fbpx
Таг: превоз на ученици

таг: превоз на ученици

СВР: Во Тетово и Гостивар учениците се возат во претоварени комбиња и со возачи без дозволи

Учениците во Тетово и Гостивар на школо одат во претоварени комбиња со кои управуваат возачи што немаат возачка дозвола, открил СВР Тетово при контрола на сообраќајот, известува „Порталб.мк“. - Вчера од 6 до 9 часот во Гостивар имаше акциска контрола на 35 комбиња од јавниот превоз. Притоа беше утврдено дека девет комбиња се претоварени, осум возачи немале лекарско уверение, тројца...

„Транспортер“: Одбраната на Талески побара иземање на судиите

На новото рочиште за случајот „Транспортер“ во Основен суд Скопје 1 денеска, на кое се присутни сите 21 обвинети лица, адвокатот на главниот обвинет, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, побара изземање на судечкиот совет. Со тоа, уште еднаш се повтори практиката бранителите на поранешните високи функционери од различни нивоа да бараат изземање на судиите кои ги судат случаите по...

Нов случај на злоупотреби со превоз на ученици во Битола

Директорот на средното училиште „Таки Даскало“ од Битола, во текот на учебната 2015/2016 исплатил повеќе пари на превозник отколку што реално требало и затоа доби кривична пријава од СВР Битола за злоупотреба на службената положба и овластување. Според полицијата В.Т.(52) од Битола, иако од благајникот му било предочено дека во пристигнатите фактури и списоци за превоз на ученици, бројот на...

Талески осомничен во случајот „Транспортер 2“, што го отвори ОЈО Битола

Основното јавно обвинителство Битола отворило случај под името „Транспортер 2“, во врска со тендер за превоз на ученици за учебната 2015/2106 година, во кој еден од осомничените е градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека СВР Битола,  постапувајќи по наредба на Обвинителството, поднел посебен извештај против битолскиот градоначалник и уште пет лица вработени во Општината...

СЈО пред Велигден поднело обвинение против Талески за „Транспортер“

Специјалното јавно обвинителство го поднело обвинителниот акт за случајот „Транспортер“, во кој првоосомничен, односно сега првообвинет, е актуелниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, кого СЈО го товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму додаваат дека обвинителниот акт до Кривичниот суд - Скопје бил поднесен пред велигденските празници. Како што информираат...

Општината Кочани ќе крати од буџетите на училиштата поради долгот за бесплатниот превоз на учениците

Долгот на кочанските училишта кон превозниците, за неколку годни колку што се спроведува владиниот проект за бесплатен превоз, достигна близу милион евра. Ова го тврди кочанската опозиција, која нема точен податок во врска со износот на долгот. Советот на Општината Кочани на последната седница донесе одлука да им одбива од блок-дотациите на училиштата, што стигнуваат од централната власт. Ќе им...

Учениците од плачковичките села ќе тргнат на училиште

Еден и пол месец по почетокот на учебната година, дваесетина ученици од подплачковичките села во Карбинско ќе тргнат на училиште. Општината Штип ја исполнила својата законска обврска и им обезбедила превоз на учениците. Родителите неодамна реагираа, исплашени од казните што можат да им следат поради тоа што децата не посетуваат настава. Општина Штип склучи договор за превоз на учениците од подплачковичките села со фирмата...

Притвор за уште двајца осомничени во случајот „Транспортер“

Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена на двајца од тројцата осомничени во случајот „Транспортер“, кои денеска беа на распит во Кривичниот суд во Скопје, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. На третиот осомничен, според информациите од судот, му биле одредени мерки за претпазливост, односно да му биде одземен пасошот, да се јавува пред...

Oсомничен во „Транспортер“ доби притвор по сите основи

Судија на претходна постапка му одредил 30 дена притвор на еден од осомничените во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО) по сите три основи од ставот 165 од Законот за кривична постапка, додека на други тројца им се определени мерки на претпазливост, потврдуваат за „Мета“ од Кривичниот суд во Скопје. Според информациите, станува збор за вработен во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...