fbpx
Таг: пријава

таг: пријава

Прилепчанка прскала запалива течност во угостителски објект и се заканувала со пожар

Полицајци во Прилеп вчера доцна вечерта ја уапсиле прилепчанката К.И.(32), под сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност" по чл. 288 од КЗ. Случајот вчера околу 22 часот во ОВР Прилеп го пријавил Т.К.(61) од Прилеп, кој известил дека половина час претходно во неговиот угостителски објект во Прилеп влегла К.И. и со шише наполнето со запалива течност прскала по подот...

МОН отвори мејлови на кои ученици можат да пријавуваат врсничко насилство

Mинистерството за образование и наука (МОН) отвора адреса за пријавување насилство во училишта, [email protected], односно [email protected] како централно место каде може да се пријавува училишно насилство, за да можат институциите веднаш да реагираат и да спречуваат сериозни ситуации. Ова денеска го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој денеска присуствуваше во Гостивар на ученичкиот натпревар „Образовно рандеву“. Тој...

Закани за поставени бомби и денеска стасаа на адресите на 20 училишта

Нови дојави со закани за поставени бомби пристигнале денеска на електронските адреси на 20 училишта во Скопје и во Куманово, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Учениците и вработените се евакуирани, а на терен се прават проверки. „Попладнево е пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и 8 во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа....

Започнува вакцинација против сезонски грип, набавени 40 илјади вакцини

Следната недела започнува вакцинацијата против сезонски грип, информираат од Министерството за здравство. За оваа намена се набавени 40.000 вакцини против сезонски грип за ранливи групи население. Се чека да завршат законските процедури во МАЛМЕД за да започне вакцинирањето, а граѓаните имаат опција да пополнат пријава за вакцинирање. „Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од компанијата „Абот“ од Холандија....

Еко-мапа е новата алатка преку која граѓаните можат да пријавуваат еколошки проблеми

Новата еколошка алатка за граѓаните, Еко-мапа, денеска беше презентирана на вториот ден од Националната конференција за клима, што е дел од проектот „Да зборуваме за климатските промени“ на Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, со финансиска поддршка на ЕУ. Оваа интерактивна алатка е создадена со цел да овозможи мапирање на различни еколошки проблеми на цела територија во земјава, кои потоа,...

Граѓаните кои пријавиле загадување ќе добијат извештај што преземала инспекцијата

Пријавите на граѓаните за загадување на воздухот, водата или почвата повеќе нема да лутаат. Со новата онлајн платформа, која ја презентираа Државниот Инспекторат за животна средина и Институтот за комуникациски студии, изработена во рамките на кампањата „Разбистри сè“, претставките тие ќе одат директно до инспекторите, кои ќе можат навремено и ефикасно да постапуваат по нив. Новата платформа ќе ги собира...

Панчевски од денеска се наоѓа во затворот во Шутка

Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, од денeска напладне се наоѓа во КПУ Затвор Скопје, Шутка. Тоа за МИА го потврдил директорот на затворот, Есад Рахиќ. Според него, Панчевски денеска во 12 часот напладне самиот се пријавил во затворот. При приемот бил прегледан, му била измерена температура и откако се утврдило дека нема никакви симптоми на ковид-19,...

Во МВР пријавени 10 изборни инциденти од 11 до 12 часот, половината биле во Кочани

МВР соопшти дека во периодот од 11 до 12 часот денеска добило 10 пријави за изборни инциденти и нерегуларности. Половината од нив се во Кочани. Полицијата работи на утврдување на фактите. Во Полициското одделение Шуто Оризари, граѓанин пријавил дека негов сосед на улица „Гарсија Лорка“ ги зема другите соседи со своето патничко возило и ги убедувал да гласаат за политичка...

Во Хелсиншки комитет граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право

„Со оглед дека веќе започна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право и во Комитетот, на телефонските броеви (0)2 3119 073 и 072 278 436, или на  [email protected] “, соопштија од Хелсиншки. Потсетуваат дека...

Оваа недела започнуваат уписите на ученици во прва година во средните училишта

Пријавувањето и запишувањето на ученици во прва година, во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се реализира во еден уписен рок и истото започнува со првото пријавување на 16 и 17 јуни 2020 година, информираат од Град Скопје. Уписите продолжуваат во второто и третото пријавување од уписниот рок на 24, 25 и 29 јуни 2020 година. „Средните училишта на...

Превозниците ќе може да пријават корупција на граничните премини преку мобилна апликација

Владата, надлежните институции и Асоцијацијата на превозници „Макам-Транс“ денеска потпишаа Меморандум за заедничка соработка, во борбата против корупцијата на граничните премини при влез и излез во земјата, како и граничните премини во странство. Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров истакна дека најважно средство во борбата против криминалот е информацијата за направени незаконити дејствија, навремено да стигне до надлежните институции...

ОБСЕ: Само два проценти од жените кои доживеале семејно насилство пријавиле во полиција

Разгледувајќи го извештајот на ОБСЕ еден податок ме загрижи - само два проценти од испитаните жени кои имаат доживеано насилство од нивните партнери во полиција го пријавиле како сериозен инцидент. Ова мора итно да го менуваме. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствуваа на презентација на Извештајот на ОБСЕ...

Контраспин: Сулејман Реџепи преку спин стаса до говор на омраза

Не постои народ кој може да се окарактеризира како „дива животиња“. Не постои народ како таков, а да „нема идентитет“ и не постои нешто што би можело да се нарече „бездушен народ“. Стереотипи, навреди и шовинизам. А, до овој говор на омраза Реџепи стигна преку друго извртување на вистината – нема попречување на изградби на џамии, за што зборува...

Планинарски тури на Шар Планина треба да се пријавуваат во СВР-Тетово

Сите што организираат планинарски акции на Шар Планина, организирани преку планинарски клуб или индивидуално, акциите треба да ги пријават во СВР - Тетово писмено или усмено. „При пријавување, пожелно е да посочат односно информираат каде поконкретно ќе се движат и колку мислат да се задржат, за да може побрзо да се лоцираат и доколку евентуално има потреба, да им се...

Повикот за протест против загадениот воздух во сабота е анонимен, без познат организатор

Повикот за протест против загадениот воздух пред Собранието во сабота е анонимен, односно не е познато кој стои позади неговата организација. За овој настан, граѓаните најпрво се информираа во приватни пораки на Фејсбук, а потоа беше креиран настан „Канцерогено Општество Сабота 13:00 Пред Собрание“. Настанот до денеска не е пријавен ниту во МВР, информираа од таму за „Мета“. Иако од МВР...

Александар Чапаровски доби условна казна по обвинението за поткуп

Поранешниот директор на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски, кој беше обвинет за поткуп, доби условна казна од една година, доколку во рок од две години не направи кривично дело. Чапаровски во мај минатата година беше пријавен за примање поткуп. Го пријавил родител на малолетно дете на кого директорот во својство на лекар му барал илјада евра за издавање потврда...

Министерство за здравство демантира дека исчезнало бебе на Клиника за гинекологија

Министерството за здравство категорично ги отфла информациите пласирани во јавноста дека исчезнало бебе на Клиниката за гинекологија, информираат од таму. „Министерството ја информира јавноста дека бебето и мајката се на Клиниката за гинекологија и нивната здравствена состојба е добра. Истовремено, сакаме да информираме дека е поднесена пријава до МВР за насилно однесување против семејството на родилката“, се вели во соопштението...

СДСМ најави пријава против Јакимовски поради кршење на Изборниот законик

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска најави дека ќе поднесе „соодветна пријава“ против градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, поради кршење на Изборниот законик со поставувањето камен-темелник за нова градинка во општината. „Откако СДСМ вчера ги обелодени лошите услови во градинката „Мајски цвет“ и беше обелоденето дека Стевчо Јакимовски со години ги лажеше граѓаните и им ветуваше изградба на нова градинка...

УЈП ќе го поедноставува поднесувањето годишни даночни пријави

Управата за јавни приходи (УЈП) најавува дека ќе го поедностави системот за поднесување годишни даночни пријави и понатаму оваа инстутуција тоа ќе го прави електронски. Од УЈП неодамна информираа дека работат на даночните реформи во делот на персоналниот данок на доход, што значи поедноставување на процедурите за пријавување и за плаќање на данокот. - Земајќи предвид дека новините и даночните реформи во...

Битолчанец, кој бил пријавен за исчезнат, пронајден мртов

Вчера во 12.35 часот во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека на улицата Партизанска бил пронајден починат 68-годишниот М.Ј. од Битола, соопшти МВР. Како што информираат од полицијата, М.Ј. на 12 март оваа година бил пријавен за исчезнат. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...