fbpx
Таг: претседателски избори

таг: претседателски избори

Јанковиќ: Јас својата мисија ја завршив, чувајте го омбудсманот како институција

Српскиот народен правобранител, Саша Јанковиќ, кој најави дека ќе кандидира за претседател на Србија, приреди прием по повод 10 години од постоењето на институцијата со која раководи и порача дека тој својата мисија на тоа место ја завршил. - Србија денеска има институција - заштитник на граѓаните и таа институција го чува нивното достоинство. Чувајте го заштитникот на граѓаните, ќе ви...

Макрон ќе ја победи Ле Пен во вториот круг, покажуваат анкетите

Независниот кандидат на изборите за претседател на Франција, Емануел Макрон, во вториот круг убедливо би ја победил Марин ле Пен, покажуваат најновите истражувања на јавното мислење. Анкетата, која ја спроведе францускиот институт за истражување на јавното мислење „Опинионвеј“, покажува дека Макрон и Ле Пен ќе се квалификуваат за вториот круг, кој ќе се одржи на 7 мај. Марон би имал предност...

Бан Ки-мун се врати во Јужна Кореја, навестува претседателска кандидатура

Поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска се врати во својата земја, Јужна Кореја, каде многумина очекуваат да се кандидира за претседател на земјата. Бан пристигна во Сеул, а стотина приврзаници го пречекаа на аеродромот, извикувајќи го неговото име. Тој во обраќањето, кое го пренесуваше државната телевизија, рече дека ќе се посвети на постигнување национално единство. Бан Ки-мун и претходно...

Ле Пен повика на укинување на бесплатното образование за децата на странците во Франција

Лидерката на француската крајно десничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен, денеска соопшти дека се залага за укинување на бесплатното образование за децата на странците. „Сметам дека треба да се изрази националната солидарност кон Французите. Немам ништо против странците. Сепак, им порачувам - ако доаѓате во нашата земја, немојте да очекувате некој да се грижи за вас и вашите деца...

Потврдена победата на Ван дер Белен на претседателските избори во Австрија

Поранешниот лидер на Партијата на зелените, Александар ван дер Белен, дефинитивно е победник на претседателските избори во Австрија, пред кандидатот на екстремната десница, Норберт Хофер, соопштило денеска австриското министерство за внатрешни работи, објавувајќи ги привремените конечни резултати од изборите. На претседателските избори, кои се одржаа во неделата, Ван дер Белен добил 53,8 отсто, додека Хофер освоил 46,2 отсто од гласовите. Хофер го...

Валс си поднесе оставка, Казнев именуван за нов премиер на Франција

Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев, е именуван за премиер на државата на местото на досегашниот Мануел Валс, кој поднесе оставка на функцијата за да може да се кандидира на претседатеските избори во Франција, што треба да се одржат во април следната година, јавува „Би-би-си“. Валс синоќа му ја предал оставката на францускиот претседател Франсоа Оланд, по што Казнев...

Кандидатот на екстремната десница доживеа пораз на претседателските избори во Австрија

Кандидатот за претседател на Австрија на крајно-десничарската Слободарска партија, Норберт Хофер, доживеа пораз на претседателките избори што се одржаа денеска, јавува „Би-би-си“. Како што пренесува британскиот национален сервис, шефот на кампањата на Хофер ја признал победата на независниот кандидат Александар ван дер Белен, која ја имаше поддршката на Зелените. Иако функцијата на австрискиот претседател е во голема мера церемонијална, денешните претседателските...

Австријците денеска избираат нов претседател на државата

Утринава во 8 часот, во Австрија беа отворени речиси сите избирачки места за претседателските избори, на кои околу 6,4 милиони Австријци ќе одлучуваат меѓу кандидатот на десничарската Слободарска партија, Норберт Хофер, и кандидатот кој ја има поддршката на Зелените, Александар ван дер Белен. Првите резултати, како што пренесуваат медиумите, треба да бидат познати денеска по 17 часот, кога би требало да...

Николиќ: Претседателските избори можно е да се одржат на 9 април, следната година

Српскиот претседател, Томислав Николиќ, денеска изјави дека разговарал со премиерот и лидер на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, околу неговата кандидатура за претседател на државата и ги потврди информациите во медиумите дека претседателските избори е можно да се одржат на 9 април, следната година. Прашан за евентуално одржување и на вонредни парламентарни избори на истиот датум, за што исто така...

Вучиќ: Кохабитацијата не би била добра за државата

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека претседателските избори се прашање на определување по кој пат ќе оди Србија во иднина, но дека не би било добро шефот на државата и на владата да не бидат од иста политичка опција. Вучиќ рече дека ако на претстојните претседателски избори победат Саша Јакновиќ, Вук Јеремиќ или Воислав Шешељ, тоа ќе има...

Француската десница избира претседателски кандидат

Во Франција денеска ќе биде одржан вториот круг на партиските избори на опозициската десница која ќе го избира својот кандидат за претседателските избори. Фаворит е поранешниот премиер на Франција, Франсоа Фијон, кој се надева дека ќе го победи противникот Ален Жипе и така ќе влезе во трката за претседателските избори во 2017 година. Заради непопуларната левица, аналитичарите предвидуваат дека на претседателските...

Српскиот омбудсман се уште не одлучил дали ќе кандидира за претседател на Србија

Народниот правобранител на Србија, Саша Јанковиќ се уште не одлучил дали ќе ја прифати иницијативата на 100 јавни личности да се кандидира за претседател на земјата, јави дописникот на „Мета“ од Белград. Заблагодарувајќи им се на потписниците на апелот за поддршката и за довербата, Јанковиќ соопшти дека со соработниците ќе продолжи да работи како што досега работел, се додека не...

Сто јавни личности побараа од српскиот омбудсман да се кандидира за претседател на државата

Стотина јавни личности во Србија, меѓу кои угледни книжевници, новинари, глумци и професори, денеска упатија апел до народниот правобранител, Саша Јанковиќ, да се кандидира за претседател на Србија како непартиски кандидат и ги повикаа демократски ориентираните граѓани и партии да ја поддржат оваа иницијатива. Тие оценуваат дека Србија веќе неколку години се соочува со длабока и тешка криза, дека институциите...

Трамп го направи невозможното, Ле Пен може да победи во Франција, смета Валс

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека лидерката на Национален фронт, Марин ле Пен, има шанси да победи на претседателските избори во Франција, закажани за следната година. - Можно е. Тоа значи дека целосно се сменила политичката рамнотежа– рече Валс, одговарајќи на прашање на економската конференција во Берлин, предупредувајќи на „опасноста која ја претставува екстремната десница“. Ле Пен неодамна изјави дека изборот на...

Хилари Клинтон призна дека е разочарана од поразот на претседателските избори

Во своето прво појавување во јавноста по големиот пораз на претседателските избори во САД од Доналд Трамп, претседателската кандидатка на демократите, Хилари Клинтон, не ја скри својата разочараност. Во говорот што го одржа во Вашингтон, таа рече дека по објавувањето на резултатите не сакала „никогаш повеќе да го напушти својот дом“. - Ќе признаам дека доаѓањето тука не беше лесна работа. Имаше...

Молдавија го избра Додон за претседател

Прорускиот кандидат Игор Додон победи во вториот круг од претседателските избори во Молдавија. По пребројувањето на 99 отсто од гласовите, шефот на Социјалистичката партија, Додон, има 52,3 отсто, соопшти изборната комисија, додека неговата проевропска противкандидатка Маја Санду доби 47,7 отсто од гласовите. Целосните резултати од изборите ќе бидат објавени во текот на неделата. Моладавија последен пат директно избираше претседател во 1996 година, а...

Кандидатот на опозицијата победи на претседателските избори во Бугарија, владата најави оставка

Генерал Румен Радев, кој ја доби поддршката од Бугарската социјалистичка партија, е петтиот демократски избран претседател на Бугарија. Тој освои 59,7 отсто од гласовите, додека кандидатот на владејачката ГЕРБ, Цецка Царева, освои само 35 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори. - Важна е победата. Победа за целиот бугарски народ. Демократијата ја победи најголемата апатија и страв. Да...

Шешељ: Вучиќ ми е единствена конкуренција за претседател

Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2017 година и додаде дека единствена конкуренција на тие избори би му бил актуелниот премиер Александар Вучиќ. - За мене клучно прашање е дали Вучиќ ќе се кандидира или не. Објективно, ако се кандидира, тоа би било поприлично тесно за мене, но не безнадежно....

Клинтон го обвинува директорот на ФБИ за поразот на изборите

Демократската кандидатка на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, го обвини директорот на ФБИ, Џејмс Коми, за нејзиниот пораз на изборите на 8 ноември. Хилари Клинтон, на затворена конференција, со главните донатори на Демократската партија, соопштила дека анализите покажале дека изјавите на директорот на ФБИ влијаеле на крајниот исход од изборите. Дел од говорот „протече“ во американските медиуми. „Постојат повеќе причини...

Пукање на протестите во Портланд, едно лице повредено

Едно лице е рането денеска за време на протестите во Портланд против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека лицето е застрелано на мостот Морисон, по кој марширале демонстрантите. „Сите веднаш мора да го напуштат тоа подрачје“, порача полицијата на „Твитер“ и ги повика сведоците да се јават. Како што јавуваат американските медиуми, за пукањето е осомничен Афроамериканец,...

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...