fbpx
Таг: презентација

таг: презентација

Утре презентација на проектот „Домашна работа“ на Кристина Божурска во КСП Центар – Јадро

Утре со почеток во 20 часот во КСП Центар- Јадро ќе се одржи презентација на проектот „Домашна работа“ на уметницата Кристина Божурска. Овој проект, како што кажаа од Центар- Јадро, има цел да развие експериментални и колаборативни форми на уметничка пракса, каде што фокусот е насочен кон процесот и можностите што произлегуваат од тој процес. „Нашата почетна точка на онлајн...

Ковачевски: Како домаќини на големата и сложена НАТО вежба покажавме дека сме рамноправни со нашите НАТО-сојузници [Галерија]

Над 30.000 граѓани на Скопје и на Северна Македонија, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и амбасадорките на САД и на Обединетото Кралство, Кејт Брнз и Рејчел Галовеј, денеска на спортскиот аеродром „Стенковец“ присуствуваа на отворениот ден за воздухоплови кој се организира во рамките на вежбата „Swift Response 22“,...

Патување меѓу градови со брзина од над 1.000 километри на час, „Virgin“ го претстави превозот на иднината

Ново средство за масовен превоз што ќе ги постави стандардите за патување на 21-иот век со брзина на движење што ќе достигнува 670 милји, или 1.078 километри на час. Ова е најновата видео презентација на проектот „Virgin Hyperloop“ на милијардерот Ричард Бренсон, чиишто соништа за намалување на времетраењето на патување и пронаоѓањето на нови превозни средства на иднината не...

„Мајкрософт“ го претстави оперативниот систем Windows 11

Уиндоус 11
После неколкумесечни најави, новиот оперативен систем на „Мајкрософт“ и официјално на онлајн настан ѝ беше претставен пред јавноста. Windows 11 доаѓа откако критиките кон „Мајкрософт“ пораснаа во текот на изминатава година додека траеше пандемијата, а луѓето остануваа дома и поминуваа повеќе време со Windows 10 за работа, образование и забава, па сѐ повеќе се жалеа на недостатоците на актуелниот оперативен...

Започна IGN Summer of gaming 2021, презентирани нови игри

Преку стрим во живо, на 11-ти јуни започна настанот IGN Лето на Игри 2021 (IGN Summer of gaming 2021) преку IGN Expo стримот, каде се презентираа светски премиери на повеќе нови игри, различни од оние кои ги рекламираат другите вакви настани. https://www.youtube.com/watch?v=WW_dt_Q0aeI *Снимката на YouTube од почетокот на настанот Покрај големата популарност на пукачките игри FPS (First Person Shooter) како Counterstrike, Overwatch,...

Медиумските реформи се во тек, темпото и квалитетот варираат од сектор до сектор

Реформите во медиумската сфера течат, но со различно темпо и квалитет во различните сектори, беше истакнато на денешната презентација на вториот периодичен извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“, Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка од...

Стратегијата за проширување на ЕУ ќе биде презентирана на 6 февруари

Стратегијата за проширување на Европската Унија наречена „Уверлива перспектива за проширување на земјите од Западен Балкан“ ќе биде презентирана на 6 февруари за време на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур. Како што објави порталот „Еуропијан Вестерн Балканс“, колеџот на Европската комисија со кој ќе претседава претседателот на Комисијата Жан Клод Јункер ќе заседава утрото во Стразбург и до...

Бугарскиот амбасадор на 15 јануари во Собранието ќе ја презентира програмата за ЕУ

Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Великов Петков, на седница закажана за 15 јануари пред собраниската Комисија за европска прашања ќе ги презентира програмата и приоритетите на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија. Инаку, Бугарија претседавањето со ЕУ во следните шест месеци ќе го посвети на четири приоритети - иднината на Европа и младите луѓе, Западен Балкан, безбедноста и...

Собраниската комисија за европски прашања ќе расправа за планот „3-6-9“ на Владата

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе го претстават планот „3-6-9“ пред Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија. Седницата на Комисијата е закажана за 12.30 часот и на неа со свои ставови околу владиниот план за реформите неопходни за напредок на земјата кон евроатлантските интеграции, ќе се произнесат и политичките партии во...

Туристичката понуда на Охрид беше презентирана на саем во Москва

Неодамнешните промотивни активности на Општина Охрид за позиционирање на градот на мапата на атрактивни туристички дестинации на Саемот за туризам во Москва, наидоа на голем пласман во руските медиуми. Меѓу другите медиуми, Охрид се најде и на веб-страницата „Вотпуск“ која дневно ја посетуваат повеќе од 90.000 посетители, меѓу кои најбројни се претставниците на туристичките агенции, тур-оператори и потенцијалните туристи. Претставници на туристички...

Утре завршна конференција на проектот „Навивај без омраза“

Проектот „Навивај без омраза“, кој беше спроведен од 10 млади активисти, новинари и студенти, а беше финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Албанија, ќе се финализира утре на прес-конференција која ќе се одржи во „ГЕМ-клубот“ со почеток во 14 часот. Притоа ќе бидат презентирани активностите на проектот, како што се влијанието на социjалните мрежи во спречувањето на говорот за...

Алармантно загрозени новинарските слободи во земјите од Западен Балкан

Законите за медиумите во земјите од Западен Балкан се усогласени со европските стандарди, но нивната примена е лоша, што довело до алармантно загрозување на новинарските слободи и до влошување на социјалната и на економската положба на новнарите, покажува истражувањето за слободата на медиумите и за безбедноста на новинарите во земјите од Западен Балкан, спроведено од членови на новинарски здруженија...

Новинарски екипи оневозможени да следат настан во Рускиот дом во Белград

На новинарските екипи на телевизијата Н1, на „Инсајдер“, како и на националните српски телевизии „Прва“ и „Б92“ денеска не им било дозволено да присуствуваат на претставувањето на макетата со идниот изглед на внатрешноста на куполата на храмот „Свети Сава“, што се одржува во Рускиот дом во Белград, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. На конференцијата по повод претставувањето на декорацијата...

По „бомбите“, граѓаните се песимисти дека нешто можат да сторат против корупцијата

Зголемена апатија и намален број на граѓани кои се подготвени да направат нешто во бората против корупцијата, се главните карактеристики на годинешниот „Барометар на глобалната корупција“, за ситуацијата во Македонија, кој денеска го презентираше претседателката на „Транспаренси интернешнл Македонија“, Слаѓана Тасева. Имено, за разлика од пред две години, кога 88 отсто од анкетираните граѓани рекле дека се подготвени да направат...

Еко-кампања за зачувување на Охрид

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“, објави дека во соработка со „Еко-свест“, денеска во Охрид ќе организира презентацијата, насловена „Едно е!Вредно е!“. Презентацоијата е дел од кампањата за зачувување на Охридскиот Регион, единственото од УНЕСКО заштитено подрачје во Македонија. - Како дел од кампањата ќе бидат претставени и заклучоците за Степенот на зачуваност на светското природно и културно наследство – Охридскиот...

Бурна расправа во ДИК за извештајот за теренската проверка на гласачите

Презентирањето на извештајот за теренската проверка на спорните гласачи во ДИК, поминува во бурна расправа меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Тие поинаку ги толкуваат бројките од пополнетите и внесени прашалници од теренската проверка на 87.352 гласачи. Според Игор Милев, член на СДСМ во ДИК, многу од прашањата во анкетните листови се неодговорени и за нив треба да се направат дополнителни...

Презентација на нов туристички производ „Блаканска пешачка авантура“

Во Охрид денеска ќе биде промовиран нов туристички производ, „Блаканска пешачка авантура“ (Balkan hiking adventure), чија цел е збогатување на понудата за активен одмор во регионот. Креацијата jа помогнаа германското Друштво за меѓународна соработка - ГИЗ, преку Сојузното Министерство за меѓународна соработка и развој на Германија. Целта е да се поттикне економскиот развој во пограничните области на полошкиот, југозападниот и на...

Саемот во Франкфурт е голема можност за претставување на компаниите

Македонските компании денеска се запознаа со можностите за претставување на саемот во Франкфурт. Саемот не е комерцијален, туку е наменет за деловни активности во насока на зголемување на бизнис-активностите на компаниите од областа на текстилната индустрија, стоки за широка потрошувачка, автомобилска индустрија, техника, забава. - Македонските компании можат да одат на нашите саеми како посетители или како излагачи, да ги претстават своите производи, да...

Презентација на комплетната Фулбрајтова наставна програма во Струга

В четврток, 5 март, во Американското катче во Струга ќе се одржи презентација на програмите за едукација и за постдипломски студии, финансирана од Амбасадата на САД во Република Македонија. Презентер на програмите ќе биде претставник на амбасадата, стручен соработник за размена на програми за едукација. Пред присутните ќе бидат претставени програмите Општа Фулбрајтова програма, Фулбрајтова програма за постдипломски студии, Фулбрајтова сениорска...

Охридската куќа, филигранот и храната, адути за туристичка промоција на Охрид

Факултетот за туризам и угостистителство во Охрид и секторот за туризам и локален економски развој при Општината ја организираа финалната презентација на проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“, чија цел е вклучувањето на младите во туристичката промоција на охридските традиционални вредности, јавуваат дописникот на „Мета“ од Охрид. Охридскиот бисер, накитот од филигран, сувенирите, како...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...