fbpx
Таг: прифатен центар

таг: прифатен центар

Вистиномер: Бегалците од Авганистан наидоа на македонската хуманост и гостопримливост, но и на нетолеранција

На крајот на август, доцна ноќта во нашата држава пристигна првата група од 149 бегалци од Авганистан. Во Скопје стасаа по неколкудневна драма што се случуваше на аеродромот во Кабул откако Талибанците ја преземаа власта во оваа азиска држава. Страотни слики го опколија светот кога и главниот град Кабул падна во рацете Талибанците. Илјадници преплашени лица се најдоа на...

МВР демантира: Прифатниот центар во Гази Баба нема да се користи за бегалците од Авганистан

Министерството за внатрешни работи (МВР) „најостро ги демантира дезинформациите пласирани од одредени портали дека Прифатниот центар во Гази Баба ќе се користи за сместување на бегалците од Авганистан, и дека министерот Спасовски тоа го потврдил“. Како што порачаа од МВР, всушност станува збор за преселување на Прифатниот центар за странци во близина на Бардовци. Користениот статус на министерот Спасовски е во...

Во прифатниот центар во Визбегово тече попишувањето на бездомните лица

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
За бездомните семејства кои се сместени во прифатниот центар во Визбегово во тек е пописната акција која започна на 1 март и ќе трае до 15 овој месец. Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска го посетија овој прифатен центар за поддржано живеење. Според Шахпаска, пописот е многу важна,...

Комесаријат за бегалци: Во Прешево ниту еден мигрант не останал без храна

Комесаријатот за бегалци и за миграција од Србија соопшти дека ниту еден мигрант во Прифатниот центар во Прешево не останал без храна, откако претставникот на Црвен крст, Ахмет Халими, изјави дека на мигрантите не им се дели храна, туку само топли чаеви и супа. Оттаму, исто така, наведуваат дека во Прешево постојано се присутни претставници на меѓународната заедница и дека секојдневно...

Доналд Туск и Роберт Фицо во посета на Македонија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во рамките на својата турнеја по балканските земји погодени од мигрантската криза, денеска ќе престојува во Македонија. За попладне е најавено тој да се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Денеска во Македонија ќе бидат и премиерот на Словачка, Роберт Фицо, и словачкиот министер за внатрешни работи, Роберт Калинак. Тие, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Спасовски очекува мудра одлука на ЕУ за мигрантската криза

Ние ќе можеме да примиме толку бегалци колку што ќе можат да примат другите земји од западно-балканската рута, Србија, Хрватска и понатаму, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при денешната поста на Прифатниот центар „Вунојуг“ кај Гевгелија, со неговиот чешки колега, Милан Хованец. Спасовски вели дека се очекува земјите членки на Европската Унија да донесат мудра и соодветна одлука...

Народниот правобранител реагира на третманот кон бегалците

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска изрази загриженост дека повеќе од 1.500 бегалци вчера во прифатниот центар „Винојуг“, Гевгелија, цел ден и цела ноќ ја поминале на отворено. Причина за нехуманиот третман на бегалците, како што наведува Мемети, е затворање на двата големи монтажни шатори, како и блокирањето на железничката пруга од такси-возила. Народниот правобранител смета дека институциите надлежни за справување со...

МВР: Македонија од синоќа пропушта само мигранти од кризни жаришта

Како реакција на добиените известувања од соседните држави, Македонија вчеравечер, во 19 часот, ја активирала мерката за селективен пристап на мигрантите што доаѓаат од Грција, соопшти Министерството за внатреши работи (МВР). Во согласност со ваквата мерка, транзит до земјите на ЕУ им се овозможува само на бегалците од државите каде има воени конфликти, односно од Сирија, Авганистан и од Ирак, но...

Хан во Гевгелија: Следната недела ќе разговараме за нова помош за Македонија

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утрово пристигна во Гевгелија, во посета на прифатниот центар за бегалци во Гевгелија, каде се сретна со бегалците од Сирија. - В понеделник, преставници на Европската комисија и експерти од вашата земја ќе прават процена на состојбата, за да ги идентификуваат потребите од дополнителна финансиска помош, опрема и од човечки ресурси за поефикасно...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...