fbpx
Таг: причини

таг: причини

Тахографот на автобусот е изгорен, истрагата за несреќата продолжува

Истрагата што бугарските истражни органи ја водат за ноќешната трагична несреќа на автопатот близу Перник, Бугарија, во која во автобусот на превозник од Северна Македонија загинаа 45 патници, наидува на одреден проблем, бидејќи е изгорен тахографот што го бележи движењето на автобусот. Бојко Рановски од Извршната агенција „Автомобилска администрација“ за Бугарското национално радио (БНР) појасни дека не може да се...

Стојанов: Неопходно е да се анализира зошто имаме од 20 до 30 починати дневно

Потребно е да направи анализа и да се види зошто е голем бројот на смртни случаи како последица на ковид-19. Година и половина се занимаваме со пандемија, но сепак бројот на починати граѓани е голем, вели д-р Александар Стојанов, епидемиолог и поранешен директор на Центарот за јавно здравје. Според евиденцијата на Министерството за здравство, бројот на смртни случаи во...

ОЈО: Недозволена брзина и неисправни сопирачки причини за несреќата кај Ласкарци

Едномесечната истрага на Основното јавно обвинителство Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 лица утврдила дека возењето со брзина над дозволената, како и техничката неисправност на автобусот на „Дурмо Турс“ се главните причини за сообраќајката. Обвинителот Сашо Рајчев на денешната прес-конференција соопшти дека автобусот се движел со недозволена брзина од 99 километри на час на автопат на...

Пожар пеплоса куќа во Ново Лисиче, зафатена и соседната

Синоќа околу 22 часот избувнал пожар во двокатна куќа на улицата Михаил Глинка, во скопската населаба Ново Лисиче, сопственост на 59-годишниот Б.Џ., информира полицијата. Во пожарот нема настрадани и повредени лица. Куќата целосно изгорела во пожарот, а огнот се проширил и на соседната куќа, сопственост на С.А. (46), при што целосно бил опожарен кровот и дел од инвентарот во приземјето. Пожарот...

Причините за пожарот во возилото на таткото на Боки 13 засега непознати за полицијата

Возило, марка „бмв икс 5“, ноќеска било опожарено на улицата Варшавска, во скопската населба Тафталиџе, информираат од полицијата. Причините за пожарот, кој избувнал околу 1.40 часот, засега се непознати, а возилото, сопственост на Ј.Ј., било целосно опожарено. Пожарот, како што информираат од полицијата, бил изгаснат од екипа на скопската противпожарна бригада во 2.25 часот. Увид на местото ќе се врши денеска. Инаку, медиумите...

Миновски: Состојбата со производството на струја во Македонија е катастрофална

Ситуацијата со производството на електирична енергија во Македонија е катастрофална и оваа година земјава ќе произведе најмалку струја од кога и да било досега, изјави денеска на прес-конференција Драган Миновски, генерален директор на АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ). За ваквата состојба тој ги обвини претходните раководства на компанијата, кои, како што рече, изминативе години работеле недомаќински и неодговорно. - Во 2006...

Османи: Најмалку што ни треба е отворање на нови прашања со соседите

Сè уште се нејасни причините за повлекување на персоналот на амбасадата на Србија во Скопје, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, истакнувајќи дека треба да се почекаат целосните информации и да не се избрзува со „заклучоци, декларации и изјави кои што можат дополнително да ги влошат односите“ Османи наведе дека Македонија има и ќе има конректен однос кон...

Три лица загинале во пожар во бегалски камп во Либан

Голем пожар денеска избувнал во камп за сириски бегалци во Либан, во кој, според информациите на локалните медиуми, загинале три лица. Кампот се наоѓа во долината Бека, во близина на градот Каб Елиас, недалеку од Бејрут. На снимките што ги објавила либанската телевизија можела да се види најмалку една експлозија. Безбедносни извори изјавиле дека причините за пожарот се сè уште непознати. Во...

Уште едно лице починало од пукањето во Бутел, причините за инцидентот и понатаму непознати

Скопската полиција сè уште ги истражува причините и работи на расчистување на случајот во кој 84-годишниот П.Т., жител на населбата Бутел, вчера во својот дом пукаше во сопругата, нивната ќерка и во внукот, а потоа се самоуби. Триесет и двегодишниот внук, од сериозноста на повредата, почина на самото место, а како што соопшти денеска полицијата, утрово во Клиничкиот центар во...

Бројот на загинати во пожарот во лондонската висококатница достигна 79 лица

Бројот на загинати или исчезнати лица во пожарот во висококатницата во Лондон достигна 79 лица, соопшти денеска британската полиција, јавуваат агенциите. Според претходно објавените податоци, бројот на настрадани или исчезнати по пожарот изнесуваше 58 лица. Официјални претставници на британските власти навеле дека зградата Гренфел, која има 24 ката, сè уште се пребарува, а во тек е и истрагата што треба да утврди...

Меј нареди истрага за причините за пожарот во зградата во Лондон

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денеска нареди истрага за причините за пожарот во зградата во западен Лондон, во кој загинаа 17 лица, јавуваат светските агенции. Меј својата одлука ја објави по нејзината посета на местото на пожарот, за време на која британската премиерка не даде изјава за медиумите. Според командирот на лондонската полиција, Стјуарт Канди, во болница на лекување се...

Четири лица загинаа во пад на грчки воен хеликоптер кај Лариса

Четири воени лица загинаа, a една жена е тешко повредена во воен хеликоптер кој денеска се урна во област близу грчкиот град Лариса. Хеликоптерот летал од Лариса кон Кожани, кога се изгубил од радарот нешто пред 8 часот, во близина на областа Еласонас. Центарот за справување со кризи почнал потрага по хеликоптерот еден час подоцна. Грчките спасувачки екипи ги нашле остатоците...

Се урна хеликоптер на војската на САД во Мериленд, еден загинат и двајца повредени

Американски воен хеликоптер од типот „УХ-60 блек хок“ ноќеска се урнал на терен за голф во сојузната држава Мериленд, за време на рутински лет, при што едно лице загинало, а две биле повредени, соопштила армијата на САД, јавуваат светските агенции. Причините за несреќата засега не се познати, соопштиле од американската војска. Според информациите во медиумите, тројцата членови на екипажот на хеликоптерот спроведувале...

СДСМ: Иванов да не одолговлекува и веднаш да го даде мандатот

Го повикуваме Иванов да не одолговлекува, во обид да ги спаси Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за криминалот и за злоупотребите, и веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска влада, стои во реакцијата на СДСМ на изјавата од кабинетот на Иванов дека „пречките за определување мандат сè уште не се отстранети“. - Единствената пречка за Република...

Повеќе од 100 мигранти се удавиле во бродска несреќа во близина на Либија

Повеќе од 100 мигранти се удавиле во бродска несреќа во близина на брегот на Либија, јавуваат светските медиуми. Пред неколку дена, телата на 74 мигранти биле исфрлени на брегот на либиски град Завија, но тогаш не се знаеле причините за смртта. Според изјавите на еден од преживеаните мигранти, на бродот имало 133 лица, а само 24 од нив се спасиле.

Пакистанските власти почнаа истрага за авионската несреќа во која загинаа 47 лица

Пакистанските власти почнаа истрага во врска со авионската несреќа, која се случи вчера и во која загинаа сите 47 патници и членови на екипажот, соопштија денеска официјални претставници на властите во Исламабад. Меѓу загинатите, како што јавуваат светските агенции, имало и две деца и тројца странски државјани, а властите навеле дека во тек е ДНК-анализа за идентификување на жртвите. Пакистанскиот министер...

Најмалку девет загинати во пожар во Оукленд, Калифорнија

Најмалку девет лица загинале, а 25 се водат како исчезнати во пожар во градот Оукленд, во американската сојузна држава Калифорнија. Пожарот избувнал во магацин во зграда во кој се одржувала забава, соопштиле денеска од локалната противпожарна служба, додавајќи дека засега сè уште не е позната причината за пожарот. Пожарот избувнал триесетина минути пред полноќ, според локално време, а од огнот...

Кина: Најмалку 21 загинат во експлозија во електрана

Најмалку 21 лице загинале, а петмина биле повредени во експлозија во електрана во централната кинеска провинција Хабеј, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации од официјални службени лица. Според кинеските медиуми, во централата во градот Данјанг експлодирала цевка за пареа под висок притисок. Спасувачки екипи веднаш пристигнале на местото, а полицијата ги истражува причините за експлозијата. Инаку, ваквите несреќи во Кина...

Најмалку 13 лица загинале во пожар за време на роденденска забава во Франција

Најмалку 13 лица загинале, а неколкумина се повредни во голем пожар кој избувнал за време на роденденска забава во клубот „Ле Куба Либре“ во францускиот град Руан, јавуваат локалните медиуми. Според информации од противпожарната служба во главниот град на француската покраина Нормандија, загинатите лица во пожарот биле на возраст меѓу 18 и 25 години. Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев...

Кривичниот суд има 477 стари нерешени предмети, најстариот е од 1998 година

Во Основниот суд Скопје 1, во одделите за кривично полнолетни, кривично малолетни и Одделението за организиран криминал и корупција, има вкупно 477 стари нерешени предмети, постари од две години, а најстариот е од 1998 година, покажала последната анализа направена во јуни годинава, соопштија денеска од судот. Судии од Апелацискиот суд, кои на почетокот на април биле во посета на првостепениот суд, утврдиле...

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...