргнувајќи од Спомен-куќата на Мајка Тереза, преку плоштадот „Македонија“, сексуални работнички и...

Познати се најчестите лозинки во светот – потребно е помалку од една секунда за да се пробијат

Компанијата „NordPass“ (Нордпас), која им помага на корисниците да генерираат лозинки и да ги чуваат безбедни, неделава ја објави својата годишна листа на 200 вообичаени и најчести лозинки во светот. За време на прибирањето на податоците, „Нордпас“ соработувала со независни истражувачи кои анализирале 4,3 терабајти податоци земени од јавно достапни извори. Компанијата соопшти оти не биле земени лични податоци за...

Јутјуб ќе ги оневозможува „ад-блокерите“, законите за приватност на ЕУ може да го спречат

Додека Јутјуб ги заострува ограничувањата на блокаторите на реклами, поборниците за заштита на приватноста во ЕУ тврдат дека европските закони може да ги сопрат овие обиди на платформата. Јутјуб во јуни започна да го тестира блокирањето на таканаречените „ад-блокери“, за подоцна да ги зголеми ваквите напори. Тоа значи дека повеќе корисници со овозможени блокатори на реклами во своите прелистувачи не...

Одговорност за заштита на приватноста и личните податоци споделуваат институциите, граѓаните и бизнисите

Личните податоци на граѓаните и повредата на нивната приватност за некој може да значи и нечесна заработка што се мери во милиони, а во други случаи, нивната злоупотреба може да предизвика многу проблеми на засегнатиот. Затоа е важно, покрај другите одговорни, и институциите да ја сфатат нивната важност и да се спроведуваат вистинските мерки за нивната заштита и никако...

Суспендиран анестезиологот од Тетово што објави снимки од пациенти

Mинистерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната прес-конференција заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Плумб Вела, соопштија дека е суспендиран анестезиологот од тетовската болница што на ТикТок објави снимки од пациенти. „Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме сè за во иднина да не ни се случи вакво нешто“, рече...

Лекарската комора го осуди објавувањето снимка од пациенти од страна на анестезиологот од Тетово

Лекарската комора соопшти дека најостро го осудува инцидентот со анестезиологот од Клиничка болница Тетово кој објавил видео снимка од пациенти на ТикТок. Комората порачува дек ќе го разгледа случајот и ќе преземе соодветни мерки. „Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат...

Анестeзиолог од тетовската болница снимал и објавувал пациенти на ТикТок

По пријава од директорот на Клиничка болница Тетово дека В.Д. (43), анестезиолог во болницата, снимал и објавувал на ТикТок лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош, полицијата вчера доцна ноќта го привела анестезиологот во тетовското село Одри. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, извести МВР.

„Заедно за заштита на личните податоци“ утре во Europe House

Настанот „Заедно за заштита на личните податоци“ ќе се одржи утре со почеток во 10 часот во Europe House, а е во организација на Делегацијата на Европската Унија заедно со Фондација Метаморфозис, Агенцијата за заштита на лични податоци и Центарот за правни истражувања и анализи. Настанот се организира по повод 28 јануари, Европскиот ден на заштита на личните податоци, кога...

Недела на приватноста: Недостиг на капацитети за успешна имплементација на Законот за заштита на лични податоци

На третиот ден од регионалната конференција „Недела на приватноста“ 2023 која се одржува во Белград, на панел дискусијата посветена на заштита на приватноста и личните податоци при користење на електронски уреди насловена „Разгледувања за приватност во услови на имплементација на дигиталната агенда во Западен Балкан“ која беше организирана во соработка со Фондацијата Метаморфозис, Опен дата - Косово и со...

Казна од 5 милиони евра за ТикТок во Франција

Француската управа за заштита на податоци ја казни кинеската платформа за споделување видеа „ТикТок“ со 5 милиони евра, поради кршење на приватноста на корисниците, јави Ројтерс. Во соопштението на управата пишува дека корисниците на ТикТок.ком не можеле да ги одбијат колачињата толку лесно како што ги прифаќаат и не биле информирани на доволно прецизен начин за целите на различни колачиња. Истрагата...

Компанијата зад „Фортнајт“ ќе плати 520 милиони долари оти намамувала на купување и ја повредувала приватноста

„Епик Гејмс“, компанијата што стои зад хитовската видеоигра „Фортнајт“ (Fortnite) се согласи да плати 520 милиони долари како казна. Компанијата беше обвинета од американските власти дека намамувала милиони играчи, вклучително деца и тинејџери, да купуваат работи што не ги посакувале, како и дека го прекршила федералниот закон за приватноста на децата, јави Си-ен-ен. Од 520 милиони долари, Епик Гејмс ќе...

ЕУ не го воведува кинескиот социјален кредит за контрола и следење на луѓето

Социјалниот кредитен систем на Кина е сосема различен од предлог законот за вештачка интелигенција на Европската Унија. Демократскиот свет е ужаснат од кинеската практика на користење биометриски податоци и препознавање на лица за контрола на населението. Никаде во предлогот законот за вештачка интелигенција на ЕУ не стои дека секој човек ќе биде обележан и контролиран, а уште помалку уништен....

Заштитата на личните податоци и директниот маркетинг

Законот за заштитата на личните податоци го дефинира директниот маркетинг како секој вид комуникација остварена на кој било начин според најновите технолошки достигнувања, а со цел испраќање рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина насочена директно кон одреден субјект на личните податоци, како и обработка на личните податоци која вклучува и профилирање до оној степен до кој е тоа поврзано со...

Мора да се гради култура за заштита на личните податоци и инклузивен дигитален екосистем

Не е доволен само модерен закон, туку и ние како граѓани треба да се заштитиме себеси и својата приватност и да не објавуваме сè, истакна Елвис Али од Делегацијата на Европската Унија, отворајќи го почетниот настан на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, кој од денеска со финансиска поддршка на ЕУ во...

Дискусија за заштитата на личните податоци на граѓани во организација на Фондацијата „Метаморфозис“

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ утре организира панел-дискусија за претставници на институциите, граѓанските организации, медиумите на тема „Што можеме да направиме за поголема заштита на личните податоци на граѓаните“. Настанот ќе започне во 10 часот во хотелот „Квинс“ во Капиштец, а може да присуствуваат и граѓани што се заинтересирани за заштитата на приватноста. Присутните на дискусијата ќе имаат можност да...

Зошто треба да ги читате политиките за колачиња?

При секоја посета на веб-страница, првото нешто кое го воочувате е прозорчето за прифаќање на колачиња кои веб-страницата ги користи. Честопати ги прифаќате, без да им обрнете повеќе внимание, затоа што едноставно сакате да ја користите веб-страницата и да не губите време на дополнително читање. Но, што точно прифаќате и како може тоа да влијае на вашето искуство на...

„Метаморфозис“ организира „Разговори за приватност“ в понеделник од 15 часот во Јавна соба

Фондација Метаморфозис ги поканува новинарите, претставниците на граѓанските организации и институциите, како и сите други поединци кои сакаат да дискутираат и да дознаат нешто повеќе на темата „Медиумската слобода и заштитата на личните податоци“ на петтиот „Разговор за приватност“ што ќе се одржи на 21 март, понеделник, во Јавна соба, со почеток во 15 часот.  Локацијата можете да ја...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...