Приватните специјализанти не добивале пари оти не биле испланирани во буџетот


Скопје, 15 август, 2018 - 16:08 (META) 

Министерството за здравство соопшти дека конечно се обезбедени парите од државата наменети за приватните специјализанти што поминале на конкурсот во јануари годинава. Од таму велат дека тие досега не добивале пари оти не биле предвидени во буџетот.

„Сите приватни специјализанти (92. кандидати) кои се стекнаа со правото да добијат месечен паричен надоместок на последниот конкурс за приватни специјализации не биле искалкулирани во буџетот донесен при крајот на 2017 година. Од тие причини стручните служби работеа подолго време од вообичаеното со цел да обезбедат буџетски средства за сите колеги-специјализанти да добиваат редовен месечен надоместок за нивниот труд и работа“, велат од Министерството.

Но, за да почне исплатата на парите, кои ќе бидат исплатени од периодот од јуни годинава понатаму, ќе се почека да завршат процедури помеѓу Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) и клиниките на кои што се специјализантите.


Во СЈО преслушале над 500.000 разговори – 193.000 биле приватни!


Скопје, 16 март, 2018 - 15:12 (META) 

Класификацијата на разговорите што веќе е направена од СЈО за 85 отсто од разговорите што ги поседуваат, покажува на масовноста на кршењето на човековите права во земјава. Овој податок може да се најде во последниот шести по ред Извештај за работата на СЈО, пишува Теофил Блажевски во „Вистиномер.мк“.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) последните шест месеци – од септември 2017 г. до март 2018 г. ги оценува како потврда за добро извршената работа од формирањето во 2015 година до сега, бидејќи во Судот прифатиле најголем дел од нивните обвиненија и бидејќи се изречени и првите пресуди.

Ова се наведува во последниот, петти шест месечен извештај на Обвинителството (чие официјално име е Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите), кој е објавен согласно законската обврска на оваа институција да ја известува јавноста и Собранието за својата работа.

Во текот на Извештајниот период од страна на судот се целосно одобрени 15 обвиненија поднесени во месец јуни 2017 година. Во оваа смисла, петтиот извештаен период несомнено претставува потврда на целокупната работа на тимот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од неговото започнување со работа и заклучно со поднесувањето на овој Извештај.

СЈО го истакнува и податокот и дека за 11 од обвинетите лица судовите веќе изрекле и пресуди.

Повеќе на оваа тема прочитајте на „Вистиномер.мк“.