fbpx
Таг: Прилеп

таг: Прилеп

Прилепчани повторно протестираат против полициската бруталност

По вчерашниот масовен протест против полициската бруталност во центарот на Прилеп, каде значителна бројка граѓани излегоа да ја поддржат иницијативата која бара оставка од министерката за внатрешни работи, поради обид за прикривање на убиството на Мартин Нешкоски, денеска се одржа продолжение на протестот. Поголема група граѓани протестираа низ улиците во центарот на градот, пред полициската станица и пред зградата на...

Денеска во 18 часот втор протест во Прилеп

По вчерашниот масовен протест против полициската брруталност во центарот на Прилеп, каде значителна бројка граѓани излегоа да ја поддржат иницијативата што бара отставка од министерката за внатрешни работи, поради обид за прикривање на убиството на Мартин Нешкоски, денеска се организира продолжение на протестот. По неколку несакани моменти, каде провокатори се обидоа да предизвикаат инциденти со полицијата, обид кој навремено беше спречен...

Автомобил удри пешак и побегна

Сообраќајна несреќа се случи во центарот на Прилеп, кога автомобил удрил пешак на пешачки премин и избегал. Според очевидците, се работи за сива „опел астра“, која поминувајќи на црвено, го удрила пешакот кој бил на половина пат да ја премине улицата. По брзата интервенција на Итната медицинска помош, повредениот е хоспитализиран со скршеница на левата нога. Прилепската полиција и истражен судија работат...

Прилепчанец вршел кражби во Кичевско

Прилепчанецот Е.А. (43) „олеснил“ многу семејства во Кичево и во Кичевско. Во периодот од јуни 2014 година до март 2015 година, со употреба на подесен предмет и со кршење на бравите, цилиндрите и на стаклата, насилно отворал врати и прозорци од куќи и од помошни објекти низ градот. Притоа противправно одземал пари, златен накит, ЛЦД-телевизор, лаптоп-компјутери, мобилни телефони, текстилна стока,...

Момчето што кршеше во Прилеп има фотографии и со Милошоски и со Јанкулоска

По вчерашниот инцидент, во кој 22-годишно момче од Прилеп во раните утрински часови со лопата ги искрши стаклата на општинската зграда во Прилеп, се појавија написи што го поврзуваат со Стојанче Ангелов, додавајќи му на инцидентот нагласена политичка нота. На ваквите пишувања, со реакција до порталот „10 без 10“ (10bez10) се огласи и момчето кое стои зад вчерашниот инцидент. Тој во писмото вели...

Груевски од Прилеп: Си ги знаеме маните, но ваков СДСМ не ни е алтернатива

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, денеска се обрати на народниот собир што ВМРО-ДПМНЕ го организираше во Прилеп. Груевски на почетокот од говорот истакна дека градоначалникот Марјан Ристески во соработка со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, сработил повеќе од 400 проекти во овој град. Пред насобраните граѓани потоа говореше за лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за кого кажа...

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи народен собир во Прилеп

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска, во 13 часот, ќе одржи народен собир во Прилеп. Како што информираат од партијата, собирот ќе се одржи во прилепската универзална сала Арена „Сонце“, а на него свое обраќање ќе има претседателот на партијата, Никола Груевски. На собирот, како што е најавено, ќе бидат изнесени ставовите и позициите на ВМРО-ДПМНЕ за актуелните случувања и плановите на партијата за...

ВМРО-ДПМНЕ: Сашо Велески е еден од најлошите примери

Бирале, бирале, бирале кој да ја држи прес-конференцијата во Прилеп, па го избрале еден од најлошите примери на човек кој, додека 20.000 прилепчани останаа без работа, се збогати во време на транзицискиот мрак и апашката приватизација во Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Сашо Велески, претседателот на општинската организација на СДСМ во Прилеп. „Во времето...

Ристески: СДСМ го остави Прилеп уништен и во долгови

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, по „бомбата“ на СДСМ, одржа прес-конференција на која кажа дека во времето на СДСМ, 35.000 работници останале на улица, имало уништени земјоделци и тутунари, пропаднале многу фирми и биле избркани странски инвеститори. - Прилеп беше град на страв и на терор, на рекет по фирми, бомби, ама вистински, за бизнисмени и за значајни личности, уцени и закани...

СДСМ од Прилеп: Им уривале и ги казнувале сите што не им се по волја

На плоштадот Методија Андонов Ченто во Прилеп, денеска СДСМ презентираше нови снимки од прислушувани разговори. Според  претседателот на општинската организација на СДСМ, Сашо Велески, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, со градоначалникот и со други соработници, договарал уривање на шанкови и на тераси, вработувања и замена со кадри од ВМРО-ДПМНЕ, подготвувал список на фирми, блиски до СДСМ, каде треба...

Денови на Агенцијата за вработување во Прилеп

Во рамки на „Денови на Агенцијата за вработување“, директорот на АВРМ, Влатко Попоски, денеска го посети Центарот за вработување во Прилеп. - Преку овие средби сакам да ги слушнам невработените и работодавците дали владините мерки се соодветни или не, дали се постапува по нив, да ги информираме за сите можности и привилегии што ги нудиме - изјави Попоски. Попоски информираше и за мерките...

Исчезна 25-годишен пациент од Демир Хисар

Од 7 март, за исчезнат се води 25-годишниот Тони Корачоски од Прилеп, кој веќе шест месеци бил хоспитализиран во психијатриската установа во Демир Хисар. Во саботата на 7 март, околу 15 часот, вработените во болницата забележале дека пациентот го нема, а по неколку часа била известена неговата мајка и почнала потрага по момчето, кое по смртта на неговиот татко, пред...

Годишна изложба на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“, прилепскиот фотокино-клуб „Прилеп“, утре во 19 часот, ќе ја отвори својата втора годишна изложба „Јордан Зазоски-Зазо“. Во изложбата ќе бидат вклучени 55 фотографии од 22 автори: Александар Десоски, Виктор Керов, Гоце Трајкоски, Филип Николоски, Дарко Митрески, Христијан Ѓеоргиев, Христијан Петрески, Петар Кироваков, Александар Кочоски, Наташа Гелева, Димитар Ристески, Христијан Николоски, Горан Попоски, Љупчо Атанасоски, Божидар Барлакоски,...

Тешка сообраќајка во Битола, едно лице се бори за живот

Вчеравечер, во два часот по полноќ, во Битола на улицата Партизанска, се случила тешка сообраќајна несреќа. Во возилото се наоѓале две лица, Х.С. на возрасот од 19 годни и Т.С. на возраст од 21 година, кои поради здобиени повреди со возило на Итната медицинска помош биле префрлени во Клиничкиот центар во Битола. Возачот Х.С., поради сериозноста на повредите, е во...

Прилеп го одбележа празникот на својот светец-заштитник

Со посна трпеза во центарот на градот, со песна и со многу благослови за свети Никола да ги чува прилепчани, градот Прилеп го прославува денот на својот светец-заштитник. На прославата присуствуваше претседателот Ѓорге Иванов, пратеници од Собранието, градоначалникот Марјан Ристески, како и многу граѓани. Во чест на денешниот празник, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена и изложбата „Уметниците во чест...

Иванов во Прилеп на одбележувањето на Свети Никола

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Прилеп ќе присуствува на одбележувањето на верскиот празник Свети Никола. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов за време на престојот во Прилеп ќе ја посети и изложбата „Уметниците во чест на св. Никола“ во Ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“, како и компанијата „Микросам“.

„Џентерм“ од САД планира идната година да отвори фабрика за автокомпоненти во Прилеп

Компанијата „Џентерм“ со седиште во местото Нортвил, сојузна држава Мичиген, САД, извести дека има намера во четвртиот квартал од 2015 година да отвори нова фабрика во близина на Прилеп. Ова предмалку на својот фејсбук-профил го најави и премиерот Никола Груевски. Во првата фаза, фабриката ќе биде на површина од околу 6.000 квадратни метри и ќе произведува комплетна линија на уреди за затоплување...

Протест на вработените од „Еурокомпозит“

Пред зградата на Општина Прилеп, денеска протестираа вработените во прилепскиот загубар „11.Октомври-Еурокомпозит“, барајќи ги своите плати и придонеси. Најголемиот дел од вработените имаат повеќе од 30 години работен стаж и тврдат дека решението на проблемот лежи кај Владата. Вработените велат дека утрово не им било дозволено да влезат во фабриката.

Изложба на графичарката Валентина Илијевска во Прилеп

Во галеријата на Центарот за култура ,„Марко Цепенков“ во Прилеп, денеска во 19 часот  ќе биде отворена самостојна изложба на графики на графичарката Валентина Илијевска. Изложбата носи наслов „За вредностите“ и содржи 24 графички листови работени во техниките дрворез, линорез и комбинирана техника.

СДСМ: Прилепската болница е без греење и без топла вода

Опозицискиот СДСМ денеска соопшти дека во прилепската болница „Борка Талески“ нема греење и топла вода, ниту во болничките соби, ниту во амбулантите, ниту во операционите сали. - Сметката на болницата е блокирана за долг од околу 120 милиони денари, набавката на мамограф за рано откривање на малигни болести никако да се случи, а во сите одделенија недостигаат апарати и специјалистички...

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...