fbpx
Таг: приговори

таг: приговори

Управниот суд напладне ќе одлучува по тужбата од ВМРО-ДПМНЕ

Управниот суд за денеска напладне закажа седница на која ќе ја разгледува тужбата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на ДИК да се поништи гласањето во едно избирачко место во Гостивар по приговорот поднесен од Беса. Советот кој ќе одлучува по оваа тужба ќе го води судијката Есма Алибашиќ-Јонуз, а членови се Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, Тања Терзиева и Ељмедине Асани. Денеска...

Управниот суд ја заврши расправата по тужбите од СДСМ, рокот за одлука е утре во 19 часот

Управниот суд ја заврши јавната седница на која попладнево судиите ги разгледуваа двете тужби поднесени од СДСМ за решенијата на Државната изборна комисија по приговорите за предвремените парламентарни избори. Едната тужба се однесува за избирачкото место 1978 во општина Тетово, а другата е за одбиениот приговор за избирачкото место 2025 во општина Теарце. Судиите известители на јавната седница ги прочитаа тужбите...

Кој го раководи и што е Управниот суд, кој ќе пресече за резултатот од изборите

Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера, пред истекот на рокот (ноќеска, на полноќ), соопштија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд за дел од одлучките на Државната изборна комисија по приговорите околу текот на гласањето на изборите на 11 декември. Управниот суд, пак, сега, според членот 150 од Изборниот законик, откако ќе ги прими тужбите, има рок од 48 часа...

Истече рокот за поднесување тужби на партиите до Управниот суд

Ноќеска на полноќ истече рокот за поднесување тужби од политичките партии до Управниот суд во врска со одлуките на Државната изборна комисија за приговорите за текот на гласањето на изборите на 11 декември. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на жрепка, во рок од 48 часа, на јавна седница треба да одлучат како ќе...

ДИК го одби и последниот приговор на СДСМ

Со четири гласа „за“, четири „против“ и еден воздржан, ДИК вечерва го отфрли приговорот на СДСМ за гласачкото место 2011 во Теарце, во шестата изборна единица. За одлуката не гласаше претставникот на ДУИ во ДИК, Субхи Јакупи, кој претходно рече дека експертите треба да одлучат за последниот предлог и се иззеде од гласањето. Согласно Изборниот законик, одлуката на ДИК се...

Тече рокот за тужби на партиите до Управениот суд

Тече 24-часовниот рок за тужби по решенијата на Државната изборна комисија (ДИК). Од ДИК синоќа најавија дека правната служба на комисијата ќе ги подготви и ќе им ги достави Беса и на коалицијата предводена од СДСМ решенијата за 13 приговори за кои веќе донесе одлука. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на ждрепка, во...

ДИК денеска ќе одлучува за последниот приговор на СДСМ

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе продолжи да расправа за последниот приговор на коалицијата предводена од СДСМ за избирачкото место 2011 во Теарце, во шестата изборна единица. Според приговорот, на ова гласачко место, на почетокот на гласањето било констатирано дека недостига гласачко ливче, кое на крајот при пребројувањето на гласовите било најдено во избирачката кутија. Членовите на ДИК вчера побараа...

ДИК отфрли уште еден приговор на СДСМ, а за последниот ќе одлучува утре

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва едногласно го отфрли приговорот на СДСМ кој се однесуваше на постапката за утврдување на резултатите од гласањето на избирачкото место 2016, a последниот приговор на СДСМ, како што соопшти претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, ќе биде разгледуван утре, на седница закажана за 11 часот. - Ви соопштувам дека ДИК вечерва ќе работи на изготвување на...

Тодоров: ДИК испраќа невини луѓе во затвор заради политичките амбиции на СДСМ

„Со незаконската одлука за графолошко вештачење не само што Државната изборна комисија (ДИК) активно се вклучи во фалсификување на волјата на народот, туку испраќа во затвор невини луѓе само за да ги задоволи политичките амбиции на СДСМ“, изјави денеска на прес-конференција носителот на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, Никола Тодоров. - Со одлуката да се врши графолошко...

Амбасадата на САД повика процесот на приговори за изборите да се одвива законски

Политичките партии треба да овозможат процесот на приговори за резултатите од предвремените парламентарни избори од 11 декември да се одвива во согласност со законот, изјавија од Амбасадата на САД, на прашањето на „Мета“ како ги коментираат синоќешните вербалните напади врз странски дипломати во Македонија, говорот на омраза и апелите за линч. - Ова беа тесни избори и природно е што страстите...

ДИК досега отфрли два приговори на СДСМ за неправилности при гласање

Државната изборна комисија ги отфрли приговорите на СДСМ за избирачките места 2.010 и 2.025 кои се во шестата изборна единица во општина Теарце. Приговорите за овие избирачки места се однесуваат на преправани записници, како и на несовпаѓање на бројките на гласачите со распределбата на гласовите. Членот на ДИК од СДСМ, Игор Милев, истакна дека записникот во избирачкото место 2.025 е невалиден. -...

ДИК го бара записникот од гласачко место 2.011 да утврди кога исчезнало гласачкото ливче

Државната изборна комисија почна да постапува по приговорите на СДСМ за гласањето на одредени избирачки места и долго расправа по првиот, од вкупно осумте приговори, кој се однесува на избирачко место број 2.011 во шестата изборна единица. На ова гласачко место, според приговорот на СДСМ, на почетокот на гласањето било констатирано дека недостига гласачко ливче, кое на крајот при пребројувањето на гласовите,...

ДИК одби седум приговори на Беса, за осмиот ќе одлучува дополнително

Државната изборна комисија одби седум, а дополнително ќе одлучува по осмиот приговор од Движењето Беса за текот на гласањето и за постапката на утврдување и на сумирање на гласовите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември, по што членовите на комисијата заминаа на пауза за ручек од еден час. Во последниот приговор, Беса тврди дека во општина...

Во тензична атмосфера, членовите на ДИК отфрлија два приговори од Беса

Државната изборна комисија во тензична атмосфера и со постојани препирки меѓу членовите, одбија два од осумте приговори поднесени од Движењето Беса. Првиот приговор за избирачко место во општина Арачиново беше одбиен затоа што од Беса не доставиле докази пред истекот на рокот. Да не го прифатат приговорот, членовите на ДИК одлучија со седум гласа „против“ и со два гласа „за“. - Ако ги...

ДИК денеска ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи јавната седница на која Комисијата ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември. „Државната изборна комисија ве известува дека во големата сала на ДИК (централа во Скопје, 4 кат), ќе се...

ВМРО-ДПМНЕ: ДИК да не влегува во сценарија за постизборен инженеринг

„ВМРО-ДПМНЕ внимателно и одблиску, со крајна сериозност и загриженост ја следи работата на Државната изборна комисија и најновото одложување на одлучувањето по апсурдните приговори од страна на СДСМ и на Беса“, се вели во соопштението од партијата, чиј извршен комитет денеска одржал седница на која било разговарано за „актуелната политичка состојба и постојаното одолговлекување на официјализирањето на изборните резултати“. Од...

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола излегоа на улиците да ја чекаат одлуката на ДИК

Стотици членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ од Битола попладнево околу 16 часот се собраа пред зградата на општинскиот комитет на партијата, во центарот на градот, поради, како што велат, нивниот гнев од непризнавањето на изборните резултати од страна на опозицијата. Портпаролката на битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Марковска, вели дека членството и симпатизерите на партијата се собрале спонтано во исчекување...

ДИК утре ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

Државната изборна комисија (ДИК) за утре ја закажа седницата на која треба да расправа и да одлучува по приговорите од партиите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Во ДИК сè уште го немаат утврдено времето кога ќе се одржи седницата и велат дека за тоа дополнително ќе информираат. „Државната изборна комисија известува дека седницата...

Партиите до ДИК доставиле 16 приговори, СДСМ и Беса по осум

До државната изборна комисија поднесени се 16 приговори кои се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември, но и за постапката на утврдување и на сумирање на гласовите. - СДСМ и партијата Беса поднесоа по осум приговори. Приговорите на Беса се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Гази Баба и Липково, а приговорите на СДСМ во...

ДИК: Рокот за приговори истекува денеска во 19 часот

Приговорите за постапката за гласање, политичките партии можат да ги поднесуваат најдоцна до 19 часот денеска, соопшти попладнево Државната изборна комисија. „Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати“, велат од...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...