fbpx
Таг: превезени патници

таг: превезени патници

Опаѓа бројот на железнички несреќи, патувањето со воз најбезбедно за граѓаните (инфографик)

И покрај финансиските потешкотии со кои се соочува железницата и долгогодишното минорно вложување во неа, возот лани бил најбезбедното превозно средство во земјава. Ниту еден загинат патник не е регистриран во билансот на железнички несреќи што се случиле во нашата земја. Во 2019 година имало вкупно 81 вонреден настан во железничкиот превоз, во кои 4 лица загинале и 15...

Воведувањето комбиниран билет за воз и јавен превоз ќе почека на надминување на корона кризата

Ковид-19 кризата е причина за прекинување на сите контакти меѓу Градот Скопје и Железници на РСМ-Транспорт околу можноста за воведување на комбинираниот билет за воз и јавен превоз, како и други поволности за патниците што ги користат овие средства за масовен превоз. Од Град Скопје за „Мета.мк“ информираат дека вработените во нивниот Сектор за сообраќај имале контакт со Железници...

Ковид-19 предизвика историски негативни резултати во транспортот на патници во земјава

Јавниот превоз во градовите, меѓуградскиот и меѓународен автобуски превоз и патничкиот железнички сообраќај во вториот квартал од годинава регистрираа убедливо најмал број на превезени патници што некогаш е забележан во едно тримесечје во историјата на нашата земја. Транспортните компании претрпеле милионски загуби на патници во периодот од април до јуни 2020 година, кога беа на сила и најстрогите мерки...

Ковид-19 го преполови бројот на патници во возовите, граѓаните со воз не можат во странство

Ширењето на корона вирусот во нашата земја го преполови бројот на патници во возовите во домашниот железнички сообраќај и целосно го сопре функционирањето на меѓународните возови кон Белград, Солун и Приштина. Од Железници на РСМ - Транспорт за „Мета.мк“ информираат дека сите возови во домашниот железнички сообраќај сообраќаат по важечкиот возен ред, а до 1 јули повторно се пуштени...

Железницата заглавена во минатото – поволностите за патување со воз ретко се обновуваат

Владата секоја година дели субвенции за одржување на патничкиот железнички сообраќај, а Железници на РСМ - Транспорт не успева да привлече поголем број на патници во возовите. Лани со македонските возови патувале само 549.000 патници, што е еден од најлошите резултати во функционирањето на патничкиот железнички сообраќај во нашата земја. Математичката пресметка покажува дека во 2019 година со еден...

Лани воз користеле само 549.000 патници (инфографик)

Идентично како и претходните две години, 2019 година ќе биде запаметена како една од годините со најлоши резултати во функционирањето на патничкиот железнички сообраќај во земјава. Железници на РСМ - Транспорт лани успеало да превезе само 549.000 патници со воз на домашните и на меѓународните линии, односно за 9.000 патници повеќе во споредба со 2018 година. Малиот процентуален пораст кај...

Полека замира железничкиот транспорт, се помалку патници со воз (инфографик)

Железници на РСМ - Транспорт во првите девет месеци од годинава успеало да превезе 401.000 патници, што е речиси истата бројка на граѓани што патувале со воз како и лани. Патничкиот железнички сообраќај е сведен на минимум, а податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во третиот квартал од годинава со воз патувале само 124.000 патници. Негативните резултати во...

Возовите на пат да изумрат, бројот на патници минимален (инфографик)

Со помал број на возови што секојдневно сообраќале, Железници на РСМ – Транспорт во првото полугодие од годинава успеала да превезе речиси идентичен број на патници како лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, со воз биле превезени 277.000 патници или за 0,7 отсто помалку во однос на периодот јануари – јуни 2018 година. Статистичките податоци покажуваат дека во...

За седум години двојно намален бројот на патници во меѓуградскиот превоз (инфографик)

Со зголемувањето на бројот на автомобили и рапидниот раст на дивите таксисти, македонските граѓани сè поретко патуваат со автобус меѓу градовите. Како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во меѓуградскиот автобуски превоз е двојно намален во изминативе седум години. Во 2012 година, со автобуси меѓу македонските градови биле превезени над 15 милиони патници,...

Подемот и падот на железницата – за три децении за 12 пати намалено патувањето со воз (видео)

video
Изблиците на неизмерна среќа кога се дочекува некој близок, тажните збогувања низ солзи со оние што патуваат далеку, испраќањето во војска, или пак, на студии во странство, бакнежите, прегратките, солзите, смеата веќе не можат да се забележат на пероните на една од најголемите железнички станици на Балканот. На скопската железничка станица нема повеќе испраќање на шопинг во Трст или во...

„Виз ер“ од и до Македонија превезла 2 милиони патници

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ превезла два милиона патници до и од Македонија откако почнала со работа во 2011 година. - Со основањето на нашата база во Скопје и со континуираното ширење на нашата нискобуџетна мрежа, отворивме голем број локални работни места, во исто време поттикнувајќи ги туризмот и воздухопловната индустрија. Сега имаме три воздухоплови базирани во Скопје, а секој од нив...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...