fbpx
Таг: превод

таг: превод

Вистиномер: Преку старо видео и лажен превод се манипулира дека Зеленски вечерал со нацисти од Азов

Видеото е дел од подолг видео материјал од 24 минути кое Зеленски самиот го има објавено на својот Фејсбук профил, а за кое имаат известувано и украинските медиуми. Од датумот во новинарските написи, евидентно е дека видеото потекнува од 2019 година, за што сведочат и фотографии објавени на веб-страницата на претседателот. Во случајов не станува збор за средба со...

Италијанскиот наградуван роман „Збогум, сеништа“ објавен на македонски јазик

Мистериозната драма, книгата „Збогум, сеништа“ на италијанската авторка Надја Теранова од денеска е достапна и за македонската читателска публика во издание на „Антолог“. Станува збор за поетичен и интимен роман за изградбата на сопствениот идентитет кој раскажува за опседнатоста со загубата, таа борба гради в гради што сите мора да најдеме начин да ја преживееме. Имено, протагонистка е 30-годишната Ида која...

Порталб: Веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт на албански јазик сè уште не е готова

Агенцијата за млади и спорт сè уште ја нема подготвено албанската верзија на веб-страницата, иако во август за Порталб.мк најавија дека кон средината на септември ќе биде готова. Заменик-директорот на Агенцијата, Авни Рустеми, иако е на чело на оваа институција една година, сè уште не успеал да ја преведе веб-страницата на Агенцијата, а освен тоа, истиот не е достапен...

Порталб: Агенцијата за млади и спорт сѐ уште нема готова веб-страница на албански јазик

Агенцијата за млади и спорт сѐ уште нема верзија на албански јазик на веб-страницата, иако пред еден месец за Порталб.мк рекоа дека до средината од септември ќе биде пуштена во функција. Од Агенцијата за млади и спорт, за Порталб.мк минатиот месец информираа дека им пристигнала донацијата од ОБСЕ за новата веб-страница, што ќе биде на три јазици: албански, македонски и англиски. Прашањата...

По веста на Порталб, Агенцијата за млади и спорт најавува нова веб-страница, која ќе има превод на албански јазик

По веста на Порталб.мк во врска со непреведувањето на веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт (АМС) на албански јазик, согласно обврската од законот за јазици, од Агенцијата за Порталб.мк велат дека во моментов тече тендерска постапка за создавање нова веб-страница на оваа институција, која според нив, ќе биде и на албански јазик, пишува Порталб.мк. Веб-страницата на единствената институција во...

По веста на „Порталб.мк“, наставните програми се преведени на албански јазик

Шест дена откако „Порталб.мк“ предупреди дека наставните програми за учебната 2020/2021 година не се преведени на албански јазик за илјадници наставници Албанци, Бирото за развој на образованието вчера ги објави истите и на албански јазик, пренесува „Порталб.мк“. Овие наставни програми или курикулуми, на коишто наставниците се базираат при креирањето на секој час, денес може да се најдат и на албански...

Комисиската седница за Изборниот законик е откажана, се чека преводот на 5.899 амандмани

Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која требаше да почне амандманската расправа за предлог-измените на Изборниот законик кои предвидуваат една изборна единица и отворени листи е откажана. Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски, во Собранието изјави дека амандманската расправа не може да почне, бидејќи не се преведени сите амандмани поднесени на предлог-законот. Тој информираше дека досега...

Контраспин: Судот има преведувачи, но преводот на списите за „ТНТ“ може да ги застари кривичните дела

Адвокатот Даути дури и формално да е во право, де факто спинува, затоа што неговото право на употреба на албанскиот јазик во постапаката за ТНТ ќе доведе до прекршување на судење во разумен рок, облигација од ЗКП која судот мора да ја спроведе. За да ја спроведе, судот мора ги спречи злоупотребите на правата на странките во постапката. Злоупотребата,...

Ќе платиме 771.000 евра за превод на правото на ЕУ

Владата на една од последните седници ја разгледала информацијата за отпочнување на постапка за јавна набавка за услуги за подготовка на националната верзија на Правото на ЕУ - Писмен превод на ЕУ акти, национални акти, други документи од важност за процесот на европска интеграција и писмен превод на други материјали за потребите на Секретаријатот за европски прашања, со склучување...

Боки 13, Крлеуша: Kога „Rest In Peace (RIP)“ стана „Одморете се во мир“…

Порталот „ Екран“ денеска (13.08.2019) објави текст со наслов: „(ВИДЕО+ФОТО) БОКИ 13 „РЕКЕТИРАЛ“ ПОРАДИ ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША: „Курир“ открива што плус се крие зад аферата „Рекет““,  комплетно преземен од српски „Курир“ заедно со фотографиите и без никаква јазична, лекторска интервенција.   Освен што во споменатиот напис не е направена никаква проверка на искажаните тврдења во „Курир“ барем кај уште еден извор, туку е пласиран како да се работи за стопроцентна вистина, има проблеми и со преводот.  Уште...

Книгите од проектот „Превод на 1050 стручни и научни наслови“ и натаму скапуваат во магацините

Помина една година откако „Порталб.мк“ откри дека илјадници книги од проектот „Превод на 1050 стручни и научни наслови од странски автори“ се наоѓаат во магацините на Министерството за образование и наука во Гостивар. Истата судбина ја имаат и книгите финансирани од Министерството за култура. Иако власта вети дека книгите ќе се дистрибуираат по институции, и по една година книгите сè...

Владата на Груевски потрошила најмалку 19 милиони евра за книги што не се користат (2 дел)

Илјадници лошо преведени книги од помпезно насловениот проект на владата на Груевски „1.050 книги“ скапуваат по влажни магацини. Деветнаесет милиони евра завршија во темните депоа во Скопје и Гостивар. „Порталб.мк“ влезе во мемливите депоа полни со лошо преведени и преплатени книги за коо никој сега не презема одговорност и нема идеја што да прави. Автор: Фатбарда Цури 1-от дел од сторијата. Лошиот...

Владата на Груевски потрошила најмалку 19 милиони евра за книги што не се користат и скапуваат во магацини (I дел)

Илјадници лошо преведени книги од помпезно насловениот проект на владата на Груевски „1.050 книги“ скапуваат по влажни магацини. Деветнаесет милиони евра завршија во темните депоа во Скопје и Гостивар. „Порталб.мк“ влезе во мемливите депоа полни со лошо преведени и преплатени книги за кој никој сега не презема одговорност и нема идеја што да прави. Автор: Фатбарда Цури 770 наслови се печатени...

Џафери: До сега се преведени 17.000 амандмани, поднесени се за да направат блокада

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека до овој момент се преведени 17.000 амандмани, од вкупно 35.569 амандмани кои опозицијата ги поднесе за Законот за употреба на јазиците. „Има членови кои имаат и по 300 амандмани, како што е случајот со членот 5, за кој ќе треба време да се преведат. Очигледно е дека ова е политичко прашање и амандманите се донесени...

Високи поетски признанија за Шипинкаровски, Петрески и за Мундишевска-Велјановска

Струшкиот поет Петко Шипинкаровски е добитник на Висока награда и на диплома од прв степен за песните „Езеро“, „Мочуриште“ и „Плагијат“, како и на наградата „Јубилејна грамота“ за учество на десеттиот Меѓународен славјански конкурс за преводи во поезијата (2016, 2017). Конкурсот го распиша еден од најголемите руски портали „Стихи ру“ од Москва, организиран од руската поетеса Олга Малцева Арзиани. На овој...

Никуљски: Не може преводот да се третира како стока на продажба

„На тендерите што се распишуваат за превод или за ангажман на преведувач, основен и единствен критериум е цената. Не може преводот се третира како да е сапун или прашок или некоја друга стока и цената да биде главната причина поради која го ангажирате преведувачот“, е ставот на претседателката на Здружението на преведувачи, Огнена Никуљски. - Ние, како здружение, имаме усвоено светски...

Едицијата „Бајки од Македонија“ преведена и на англиски јазик 

По големиот успех на домашниот пазар, едицијата „Бајки од Македонија“ станува достапна и за светската читателска публика, во превод на англиски јазик. Англискиот превод на едицијата „Бајки од Македонија“ беше претставен и на еден од најголемите светски саеми на книгата, саемот во Франкфурт, пред издавачи од целиот свет. Бројни издавачи од балканските земји, Средна Европа, Исланд и Азија - Малезија, Тајланд,...

Промовирани нови 10 книги од проектот за превод на стручни и научни книги

Денеска беа промовирани нови 10 наслови од областа на медицината и на стоматологијата, транспортот и телекомуникациите, туризмот и бизнис-логистиката, правото, ликовната уметност, природноматематичките науки, како и од областа на машинството и на електротехниката. Оваа промоција се одржа во рамки на владиниот проект за превод на 1.000 стручни и научни книги од кои се учи на врвните светски универзитети. Со денешната...

СДСМ: Да се објават резултатите од конкурсот за превод на македонски книги

СДСМ бара Министерството за култура да ги објави резултатите од конкурсот за превод на македонска литература на странски јазици. Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, вели дека, според нивните информации, дел од грантовите биле со понижувачки мал износ. - Со обајавување на имињата на авторите, ќе се открие дали е исполнет критериум за репрезентативни дела на македонската...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...