fbpx
Таг: претседателски избори

таг: претседателски избори

Жителите на Тајван утре гласаат на клучни претседателски избори

Во услови на заострени тензии меѓу Тајван и Кина во изминатиов период, тајванските избирачи утре гласаат на клучни претседателски избори, јавува Си-ен-ен. Изборите се одржуваат во услови кога Кина го зголеми своето воено присуство во Тајванскиот Теснец и Јужното Кинеско Море, и покрај предупредувањата што ги доби од меѓународната заедница. Тајванските гласачи ќе треба да изберат нов лидер кој ќе...

СДСМ на јавен повик и преку месни одбори ќе бира претседателски кандидат

Владејачката партија СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за претседателските избори што ќе се одржат пролетва. Отворен е јавен повик за самокандидирање преку оглас објавен во дневните весници и на официјалниот сајт на партијата, а во тек е и номинација на можни кандидати преку месните одбори во општинските организации на СДСМ низ земјава. „Како партија со најголема внатрепартиска...

Две држави спуштија рампа за претседателската кандидатура на Трамп

Американските сојузни држави Колорадо и Мејн пресекоа дека поранешниот претседател на САД Доналд Трамп не може да биде избран за кандидат за претседател на САД на нивната територија. Сепак, тоа не е конечно решение, оти Трамп има право на жалба пред Врховниот суд на САД. Тоа ќе значи дека не ќе може да се бори за поддршка на неговите гласачи...

АНАЛИЗА: Изборна „историја“ за излезноста, мајски „двојни“ избори за да се мотивираат гласачите

Претстојната 2024 е изборна година. На 8 мај граѓаните ќе гласаат на двојни избори - втор круг претседателски, доколку во првиот некој од кандидатите не освои мнозинство од 50 отсто плус 1, и парламентарни избори, пишува Порталб.мк. Следната година граѓаните ќе гласаат на седми по ред претседателски избори во независна држава и 11-ти по ред парламентарни избори. Една од главните...

ВМРО-ДПМНЕ на 2 март на Конвенција ќе избере кандидат за претседател

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на Изборна Конвенција во Скопје на 2 март догодина ќе го избира кандидатот за претседател што ќе се натпреварува на претседателските избори. Ова е одлучено на вечерашниот Извршен комитет на партијата, информираа од ВМРО-ДПМНЕ. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука за формирање на Републички изборен штаб кој ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а негов...

Партиите договорија техничка влада од 28 јануари и двојни избори на 8 мај

Фото: Борче Поповски
Лидерите на парламентарните политички партии денеска се согласија првиот круг од претседателските избори да се одржи на 24 април, додека на 8 мај да се одржат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори. Техничка влада согласно актуелниот закон ќе има од 28 јануари, при што политичката партија ДУИ ќе го даде премиерот на техничката влада. Ова се клучните работи...

Македонија оди на двојни избори во мај, во декември ќе има лидерска средба во Собранието

Средбата на премиерот со лидерите на парламентарните партии за датум за изборите ќе се одржи во Собранието во декември, изјави денеска премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски. Тој не прецизираше точно кога би се одржале изборите, но рече дека во мај има доволно простор да се одржат редовни претседателски и парламентарни избори. Инаку, 8 мај е единствениот термин...

Власта и опозицијата блиску до договор, изборите на еден датум во мај

Фото: Борче Поповски
Премиерот Димитар Ковачевски денеска за првпат потврди оти за него е прифатливо парламентарните избори да се одржат во мај. Тој денеска од Прилеп порача дека има доволно простор во мај догодина да се одржат претседателските и парламентарните избори. „Сметам дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин“, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Тој додаде дека финалните...

Радикалниот десничар Хавиер Милеи победи на изборите во Аргентина

Аргентина вчера избра нов претседател, кој на земјата ќе ѝ донесе нова неизвесност. Радикално десничарскиот популист Хавиер Милеи беше избран за следниот лидер на втората по големина економија во Јужна Америка, јавува Јуроњуз. Хавиер Милеи победи на претседателските избори во Аргентина со освоени 55,69 отсто од гласовите, победувајќи го неговиот противкандидат и министер за економија Серхио Маса, кој освои 44,31...

Власта и опозицијата – „раштиман оркестар“ околу датумот за избори

Фото: Борче Поповски
СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ денеска сите поединечно коментираа околу датумот за одржување на парламентарните и претседателските избори наредната година. Секој влече на различна страна на оваа тема. Најизненадувачка беше денешната најава на ДУИ дека немаат проблем со одржувањето на изборите, односно дека се подготвени во ист ден да се одржат претседателските и парламентарните избори, онака како што...

Џафери: До Нова година партиите да го договорат датумот за избори

Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова година да го договорат датумот за избори. По овој рок, Џафери рече дека ќе мора да постапи согласно уставните обврски и да ги распише изборите. Тој денеска пред новинарите во селото Форино, кажа дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето кое...

ВМРО-ДПМНЕ не го открива претседателскиот кандидат, ќе го бираат на конвенција

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не го открива името на претседателскиот кандидат со којшто ќе настапат на претстојните претседателски избори, што треба да се одржат наредната пролет. Партискиот претседател Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Ресен, на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе биде маж или жена кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одговори дека партијата има сериозна внатрешна...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни ставови кога би се одржале претседателските и парламентарните избори

Фото: Борче Поповски
Владејачката партија СДСМ останува на ставот претседателските и парламентарните избори догодина да се одржат во редовниот термин и да се одржат одвоено едни од други, додека ВМРО-ДПМНЕ бара од власта да се организираат двата изборни циклуси на еден датум. Засега нема зближување на двете партии во однос на терминот кога би се одржале изборите. Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера...

Османи за предлогот на ДПМНЕ: Ако ги изгласаат уставните измени, ќе оставиме тие да одлучат кога ќе има избори

Опозицијата да ги изгласа уставните измени, а потоа нека одбере термин и за претседателските и за парламентарните избори, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање околу можниот термин за изборите следната година. Османи рече дека треба да се земат предвид редовните изборни термини и дека датумот на нивно одржување е повеќе техничко и логистичко...

Ковачевски вели дека изборите ќе бидат во редовен термин, за датумот допрво ќе има договор

Премиерот Димитар Ковачевски денеска му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека изборите догодина ќе се одржат во редовен термин, но  остави и простор за договор со опозицијата за точниот датум. Ова е одговорот на Ковачевски по вчерашното барање на Христијан Мицкоски вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да се одржат во среда, на 8 мај. „Уште...

Мицкоски бара претседателските и парламентарните избори да се одржат на ист датум

ВМРО-ДПМНЕ бара вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да се одржат на ист датум. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Гевгелија порача дека единствен ваков датум би можело да биде неделата на 5 мај, а поради тоа што на тој датум се паѓа Велигден, неговиот предлог е изборите да се одржат на 8 мај (среда). „Во минатото...

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на претседателските избори, не гарантира за излезноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави оти неговата партија нема да ги бојкотира претседателските избори и дека ќе учествува на нив, додавајќи дека нивниот кандидат во првиот круг ќе водел пред кандидатот на ДУИ и СДСМ за околу 100.000 гласови. „Нема потреба зошто да ги бојкотираме, друго е прашањето кои се предизвиците со коишто ќе се соочи Македонија во...

Цензусот за избор на претседател на државата е 40, а не 51 отсто

Фото: Борче Поповски
Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека за претседателските избори потребна е излезност од 51% и дека доколку не излезат 51% од граѓаните ќе има нови избори за 100 дена. Ова не е точно, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   За една година ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ Им треба 51% излезност САМО БОЈКОТ МОЈ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ Ако нема цензус за 100...

Ердоган по победата со подбив кон опозицијата поради нејзините полиберални политики

Качен на автобус во Истанбул, па од балкон на неговата палата во главниот град Анкара, Реџеп Таип Ердоган вчера по претседателските избори, прогласи победа, што сепак уште не е официјална. Порача дека не победил само тој, туку и цела Турција и дека „до гроб” ќе биде со неговите приврзаници, јави Би-би-си. https://meta.mk/erdogan-proglasi-pobeda-na-pretsedatelskite-izbori-vo-turcija-galerija/ Во Анкара, тој говореше пред маса што тој ја...

Ердоган прогласи победа на претседателските избори во Турција [галерија]

Реџеп Таип Ердоган останува претседател на Турција. Според резултатите што ги објави агенцијата Анадолија, а се однесуваат на 98 отсто преброени избирачки места, Ердоган добил 52,10 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 47,90 отсто. Ердоган веќе излезе во јавноста и прогласи победа, а неговите приврзаници веќе со часови слават по улиците нa Анкара и на Истанбул, уште пред...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...