fbpx
Таг: претседателски избори

таг: претседателски избори

Милатовиќ: Ова е историски ден, во следните пет години Црна Гора влегува во ЕУ

По 32 години ротирање од претседателската на премиерската позиција и обратно, лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелен претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ заминува во политичката историја. Во вториот круг од претседателските избори што се одржа вчера, Ѓукановиќ убедливо изгуби од противкандидатот на движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ. Според прелиминарните резултати на Центарот за мониторинг и...

Милатовиќ го победи Мило Ѓукановиќ на претседателските избори во Црна Гора

Јаков Милатовиќ е новиот претседател на Црна Гора откако на денешниот втор круг од претседателските избори успеа да го победи досегашниот претседател Мило Ѓукановиќ. Врз основа на преброени 94 отсто од гласовите, Милатовиќ освоил 60,1 отсто од гласовите во вториот круг, додека за Ѓукановиќ гласале 39,9 отсто од граѓаните кои излегле на гласање, јавува Радио-телевизија Црна Гора врз основа...

Клучни избори во Црна Гора: Ќе се продолжи ерата на Ѓукановиќ или ќе дојде просрпски кандидат

Во недела во Црна Гора се одржува вториот круг од претседателските избори, на кој граѓаните се пред клучен избор - да ја продолжат ерата на владеењето на Мило Ѓукановиќ или да го изберат Јаков Милатовиќ како просрпски кандидат за претседател на државата. Изминативе денови се мобилизира дијаспората и припадниците на малцинствата во Црна Гора за да се постигне што...

Избори во Црна Гора: Мило прв, но сите други против него во вториот круг

Актуелниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори што вчера се одржаа во Црна Гора. Сепак, предноста од над шест проценти во гласовите не му дава комоција на Ѓукановиќ пред вториот круг, бидејќи уште во првите часови по гласањето преостанатите претседателски кандидати изјавија дека ќе ги повикаат своите гласачи да не гласаат за...

Пригожин призна оти е поврзан со трол-фармите што се вмешуваа во избори

Евгениј Пригожин, шефот на руската платеничка компанија „Вагнер“ вчера призна дека ја основал и финансирал Internet Research Agency, компанијата што официјален Вашингтон ја нарекува „трол фарма“ што се вмешувала во претседателските избори во САД во 2016 година, јави Ројтерс. Пригожин честопати го нарекуваат „готвачот на Путин“, бидејќи неговата кетеринг-фирма има договор за снабдување со Кремљ. Тој е близок сојузник на...

Чешка доби нов претседател: Силниот поддржувач на Украина Петр Павел го победи Андреј Бабиш

Поранешниот чешки генерал Петр Павел, кој беше генерал во НАТО и ветеран во мировните мисии на Балканот, е нов претседател на Чешката Република. На вчерашните претседателски избори тој освои 57,8 отсто од гласовите, со што во вториот круг успеа да го победи поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш кој освои 42,2 отсто од гласовите, пренесува Јуроњуз. Иако чешките претседатели имаат малубројни...

Фајон по втор пат ја предупредува Подгорица: Можно е ЕУ да ги прекине преговорите со Црна Гора

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон вчера по втор пат ги предупреди властите во Подгорица дека постои голема опасност ЕУ да ги прекине пристапните преговори со Црна Гора, доколку не успее и шестиот обид за деблокада на Уставниот суд на оваа земја, пренесува Радио Слободна Европа. „Уставниот суд е приоритет пред сите приоритети. Денеска разговаравме за тоа какви се...

Претседателот на САД му честиташе на Лула да Силва за победата на „слободните, фер“ избори во Бразил

Претседателот на САД, Џо Бајден му честиташе на новиот претседател на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, којшто и претходно владееше во истиот мандат, по изборите од вториот крут за нов претседател на Бразил, јави „Ројтерс“. Претседателот на САД повика на „продолжена соработка“ на двете земји, Левичарот Лула го победи десничарскиот досегашен претседател Жаир Болсонаро во тесниот втор круг што означи...

Левичарскиот кандидат Лула успеа да го победи Болсонаро на изборите во Бразил

Радикално десничарскиот претседател Жаир Болсонаро не успеа да добие втор мандат за претседател на Бразил откако на вчерашните претседателски избори беше поразен од левичарскиот кандидат Луиз Инасио Лула да Силва, пренесува Би-би-си. Врз основа на 99,97 отсто од преброените гласови, поранешниот бразилски претседател Лула успеа да освои 50,9 отсто од гласовите, додека актуелниот претседател Болсонаро доби 49,1 отсто од...

„Би јадел Индиец без никаков проблем“: Видео со оваа изјава на бразилскиот претседател стана вирално

Во видео од 2016 година, кое сега е вирално, претседателот на Бразил Жаир Месиас Болсонаро тврди дека би јадел човечко месо. Тогаш тоа беше шокантна изјава, дури и за политичар кој ги славеше мачителите и повикуваше да бидат стрелани ривалите, пишува Гардијан. „Би јадел Индиец без никаков проблем“, кажа Болсонаро пред еден странски новинар во 2016 година, опишувајќи го патувањето...

Република Српска: Претседател на избирачки одбор на телевизија призна дека крадел гласови

Скандалозно пребројување на гласови на изборите во Република Српска е откриено само неколку часа по објавувањето на првичните изборни резултати од Централната изборна комисија, пренесува весникот Данас. Босанската телевизија БН била во посета на селото Крајишник, родното место на мајката на опозициската кандидатка за претседател на Република Српска, Јелена Тривиќ. Во ова населено место Тривиќ освоила 0 гласови на неделните...

Избори во БиХ: И Додик и Тривиќ тврдат дека водат во Република Српска, Изетбеговиќ призна пораз во Федерацијата

И Милорад Додик и неговата опозициска опонентка Јелена Тривиќ тврдат дека водат на вчерашното гласање за избор на нов претседател на Република Српска. Тривиќ уште синоќа ја објави победата на изборите, а на улиците во Бања Лука нејзините приврзаници славеа. Конечните резултати од претседателските избори во Република Српска ќе бидат соопштени денеска од страна на Централната изборна комисија. Опозициската кандидатка...

Вистиномер: Не е точно дека Бајден изгубил на претседателските избори во САД во 46 држави

Не е вистина дека 46 од 50 држави во САД утврдиле дека Бајден ги изгубил гласовите во нивната држава, како што се тврди во постот што го рецензираме. Пребројувања на гласовите од претседателските избори во 2020 година, поттикнати од Републиканската партија и Трамп, не беа спроведени во 46 држави во САД, туку во неколку држави. Бајден ги доби мноштвото од...

Вистиномер: Изборите во Франција не се „украдени“, Ле Пен го призна поразот

Официјалните резултати од претседателските избори во Франција, после 100 процентно пребројани гласачки ливчиња по вториот круг од изборите,  потврдуваат дека победник е Емануел Макрон. Неговата противкандидатка Марин Ле Пен, уште веднаш по објавата на излезните анкети, според кои таа освои 41,8 насто од гласовите, додека актуелниот Макрон, освои 58,2 насто, се обрати на нацијата и го призна изборниот пораз, пишува...

По првиот круг претседателски избори во Франција, Макрон има причини да се плаши од националистката Ле Пен

На вчера одржаниот прв круг претседателски избори во Франција убедливо најмногу гласови освои актуелниот шеф на државата Емануел Макрон, но неговата ривалка, односно второпласираната крајна десничарка Марин ле Пен, во одлучувачкиот втор круг на 24 април би можела да му создаде многу проблеми на Макрон, пишува Би-Би-Си. Според анкетите, трката за претседателската функција во вториот круг на 24 април би...

Франција утре избира претседател – Макрон во првиот круг во тешка битка со Ле Пен

Во Франција утре ќе се одржи првиот круг од претседателските избори. Досегашниот претседател Емануел Макрон се обидува да освои втор мандат како претседател, додека како главен ривал на изборите му е радикално десничарската кандидатка Марин Ле Пен. Податоците од анкетните истражувања што ги пренесува Ројтерс покажуваат дека изминативе недели се приближуваат рејтинзите на двајцата главни кандидати. На два дена пред...

В недела избори во Унгарија и во Србија: Орбан се бори да остане 20 години на власт, Вучиќ за нов мандат

На 3 април во Србија и Унгарија ќе се одржат избори коишто треба да определат кој ќе раководи наредните години со овие две земји. Во Унгарија, актуелниот премиер Виктор Орбан се бори да освои нов премиерски мандат на парламентарните избори. Тој веќе беше премиер во периодот од 1998 до 2002 година, како и од 2010 година до денес. Ако...

Опозицијата обединета ќе настапи на изборите во Србија што ќе се одржат на 3 април

Во Србија на 3 април ќе се одржат претседателски, парламентарни и локални избори, на коишто опозицијата ќе настапи обединето во коалиција „Обединета Србија“, јавува српскиот весник Данас.  Опозициски кандидат за иден српски претседател е Здравко Понош, генерал-потполковник на српската војска во пензија и поранешен началник на генералштабот. Носител на изборната листа на опозициската коалиција за парламентарните избори е Мариника Тепиќ, додека...

Левичарот со хрватски корени Габриел Бориц е нов претседател на Чиле

Левичарскиот кандидат Габриел Бориц, којшто е поранешен студентски лидер со хрватски корени, е избран за нов претседател на Чиле во вториот круг од претседателските избори, пренесува Гардијан. На пребројани речиси 97 отсто од гласовите на вчерашните избори, Бориц освоил 55,8 отсто од гласовите и води со 12 проценти пред крајнодесничарскиот противкандидат Хозе Антонио Каст. Пред своите приврзаници во главниот град...

Румен Радев освои втор претседателски мандат на изборите во Бугарија

Актуелниот бугарски претседател Румен Радев освои втор мандат на функцијата на вчерашниот втор круг од претседателските избори во Бугарија. Според обработени над 99 отсто од гласачките ливчиња, Централната изборна комисија утрово објави дека Радев освоил 66,7 отсто од гласовите на бугарските избирачи, додека противкандидатот од ГЕРБ Анастас Герџиков добил 31,8 отсто од гласовите. Излезноста на изборите беше околу 40...

Нема решение за повеќе од 75 oтсто од вработените постари од 46 години во јавните претпријатија

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје...