fbpx
Таг: приходи

таг: приходи

Наплатата на приходите во април била за 1,4 милијарди денари повеќе од очекуваното

Наплатата на приходите во април е подобра за 1,4 милијарди денари од најоптимистичкото сценарио за реализација на приходите во услови на корона кризата, изјави министерката за финанасии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција. „Наплатата на приходите од почетокот на годината е за 4,9 проценти пониска во однос на минатата година. Согласно основното сценарио на Министерството за финансии за економскиот резултат во...

На МРТ ѝ требале уште 469 вработени, во моментов ангажирани 755 лица (инфографик)

На Македонската-радио телевизија (МРТ) ѝ недостасуваат 469 вработени, според најновиот Правилник за систематизација на работните места што го усвоил Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана на 23 април годинава. За извршување на работните задачи во јавниот радиодифузен сервис е утврдено дека се потребни 1.224 извршители, додека во моментов се пополнети 755 работни места во оваа куќа. Податоците ја покажуваат...

УЈП наплатила за 79 % помалку ДДВ, а вкупните приходи се намалиле за 38,15 %

Во првите две недели од април, има пад од 79 проценти на наплатата на данокот на додадена вредност (ДДВ), информираше денеска на прес-конференцијата во Владата, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска. Вкупните приходи за овој период се намалиле за повеќе од 38,15 проценти. „Во периодот од јануари до март вкупниот даночен приход кој што е собран од...

Со намалената фреквенција на возила на патиштата ќе опадне и приходот од патарините

Епидемијата на корона вирусот во нашата земја и сите ограничувања на движењата на граѓаните што досега се воведоа, доведуваат до намалена фреквенција на возила на патиштата, а со тоа веројатно е да има и опаѓање на приходите од наплата на патарина. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ потенцираат дека е рано да се прават проценки за тоа...

Приходите на МРТ продолжиле да опаѓаат и лани, заедно со бројот на вработени (инфографик)

Македонската-радио телевизија (МРТ) во 2019 година остварила вкупни приходи од 15,1 милиони евра или за 300.000 евра помалку во однос на 2018 година, се вели во Годишниот консолидиран извештај за 2019 година на ЈРП МРТ. Приходите на јавниот радиодифузен сервис опаѓаат веќе петта година по ред, при што лани истите биле намалени за околу 5,7 милиони евра во споредба...

Корона вирусот го преполови бројот на патници во скопскиот јавен превоз

Епидемијата на корона вирусот во земјава предизвика значајно намалување на бројот на патници во скопскиот јавен превоз. Деталните пресметки за изминатиов месец допрва ќе се прават, но првичните извештаи велат дека двојно е намален бројот на граѓани што ги користат градските автобуси во Скопје, покажуваат податоците на ЈСП - Скопје. - Генерално, бројот е намален двојно, па дури и повеќе....

Ангеловска: Раст на наплата на ДДВ за 11 отсто, „МојДДВ“ дава резултати против сивата економија

Наплатата на данокот на додадена вредност (ДДВ) е подобрена за 11 проценти во првото полугодие од спроведувањето на „МојДДВ“, рече министерката за финансии Нина Ангеловска, во синоќешното гостување во емисијата „Топ Тема“. Оваа мерка според Ангеловска, од една страна дава резултати во сузбивањето на сивата економија, а од друга страна 260.000 граѓани-контролори за истото добиваат награда преку поврат на ДДВ,...

Јавните пари во медиумите ја убија новинарската критика (инфографик)

Државата повторно станува еден од најголемите огласувачи во медиумите, со што се отвара можност политичките партии да влијаат на начинот на известување на новинарите. Од 2015 година, кога под притисок на новинарските здруженија и на меѓународниот фактор, владата на Груевски беше принудена да прогласи мораториум на владиното рекламирање, последните две години количеството на јавни пари во медиуми во разни...

Анализа: Како општинските татковци ги полнеле и трошеле буџетите во 2019

Ниту успеале да ги соберат планираните приходи, ниту успеале во целост да ги реализираат планираните трошења. 2019-та година за општините во земјава беше уште една фискална година во која не се остварија во целост планираните буџети. Лани, според најновите податоци од Министерството за финансии, реализацијата на вкупните приходи на сите општински буџети била во износ од 603,2 милиони евра...

Рекордни 44,3 милиони евра од патарини во 2019 година (инфографик)

Јавното претпријатие за државни патишта лани успеало да собере рекорден надоместок од возачите за користењето на македонските автопати. Од патарина во 2019 година биле инкасирани над 44,3 милиони евра, односно за околу 9,1 отсто повеќе во споредба со претходната година. Наплатните станици во последниот квартал од 2019 година оствариле приход од над 10,1 милиони евра, додека најмногу средства биле...

Собранието го усвои буџетот за 2020 година

Собранието го усвои буџетот за 2020 година со 65 гласа „за“ и 23 „против“ како и Законот за извршување на буџетот од 2020 година во рамки на 125. седница. Буџетот за идната година изнесува 3,9 милијарди евра, приходите се планирани на 3,6 милијарди евра, расходите на 3,9 милијарди евра, а буџетскиот дефицит е предвиден на ниво од 2,3 отсто. За власта...

Приходите на МРТ во континуиран пад – лани помали за 26 отсто во споредба со 2015 (инфографик)

Македонската радиотелевизија (МРТ) бележи континуиран пад на вкупните приходи од работењето во изминативе четири години. Финансиската анализа за националниот радиодифузен сервис покажува дека вкупните приходи во 2018 година изнесувале 15,4 милиони евра, што е за 26 отсто помалку во споредба со 2015 година. Како што покажува анализата „Финансиското работење на државните претпријатија под лупа“ на Центарот за граѓански комуникации, кај...

Вкупните приходи на 30 најголеми државни претпријатија се намалиле за 35 проценти

Вкупните приходи на 30 најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа за периодот од 2015 до 2018 година се намалиле за дури 35 проценти. Просечната стапка на профитабилност за анализираните четири години изнесува скромни 5,9 проценти. Ова го покажува „Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија“ која денеска ја објави Центарот за граѓански комуникации денеска. Анализата ја детектира состојбата...

ААВМУ ќе истражува колкави приходи остваруваат онлајн медиумите и какво е мислењето на граѓаните за нив

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ќе изготви Студија за утврдување на влијанието на новите медиуми врз формирањето на јавното мислење и врз работењето на традиционалните медиуми во земјава. Документот што треба да биде завршен на почетокот од следната година ќе ги утврди вкупните приходи на онлајн медиумите во 2018 година, нивната структура, како и уделот на...

Рекордни 13,7 милиони евра прибрани од патарините во јули, август и септември

Јавното претпријатие за државни патишта годинава ќе ја заврши со рекорден приход прибран од патарините. Во периодот јули - септември 2019 година од овој надоместок се инкасирани 13,7 милиони евра во буџетот на ова претпријатие, што е за 3,9 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година. За првите девет месеци од годинава, македонските патарини донеле вкупен приход...

„Градски паркинг“ за 4 години заработил над 1,7 милиони евра од паркингот во Клинички центар (инфографик)

Над 1,7 милиони евра заработило јавното претпријатие „Градски паркинг“ во изминативе 4 години од управувањето со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Податоците од годишните извештаи за работењето на ова претпријатие за периодот 2015 - 2018 година покажуваат дека овој паркинг му носи најголеми приходи во споредба со било кој друг јавен паркинг со кој...

Дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот на собраниска седница

Дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот за 2019 година, што минатата недела помина во Владата, е доставен во Собранието и е на дневен ред на денешната седница како последна точка. Дополнетиот предлог ги содржи деветте амандмани што беа прифатени на расправата по предлог-ребалансот во собраниската матична Комисијата за финансирање и буџет, а кои главно опфаќаат реалокација помеѓу веќе утврдените ставки во рамки...

Кешот уште царува на патарините – одвај 5,6 отсто од приходите се електронска наплата

Електронскиот систем за наплата на патарините засега ѝ носи скромни приходи на државата. Уделот на новиот начин на наплата во вкупните приходи од патарина во изминатово лето изнесувал околу 5,6 отсто. Од продажбата на електронските уреди за плаќање на патарина и од надополнувањето на овие уреди во јули и август биле инкасирани околу 528.000 евра. Наспроти ова, вкупните приходи...

Летово низ патарините минале 13,8 милиони возила – 740.000 повеќе од лани

На македонските патарини летово поминале над 13,8 милиони возила или за над 740.000 возила повеќе од лани, не вклучувајќи ги оние граѓани што го користеле електронскиот систем на наплата. Јавното претпријатие за државни патишта во текот на јуни, јули и август годинава од патарините остварило вкупни приходи од над 13,6 милиони евра, односно за над 660.000 евра повеќе во...

Од патарина во првото полугодие собрани над 18,2 милиони евра

Јавното претпријатие за државни патишта остварило раст на наплатата на патарина во првите шест месеци од годинава. Од овој надоместок се инкасирани над 18,2 милиони евра, што претставува зголемување од 3,6 отсто во споредба со првото полугодие од 2018 година. Ова јавно претпријатие од патарини планира да собере над 44,6 милиони евра во текот на 2019 година, се наведува...

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...