fbpx
Таг: пристаниште

таг: пристаниште

Ердоган ќе се обиде да го убеди Путин за извозот на жито од Украина

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во рускиот град Сочи на брегот на Црното Море ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, во обид да го убеди да се продолжи договорот за извоз на жито од Украина. Путин во јули еднаш веќе одби да продолжи спогодбата со којашто Русија нема да го попречува извозот на украинско жито, јави...

„Лукоил“ има рок од 30 дена да го врати на Бугарија пристаништето „Росенец“

Откако владата на Бугарија на крајот на минатата седмица донесе одлука да ја укине концесијата на рафинеријата „Лукоил Нефтохим Бургас“ АД за пристаништето „Росенец“, од завчера на оваа компанија ѝ тече 30-дневен рок да го врати ова пристаниште, што го користи без каква било контрола од бугарската држава, јави mediapool.bg. Концесијата за пристанишниот терминал руската компанија „Лукоил“ го добила од...

Нападнато пристаниште на Дунав во Украина, уништени дронови над рускиот регион Калуга

Магацини и амбари на едно од пристаништата на реката Дунав се уништени во напад со беспилотни летала во украинскиот регион Одеса, информираше гувернерот на регионот, Олех Кипер, а пренесе Укринформ. Нема повредени во нападот. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека голема група дронови на руската армија влегле во устието на реката Дунав и се упатиле кон речното пристаниште Измаил во близина...

Радев застана зад „Лукоил“, бара Уставниот суд да го преиспита одземањето на рафинеријата во Бургас

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесе жалба до тамошниот Уставен суд поради одлуката на парламентот во Софија за предвремено раскинување 35-годишната концесија за нафтеното пристаниште „Розенец“ што е потпишано со руската компанија „Лукоил“, пишува Mediapool.bg. Владејачката коалиција на ГЕРБ и Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија го обвинија Радев дека со потегот не го штити националниот интерес на Бугарија, туку влева страв во...

Напад со морски дронови на руското пристаниште Новоросијск во Црното Море

Експлозии во текот на ноќта биле регистрирани во близина на руското пристаниште Новоросијск на Црното Море. Снимки објавени на социјалните мрежи се чини дека покажуваат силни експлозии на пристаништето кое претставува главен центар за рускиот извоз, пренесува Би-би-си. Руското Министерство за одбрана соопшти дека го одбиле, како што велат, украинскиот напад врз нејзината поморска база. Се наведува дека беспилотните летала...

Жестоки напади во Украина, на југот украинските сили напредуваат

Вчерашното попладне, делумно ноќеска и претпладнево во Украина повеќе градови и региони беа цел на напади со ракети и дронови, но украинските вооружени сили сепак остваруваат напредок на југот на земјата, според кажаното од претседателот на Украина, Володимир Зеленски во ноќното обраќање. Руските сили вчеравечер извршиле голем артилериски и ракетен напад на населеното место Березнехувате во регионот Миколаив со две...

Бројките растат, најмалку 100 загинати и околу 4.000 повредени лица во експлозијата во Бејрут

Според последните извештаи за загинати и повредени лица во експлозијата со разорни последици во Бејрут, загинаа повеќе од 100 луѓе, а повредени се околу 4.000. Владата денеска ќе воведе вонредна состојба, а на итен состанок на Врховниот совет за одбрана беше одлучено да се формира посебна комисија за да се истражи причината за експлозијата во пристаништето во централниот дел на...

Вонредни активности на oхридскиот кеј поради намалениот водостој на езерото

Деновиве во Охрид се спроведуваат вонредни активности за расчистување на градскиот кеј на потегот помеѓу двете пристаништа, каде силниот ветар кој дуваше деновиве натрупа големи количини тиња и тешко разградлив отпад кај пристаништето. Како што информираат од ЈП „Охридски комуналец“, на расчистувањето ќе се работи и во наредните денови, бидејќи според проценките на претпријатието, треба да се подигне повеќе од...

Започна санацијата на дел од Охридското пристаниште

Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ започнаа со санациони активности на пристанишниот дел пред капетанијата. Со специјална механизација се вадат камените блокови од езерските води кои претрпеле оштетувања и откорнати се од шеталиштето заради големи бранови под налети на силен јужен ветар. По оваа фаза, ќе се продолжи со санирање на шеталиштето на овој потег.

Oштетувањата на градското пристаниште во Охрид ќе бидат санирани пред летната сезoна

Министерството за транспорт и врски веќе издвоило пари за санирање на оштетувањата на градското пристаниште, а работите ќе почнат кога тоа ќе го дозволи хидролошката состојба. Од буџетот на министерството се предвидени 7,8 милиони денари (126.800 евра) за санација на пристаништата. Поради големото количество врнежи од дожд и снег и очекуваното зголемување на водостојот, работите за санацијата не може да...

Оштетувањата на градското пристаниште во Охрид, нема да се санираат во догледно време

Оштетувањата на градското пристаниште нема да бидат санирани во пресрет на новогодишните празници кога во Охрид се очекуваат голем број гости. Најверојатно сликата нема да се промени ни за Водици. Последното невреме од месец март годинава, направи голема пукнатина на пристапниот дел на објектот кој служи за спуштање на кајчиња, глисери и други помали пловни објекти. „Ние како локална самоуправа,...

Солун, преку Србија, ќе се промовира како балканска бизнис дестинација

Грција и Србија ќе одржат бизнис-форум на 19 март (понеделник) во Солун, на кои ќе учествуваат претставници на двете влади и бизнисмени, пишува грчкиот сајт „Вориа.гр“ Тие ќе разговараат за проблемите со кои се соочува регионот, специфичното деловно опкружување, како и подобрување на условите за бизнис. Околу 150 грчки компании ќе разговараат за можна соработока со околу 75 српски компании активни во...

Македонски државјани го организирале шверцот на 8 тони марихуана, запленета во Италија

Италијанската полиција запленила рекордно количество од 8 тони марихуана, која била натоварена во камион што го управувал македoнски државајнин, пишува весникот „Венеција тудеј“. Според весникот, дрогата била транспортирана со ферибот од Албанија до италијанското пристаниште во Анкона. Италијанските служби, пишува весникот, ја детектирале дрогата на пристаништето, но го пуштиле камионот да помине, а информацијата за транспортот ја чувале во тајност...

Солунското пристаниште апелира да престанат блокадите на Евзони

Грчките земјоделци продолжуваат со блокадата на граничниот премин Евзони, а повремено ја затвораат и железничката пруга од Грција кон Македонија кај преминот Идомени. Ова е интензивирање на штрајкот на земјоделците, кои се закануваат дека ако нивните барања за средба со премиерот Алексис Ципрас не се остварат, може да го блокираат и граничниот премин Идомени. Нов апел да се стави крај на...

Грчките блокади и замрзнатиот Дунав ја оптоварија железницата, се бара вагон повеќе

Железничкиот превоз e оптоварен и капацитетите на возовите се целосно исполнети, алармираа македонските компании кои бараат алтернативен превоз поради блокадата на граничниот премин Евзони од страна на грчките земјоделци, која трае веќе една недела. Директорот на Македонска железница „Транспорт“, Никола Костов за „Мета“ вели дека нема прекин на железничкиот сообраќај и редовните коминтенти се сервисираат навремено, но побарувачката за железнички превоз...

Инциденти и судири на Крит помеѓу грчки земјоделци и вработени на пристаништето

Голема група грчки земјоделци се судрија со вработени на пристаништето на Крит, гневни поради еднонеделниот штрајк на вработените во поморските служби. Поради штрајкот, веќе една недела нема ниту еден брод од и кон островите во Грција што создава големи проблеми за снабдувањето на островите, но и за земјоделските производи кои треба да се пренесат кон копно. Групата земјоделци се собра на пристаништето...

Македонската и грчката железница бараат начини да ја подобрат соработката

Управите на грчката железница и на солунското пристаниште ги интензивираат напорите да се подобри соработката и транспортот на стоки кон Македонија преку „Македонски железници“, за да се залечат раните од постојаните штрајкови, блокадата на железничката линија и проблемите со персоналот изминатите две години. На оваа тема во Солун вчера разговараа првите луѓе на грчката железница, солунското пристаниште и претседателот на „Македонски железници“,...

Реконструкција и преуредување на крајезерското шеталиште во Охрид

По двогодишни подготовки и неуспешниот конкурс за избор на идејно решение од 2015 година, Општина Охрид, конечно, го објави тендерот за реконструкција и за партерно уредување на Кејот Македонија. Станува збор за потегот од градското пристаниште до хотелот „Гарден“, кој продолжува преку Холандскиот парк и мостот Студенчишта, со новото шеталиште во доизградба – сè до комплексот „Инекс Горица“. Идејниот и основниот проект...

Пад на прометот на солунското пристаниште

Прометот на солунското пристаниште опаднал за 20,4 отсто во првите шест месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Пристаништето во првите шест месеци годинава има промет од 21,1 милиони евра, во споредба со 26,6 милиони во првите шест месеци од 2015 година. Причината за намалената заработка и опсег на работа се проценува дека се двомесечната блокада на железничката...

Во октомври истекува рокот за понудите за приватизација на солунското пристаниште

Грчкиот фонд за приватизација во октомври ги очекува финалните понуди за приватизација на солунското пристаниште. Заинтересираните компании ќе треба да ги поднесат своите понуди на отворениот тендер до почетокот на октомври за преземање на мнозинскиот пакет од 67 отсто од акциите на солунското пристаниште. Во првата фаза од тендерот за приватизација на второто најголемо пристаниште во државата, кое значително го...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...