fbpx
Таг: претстава

таг: претстава

Новата сезона во НОБ започнува со операта „Лидија од Македонија“

Новата сезона во Националната опера и балет ќе се отвори со обновата на една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски на 16 септември 2023 со почеток во 20 часот, информираат оттаму. „Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер, Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а...

Претставата „Народен непријател“ на МНТ гостува на фестивал во Италија

Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на 25-тото издание на фестивалот „Quartieri dell’Arte“ во Италија, соопштија од Македонскиот народен театар (МНТ). Претставата ќе има само една изведба на 5 ноември на сцената во театарот во Витербо. Од МНТ додаваат дека ова е главниот италијански фестивал на современото пишување, кој секоја година се одржува...

Со пренос во живо вечерва ќе се одигра претставата „Иднината е приватна“

Вечерва со почеток во 20 часот во денсинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ) актерите ќе ја одиграат претставата „Иднината е приватна“, а сите заинтересирани ќе може да ја проследат истата во живо на платформата Basita.live. „Актерите ќе играат во присуство на максимум тројца гледачи, физички присутни во истиот простор со нив, додека истовремено ќе се случува и пренос во...

Премиера на „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски во прилепскиот театар

На сцената на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински” утре со почеток во 20 часот ќе се одржи премиерата на претставата „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Првата реприза е закажана за задутре во 20 часот. Оваа претстава на прилепскиот театар претставува второ поставување на култниот роман „Пиреј” од Петре М. Андреевски на театарска сцена. Драматизацијата ја изработи Љупчо Ѓеоргиевски во соработка со...

Спасов: Глумците што одбија да ја играат „Ничија земја“ ќе бидат казнети

Вршителот на должност директор на Македонски народен театар (МНТ), Драган Спасов - Дац, најави дека, глумците, кои синоќа одбиле да ја играат претставата „Ничија земја“, ќе бидат казнети. „Покрај мојата сугестија и наредба да се игра претстава, глумците своеволно одбија да ја играат претставата „Ничија земја“, како поддршка за приведените глумци што беа инволвирани во случувањата од 27 април во Собранието....

Претставата „Европејци“ премиерно пред тетовската публика на 22 април

Претставата „Европејци“ од српскиот драмски писател Мирољуб Неделковиќ, премиерно ќе се одржи во Центарот за култура „Ило Антески Смок“ во Тетово на 22 април. Претставата е современа комедија која ги исмејува балканскиот и македонскиот менталитет. - Во оваа претстава се прикажува кој е поголем Македонец. Публиката ќе излезе насмеана, но и замислена - вели актерот Глигорие Стојановски. Режисер на „Европејци“ е...

Наградата „Ристо Шишков“ годинава во рацете на актерот Зијах Соколовиќ

Претставата „Мечка“ на Чехов со интеракција на џез-трио на сцената, му ја донесе на Зијах Соколовиќ единствената актерска награда на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Соколовиќ, откако ја прими наградата за највисоко актерско остварување, направи споредба меѓу актерите од овие простори и тие во Европа. - Свеста за актерот се затвора во некои мали географски рамки. Живеам во Австрија...

Премиера на претставата „На дното“ на Пројковски во штипскиот театар

Претставата „На дното“ по делото на Максим Горки во режија на Дејан Пројковски премиерно ќе се игра в недела во алтернативниот простор на фундусот на сцената на Домот на културата во Штип. Пројковски оваа претстава на денешната прес-конференција ја нарече „патетика на баналното“, работена во екстремно радикална форма. - Претставата е метафора за луѓето кои ја губат вербата во себе, а...

Вечерва на „Охридско лето“ претставата „Бар Ремарк“

На музичко-сценскиот фестивал „Охридско лето“, публиката вечерва ќе може да ја проследи премиерата на театарската претстава „Бар Ремарк“. Претставата е работена по текстот „Тројца другари“ од Ерих Марија Ремарк, а ја режира Александар Бартман. Ја играат актерите од  Народен театар од Битола, на сцената во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток од 21 часот.

„Сонети“ од Шекспир вечерва на „Охридско лето“

Во рамките на „Младото театарско лето“ на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во предворјето на црквата „Св. Софија“, Народниот театар од Битола ќе ја одигра театарската претстава „Сонети“ од Вилијам Шекспир во режија на Ангелчо Илиевски и на Јован Ристовски. – Да се работи текст на Вилијам Шекспир е во исто време и предизвик и задоволство, но кога станува збор за...

На „Охридско лето“ театарска претстава „Арторкестра“ од Букурешт

Вечерва на програмата на „Охридско лето“ е театарската претстава „Арторкестра“ на Националниот театар „И.Л. Карагиале“ од Букурешт, во режија на Хорија Суру. Најавена е како хумористичната приказна, во која тројцата ликови се борат за непредвидливата патека која води кон сцената. Претставата е во рамките на „Младо театарско Охридско лето“, а ќе се одигра во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток...

Утре премиера на „Љубовен маратон“ во штипскиот театар

Премиерата на комедијата „Љубовен маратон“, претстава за женет маж кој решава да тргне по нови животни возбудувања, изневерувајќи ја својата сопруга, ќе биде изведена утре во рамките на манифестацијата „Штипско културно лето“. Оваа претстава е е работена по дело на Нил Сајмон, а во режија на Никола Ристов. За режисерот, ова е вторпат во тетарот во Штип да работи по дело на Сајмон. -...

Вечерва на „Охридско лето“ гостува Турскиот театар од Скопје

Вечерва на фестивалот „Охридско лето“, во предворјето на црквата „Света Софија“, гостува Турскиот театар од Скопје со претставата „Комедија на грешки“ од Вилијам Шекспир, во режија на Коле Ангеловски. Текстот „Комедија на грешки“ е меѓу првите комедии што ги напишал Вилијам Шекспир и е базиран на постар текст од Плаут, од римско време, а за првпат е изведен во 1594 година. Инспирирана...

„Вдиши театар“ во Охрид

Од вечерва, со почеток во 20.30 часот, во Охрид ќе се одржува годинешниот Аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“. Манифестацијата ќе биде свечено отворена во предворјето на црквата Св. Софија, со театарската претстава „Фортуна“, работена по истоимениот расказ од Живко Чинго, во изведба на аматерската актерска група на младите волонтери на Црвен крст од Охрид. Охриѓани, но и гостите, се до...

Овации на Фестивалот на монодрамата за репликата „Власта ја уби интелигенцијата“

„Власта ја уби интелигенцијата!“ Токму оваа реплика на актерот Емил Рубен во претставата „Животот е прекрасен“ доби громогласен аплауз на синоќешното отворање на 18. Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2016“. Голем дел од публиката во театарот не остана рамнодушна на репликите во кои препозна поврзаност со актуелните случувања во државата, особено на тие во кои се критикуваше власта, за партизирање на...

Претстава за предавството во штипскиот театар

Психолошкиот аспект на предавството и вечниот сомнеж на Македонецот за предавникот во себе, е основата на која е правена претставата „Суд“ по текст на Коле Чашуле, што премиерно ќе биде изведена в петок, во Народниот театар во Штип. Новата претстава ја потпиша младиот режисер од Штип, Дамјан Читкушев. - Станува збор за многу комплексно дело. Една од темите која Чашуле ја наметнува...

„Стари времиња“ по повод Светскиот ден на театарот

По повод Светскиот ден на театарот, Народниот театар од Охрид, утре од 20 часот, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе ја изведе претставата „Стари Времиња“ од Харолд Пинтер. Претставата е во режија на Нела Витошевиќ, а играат Ирена Ристиќ, Горан Стојаноски и Јасмина Билаловиќ. Костимографијата е на Роза Трајческа - Ристовска, сценографијата на Нела Витошевиќ, видео...

„Кралски игри“ за власта и за љубовта, премиерно во Битолскиот народен театар

Власта и љубовта е темата на првата премиера на битолскиот народен театар за оваа година со наслов „Кралски игри“. Претставата е работена според истоимената пиеса на рускиот драматург Григориј Горин, а во режија на Љупчо Ѓорѓиевски. Режисерот Ѓорѓиевски вели дека ова е приказна за еден владател-апсолутист кој во своите раце ја држи целата световна и духовна власт. - Ова е приказна...

Заврши јубилејното, 55-то „Охридско лето”: Високо на мапата на европските фестивали

Синоќа, после 40 дневна богата културна понуда, на отворената, надезерска сцена Долни Сарај, со церемонијаланото гаснење на фестивалскиот огин, беше спуштена завесата на јубилејното, 55-то „Охридско лето“. Честа да го затворат фестивалот, им припадна на актерите од Словенечкиот национален - Драма театар од Љубљана, со театарската претстава „Figurae veneris historiae“ на Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски. Квалитетот на...

„Охридско лето“: Вечер за концерт, претстава и за изложба 

Колажна вечер, од музички концерт, драмска претстава и од ликовна изложба, реализираше синоќа фестивалот „Охридско лето“. И трите настани беа исклучително добро посетени, со полни гледалишта. На Малата сцена во центарот од култура „Григор Прличев“, актерите од Народниот театар на Центарот, ја прикажаа фестивалската премиера на претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, во режија на Нела Витошевиќ. Во преполнетата „Св.Софија“, женскиот камерен...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...