fbpx
Таг: приватни превозници

таг: приватни превозници

Приватните превозници од утре се вклучуваат во јавниот превоз

Денеска в.д. директорот на ЈСП Скопје, Крсте Петревски, го потпиша договорот со приватните превозници, и од утре 105 автобуси ќе сообраќаат на скопските улици. Од ЈСП Скопје информираат дека приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со 105 модерни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди...

Преку селективен брифинг, Арсовска се скри од дел од медиумите

Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска имала брифинг со новинари во ресторанот „Воденица“, на кој било соопштено дека автобусите на приватните превозници за една недела ќе може да се вклучат во скопскиот јавен превоз. Мета.мк не доби покана за присуство на денешниот брифинг со градоначалничката Данела Арсовска, а веќе во неколку наврати од Градот Скопје нашата редакција не добива одговори...

Град Скопје сепак не може без приватните превозници, распишан нов јавен повик за 16 автобуски линии

Град Скопје распиша нов повик за приватни превозници во јавниот превоз. Иако градоначалничката Данела Арсовска тврдеше дека јавниот превоз во главниот град може да функционира и без нив, Градот по трет пат објавува оглас, откако претходните два поминаа неуспешно. Новиот јавен повик се однесува за вкупно 16 линии, односно за линиите со број 9, 11, 11А, 12, 19, 20, 22,...

Катастрофален пад на бројот на патници во скопскиот јавен превоз [инфографик]

На градско-приградските линии од скопскиот јавен превоз лани биле превезени нешто помалку од 28,5 милиони патници, што е за фрапантни 15 милиони патници помалку во споредба со бројот на превезени патници што ЈСП-Скопје го имал пред почетокот на ковид-19 пандемијата. За експертите ова се катастрофални резултати во работењето и бараат час поскоро да се вратат приватните превозници во сообраќај...

Приватните превозници утре со протест пред ЈСП ќе си ги бараат парите

Приватните автобуски превозници кои до неодамна ги одржуваа градско-приградските линии од скопскиот јавен превоз за утре од 9 часот најавија одржување на протест пред седиштето на ЈСП-Скопје во Автокоманда. Тие очекуваат средба со директорот на ЈСП, а нивното барање е да им се исплати долгот којшто ЈСП-Скопје го има кон приватните превозници. „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ кон крајот на минатата...

Град Скопје и Арсовска бараат превозници и за линиите 9, 11 и 12

Град Скопје денеска објави нов оглас за доделување пакет линии и за давање дозволи за линиски превоз на патници во главниот град. Новиот оглас се однесува за линиите 9, 11 и 12, за чие опслужување се бараат најмалку 22 автобуси. Ова е втор оглас за приватни превозници што го распишува градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, откако ги раскина договорите...

Превозниците наместо со Арсовска бараат средба со премиерот, а тој не прифаќа да разговара под притисок и уцени

Приватните автобуски превозници кои протестираат на булеварот Илинден кај бараките на Град Скопје откако ги тргнаа блокадите на крстосниците кај трговскиот центар Мавровка и кај Црвенот крст бараат да бидат примени во Владата бидејќи градоначалничката Данела Арсовска одбива да разговара со нив. Дополнително, тие се заканија дека ќе ги радикализираат протестите ако тоа не се случи. Сепак, премиерот Димитар Ковачевски...

По четири дена измачување, се ослободуваат две од трите блокирани крстосници во Скопје

Приватните превозници утрово почнаа да ги отстрануваат автобусите кои во понеделникот, на 05 декември, ги паркираа на три крстосници во главниот град. Со тоа сообраќајот во главниот град повторно почна да се одвива, колку-толку, по нормално. Превозниците најавија дека од денеска ќе го блокираат булеварот „Илинден“ и тоа четирите ленти во двата правци почнувајќи од бараките на Град Скопје до...

Продолжуваат блокадите во Скопје, сообраќајот и денеска се одвива отежнато

Приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ втор ден по ред протестираат со блокади на повеќе важни сообраќајни точки во Скопје. Нивните автобуси останаа на улица и во текот на ноќта. Како што најавија, таму ќе останат сè додека не почне подмирувањето на долгот што Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) го имаат кон нив. Поради блокадите, сообраќајот во...

Скопје утрово во сообраќаен колапс поради блокадата на „Слобода превоз“

Речиси сите пристапи кон центарот на градот утрово беа блокирани поради штрајкот на превозниците на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Поради блокадата на една од најфрекфентните крстосници, стотици возила беа заглавени и чекаа во колони, па возачите не можеа на време да стасаат на своите работни места. „Живеам во Чаир. Се качив утрово во автобус со број 19. Поради метежот,...

Приватните превозници утре со 30 автобуси ќе блокираат дел од Скопје

Приватните автобуски превозници најавија дека утре ќе го блокираат сообраќајот со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица на крстосницата кај „Мавровка“, на булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“. Протестот и блокадата, како што најавуваат од автобускиот превозник „Слобода превоз“, ќе траат до исполнување на барањата кои превозниците ги имаат до Градот Скопје. Посочуваат дека доколку не...

Приватниците не возат, денеска беа на протест пред Град Скопје, најавуваат и блокади

Возачите на приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ денеска ги паркираа автобусите пред седиштето на Град Скопје на булеварот „Илинден“, барајќи средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска. Од денеска ниту еден приватен превозник не сообраќа на градските и приградските линии од јавниот превоз. Поради ова, на постојките и во автобусите на ЈСП се создава гужви, додека некои од...

Од утре ќе нема приватни автобуси на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 ако денеска не се најде решение за долгот?

Од утре „Слобода Превоз“, претпријатието на приватните автобуски превозници во Скопје нема да вози на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, кои целосно или во голем дел ги опслужуваат токму приватните автобуси, ако денеска до крајот на денот не се најде решение за долгот од отприлика милион евра. Ленин Јовановски го обвини ЈСП Скопје за неисплаќање на парите од...

Јавниот превоз во Скопје и понатаму во хаос, градот не им исплаќа на приватните превозници

Приватниот превозник на автобуски јавен превоз „Макекспрес“ и денеска не ги пушти во сообраќај линиите 19, 20, 22, 52 и 54, бидејќи, како што велат, не добиле пари од Град Скопје. Од канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска, пак, обвинуваат дека кај „одредена група на приватни превозници“ регистрирале низа неправилности и поради оваа причина може да дојде до промена на...

ЈСП уште чека одговор на барањето за владина помош поради зголемените цени на метанот

Помина еден месец од барањето на ЈСП-Скопје за Владата на РСМ да донесе одлука за субвенционирање на работењето на Јавното сообраќајно претпријатие, коешто од почетокот на годинава се соочи со повеќе од двојно зголемување на цената на метанот. „И покрај официјалното доставено барање до Владата преку Град Скопје, сѐ уште немаме добиено никаков одговор“, велат за Мета.мк од ЈСП-Скопје. Зголемувањето на...

Скопскиот јавен превоз со преполовен број патници, да се мисли како да се врати довербата по ковид-19 [инфографик]

Ковид-19 пандемијата го преполови бројот на превезени патници во скопскиот јавен превоз. Во периодот јануари-септември 2020 година, со автобусите на ЈСП-Скопје и на приватните превозници се превезени 16,1 милиони патници, што е за 15.434.000 патници помалку во однос на идентичниот период лани, се вели во Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП-Скопје во периодот јануари-септември 2020 година. Опаѓањето...

Јавен превоз лани користеле 72 милиони патници, продолжува трендот на опаѓање (инфографик)

Со јавен превоз во сите градови од земјава лани биле превезени 72.040.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со линиите од градскиот превоз во 2019 година патувале 42.404.000 патници, додека автобусите од приградските линии превезле 29.636.000 патници. Во овие бројки се вклучени податоците од главниот град, но и од градско-приградскиот превоз што се одржува во Куманово, Велес,...

Билетот за едно возење од денеска може да се користи на сите линии на ЈСП

Откако беше пуштен во пробна употреба на дел од линиите од скопскиот јавен превоз, билетот за едно возење од денес може да се користи на сите градско-приградски линии во Скопје, информираат од ЈСП. Билетот за едно возење чини 50 денари и истиот може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во билетарниците на јавното сообраќајно претпријатие. „Билетот...

Со новите МАН автобуси и мобилната апликација, ЈСП очекува да се зголеми бројот на патници (инфографик)

Со автобусите на ЈСП - Скопје лани биле превезени над 44,1 милиони патници или за околу половина милион помалку во споредба со 2018 година. Трендот на намалување на превезените патници трае минимум шест години наназад, при што од ЈСП се надеваат дека ваквата негативна состојба ќе биде сопрена годинава со набавката на новите МАН автобуси и воведувањето на новите...

Билетот за едно возење се користи на дел од линиите, наскоро и апликација на ЈСП за мобилни

ЈСП - Скопје го пушти во функција билетот за едно возење на дел од линиите од скопскиот јавен превоз. Граѓаните кои патуваат кон Матка со автобус веќе можат да го купат електронскиот билет за едно возење, по цена од 50 денари. Од ова претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се набавени 300.000 билети за едно возење, кои во многу скоро...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...