fbpx
Таг: претседателски избори

таг: претседателски избори

„Си-би-ес“: ФБИ предупредува за можни напади на Ал каеда во пресрет на изборите во САД

Американските разузнавачки претставници ги предупредиле локалните власти во Њујорк, Тексас и во Вирџинија за можни напади на Ал каеда в понеделник, во пресрет на претседателските избори во САД, јавува „Си-би-ес њуз“, повикувајќи се на неименувани извори. Телевизијата наведува дека не се спомнати конкретни локации, но американските разузнавачки претставници ги известиле антитерористичките групи за евентуалните закани. - ФБИ соработува со нашите федерални,...

Трамп испрати покани за победничка забава

Забава во чест на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД ќе се одржи во хотелот „Хилтон мидтаун“, а за прославата веќе се испратени покани. Од предизборниот штаб на кандидатот на САД од Републиканската партија, Доналд Трамп, се уверени во победата и веќе испратиле покани за победничка забава. Во поканите се наведува дека забавата ќе биде одржана во Њујорк, во...

Молдавија ќе има втор круг претседателски избори – води прорускиот кандидат

Претседателските избори во Молдавија ќе одат во втор круг откако прорускиот кандидат за малку ќе однесеше победа во првиот круг, покажуваат резултатите од речиси сите изборни места, објавени рано утринава. Според податоците, кандидатот на социјалистите, Игор Додон, кој сака поблиски односи со Москва, освои 48,26 отсто од гласовите, додека неговата проевропска ривалка, Маја Санду, доби 38,42 отсто од гласовите. Бидејќи ниту...

Русија не се меша во изборите во САД, тврди Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ги оцени како „хистерични“ обвинувањата упатени кон Москва дека се обидува да влијае на изборите во САД, во корист на кандидатот на републиканците, милијардерот Доналд Трамп, јавуваат светските агенции. Ова Путин го истакнал пред поранешни светски лидери и експерти, за време на собирот во Сочи, организиран од клубот „Валдај“. Тој ги критикувал Соединетите Американски Држави дека ги...

Обама: Реториката на Трамп за гласањето е опасна

Претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека е опасно инсистирањето на републиканскиот кандидат Доналд Трамп дека можеби нема да ги прифати резултатите од претседателските избори. Обама на предизборниот собир на кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, во Мајами, рече дека коментарите на Трамп ја поткопуваат американската демократија. Трамп предизвика контроверзии кога во телевизиската дебата со Клинтон одби да потврди дали ќе ги...

Наместо Клинтон или Трамп, секој четврти Американец би избрал Земјата да ја удри метеор

Младите Американци се толку се незадоволни од тоа што им се нуди на претседателските избори, што секој четврти повеќе би сакал Земјата да биде погодена од џиновски метеор отколку Доналд Трамп или Хилари Клинтон да влезат во Белата куќа. Анкетата меѓу младите американски гласачи ја спровел центарот за јавно мислење при Универзитетот „Масачусец“. Околу 53 отсто од 1.247 испитаници, на возраст...

Брзината на социјалните мрежи е предност и мана во известувањето, тврдат новинари од САД

Популистичките мерки објавени кратко и јасно на социјалните мрежи се ефективни, а тоа го користат политичарите, велат американските новинари Џон Кокран и Барбара Кокран, на јавната дискусија „Можат ли социјалните медиуми да влијаат врз изборите во САД?“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. - Секој новинар во денешно време мора да биде активен на социјалните мрежи. Недостаток е тоа...

Две жени го обвинија Трамп за сексуално малтретирање

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, се соочува со нови обвиненија, овојпат за недолично однесување кон жени, за што за весникот „Њујорк тајмс“ сведочеа две жени. Скандалот доаѓа една недела откако во јавноста се појави снимка на која Трамп на вулгарен начин зборува за жените. Наводите на двете жени, кои го обвинија Трамп за непримерно допирање, неговиот портпарол ги...

Лавров го негира руското мешање во изборите во САД

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ги отфрли тврдењата дека неговата земја се меша во американските претседателски избори, нарекувајќи ги таквите оценки „смешни“. Во ексклузивното интервју со Кристијан Аманпур во Москва, Лавров рече дека му ласка што американските претставници мислат дека Русија се меша во претседателските избори, но оти тие тврдења се „смешни“ и „без ниту еден факт“. САД минатата недела...

Остра дебата меѓу Трамп и Клинтон

Втората, претпоследна дебата во пресрет на претседателските избори во САД, меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп се одржа синоќа во Сент Луис. Дебатата почна со провокација и продолжи во тој тон. Многу лични напади, упаѓање во збор, но изостанаа конкретните одговори на разни теми и од двата кандидати. Како што се очекуваше, дебатата почнала со прашање за тонското парче објавено...

Молдавија: Русија се меша во претседателската трка

Претседателот на молдавскиот парламент, Адријан Канду, денеска ја обвини Русија дека се меша по политиката на Молдавија во пресрет на претседателските избори. Тој рече дека молдавските лидери се сомневаат дека Русија манипулира со медиумите и спроведува пропаганда. Канду во моментот се наоѓа во Вашингтон, каде разговара за политиката и за економската состојба во Молдавија со Меѓународниот монетарен фонд и со американскиот Стејт департмент. Според...

Клинтон и Трамп вечерва на прв ТВ-дуел

Водечките претседателски кандидати, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, вечерва првпат ќе се соочат во телевизиски дуел, кој би можел значително да ја смени поддршката меѓу гласачите, која сега е речиси изедначена. Дебатата, која ја организира телевизијата „Ен-би-си“, ќе им овозможи на кандидатите првпат директно да ги соочат аргументите, но и да го подобрат својот имиџ кај гласачите. Повеќето гласачи негативно...

Трамп: Путин е подобар лидер од Обама

Рускиот претседател, Владимир Путин, е далеку подобар лидер отколку нашиот претседател (Барак Обама н.з.), изјави републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп додека со својата ривалка од демократската партија, Хилари Клинтон, вчера во Њујорк одговараше на прашања на воените ветерани. Оваа негова изјава, како што пренесува „Би-би-си“, доаѓа истиот ден откако шефот на Пентагон ја обвини Русија дека го...

Трамп: Кога ќе станам претседател, ќе протерам стотина илјади луѓе

Претседателскиот кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп, вети дека ќе избрка стотина илјади луѓе без документи првиот ден од својот претседателски мандат. - Првиот ден ќе почнам да ги протерувам криминалните илегални мигранти во оваа земја, а особено тие стотина илјади кои се пуштени на слобода од администрацијата на Обама и на Клинтон – изјави Трамп во Ајова, на собирот што го организираше локалната...

Трамп почна кампања за лошото здравје на Хилари Клинтон

Здравствената состојба на кандидатката на Демократската партија на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, стана нова мета на кампањата на нејзиниот републикански соперник, Доналд Трамп, а многу членови на неговиот изборен тим посегнуваат и по теории на заговор кои дополнително ги подгреваат сомнежите. Трамп во последните неколку дена на своите митинзи повеќепати повтори дека 68-годишната Клинтон „нема физичка и ментална...

ОБСЕ планира да испрати 500 набљудувачи за претседателските избори во САД

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) планира да испрати 500 меѓународни набљудувачи да ги следат претседателски избори во САД, во ноември годинава, што е двојно повеќе во однос на бројот на набљудувачи што беа распоредени за време на изборите во 2012 година, јавува „Ројтерс“. На изборите во САД ќе бидат испратени набљудувачи од огранизацијата за меѓународна безбедност и заштита...

Клинтон именуваше преоден тим во случај да победи

Кандидатката на Демократската партија во трката за Белата куќа, Хилари Клинтон денеска го именуваше преодниот тим за примопредавање на должноста со претседателот на САД, Барак Обама во случај да победи на претседателските избори закажани за ноември. Именувањето на таков тим е вообичаена процедура во американскиот изборен процес и има за цел да ја подготви транзицијата, од изборите во ноември до...

Клинтон ја прифати номинацијата за претседател: Ќе бидеме поголеми од кога и да е

Хилари Клинтон ја прифати номинацијата на демократите за претседател на САД и во завршниот говор на партиската конвенција повика на единство и на слога. - Светот набљудува што правиме. Да, судбина на Америка е да избираме. Значи, да бидеме посилни заедно, гледајќи во иднината со храброст и со доверба. Да градиме подобро утре за нашите деца и за саканата земја....

Клинтон ја доби номинацијата за претседателски кандидат на демократите

Демократската партија на САД официјално ја номинираше Хилари Клинтон за свој кандидат на претседателските избори, закажани за ноември годинава. Првпат во историјата на САД, фаворит во трката за Белата куќа е жена. Поранешната државна секретарка утре треба официјално да даде согласност дека ќе биде кандидат на демократите на претстојните избори. Клинтон на партискиот конгрес во Филадејфија доби поддршка од мнозинството од делегатите...

Трамп утре ќе го објави името на својот кандидат за потпретседател

Неофицијалниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, најави дека утре ќе го објави името на својот кандидат за потпретседател на државата на претстојните претседателски избори. Трамп синоќа на „Твитер“ напиша рече дека името на потпретседателскиот кандидат ќе го објави во Њујорк и додаде дека „деталите следуваат“. Тој, неговите повозрасни деца и клучните соработници од почетокот на неделава имаат...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...