fbpx
Таг: претседателски избори

таг: претседателски избори

Заврши собирањето потписи за претседател, останаа седум кандидати

На полноќ истече рокот за собирање потписи за кандидат за претседател, со што останаа седум кандидати од вкупно 15. Тие се Стево Пендаровски од СДСМ со обезбедени 22.412 потписи, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ со обезбедени 28.086 граѓански потписи, Бујар Османи од ДУИ со 11.085 потписи, Максим Димитриевски од ЗНАМ со 11.605 потписи, Билјана Ванковска од Левица, која обезбеди...

Пендаровски, Силјановска-Давкова и Османи влегуваат во претседателската трка

Најголемите политички партии ги обзнанија кандидатите за претседателските избори на ден пред почетокот на рокот за собирање потписи. Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски ќе биде претседателски кандидат на СДСМ и на овие избори, јавија неколку медиуми повикувајќи се на извори од партијата. Ова е трет настап на Пендаровски на изборите за претседател на државата, а неговата кандидатура се очекува да...

Таравари „му фрли ракавица“ на Ахмети за претседателската трка

Во статус на социјалната мрежа, претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на РСМ од опозициската коалиција ВЛЕН, јавно го предизвика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да го прифати предизвикот и конечно да се кандидира за претседателските избори, за двајцата да си ги одмерат силите. „Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура за претседател, некогаш вели дека...

Грковска: Изборните кампањи да бидат транспарентни, за да нема лажни вести и дезинформации

Вицепремиерка Славица Грковска напиша отворено писмо во пресрет на претседателските и парламентарните избори на 24 април и на 8 мај, кои беа распишани вчера. Грковска во своето писмо истакнува дека е од огромно значење сите учесници во овој процес постојано да ги имаат предвид законите и етичките принципи при вршењето на своите активности. Таа дополни дека правичното спроведување на изборите...

Изборите распишани, партиите ќе најавуваат кандидати во следните две недели

По вчерашното распишување на претседателските и парламентарните избори, се очекува политичките партии да почнат со најавување на своите кандидати за двата изборни процеси. На 24 април ќе се одржи првиот круг на претседателските избори, а на 8 мај ќе се одржат парламентарните избори, заедно со вториот круг на претседателските избори. Државната изборна комисија (ДИК) од денеска треба да ги потврди официјалните...

Путин во трка за претседател со уште тројца кандидати – сите поддржувачи на војната во Украина

Регистрацијата на руските кандидати за претседателските избори во март е затворена, јави ТАСС, со претседателот Владимир Путин, кој се очекува да победи и уште тројца политичари - сите поддржувачи на војната на Русија во Украина. На листата не беше вклучен рускиот антивоен кандидат Борис Надеждин, откако Централната изборна комисија (ЦИК) во четвртокот му забрани да се кандидира, велејќи дека открила...

Трамп победи во Њу Хемпшир, речиси извесно дека ќе биде републиканскиот кандидат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп води на изборите за републикански кандидат за претседател во Њу Хемпшир за 12 поени, со 90 отсто од избројани гласови, пренесува Би-Би-Си. Со оваа победа, речиси е извесно дека Трамп ќе биде републиканскиот претседател на претстојните избори. Досегашните резултати од изборите покажуваат дека Трамп освоил 55 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Ники Хејли освоила...

На тајванските претседателски избори победи Лаи Чинг-те, кој се залага за сувереноста на државата

Победник на вчерашните претседателски избори во Тајван е Лаи Чинг-те. Неговиот мандат ќе е трет последователен за Демократската прогресивна партија (ДПП), која се залага за сувереноста на Тајван, известува Гардијан. Се смета дека резултатот на изборите ќе доведат до повеќе тензија меѓу Тајван и Кина, која се залага за анексија на Тајван. Се очекува да се зголемат тензиите меѓу двете...

Жителите на Тајван утре гласаат на клучни претседателски избори

Во услови на заострени тензии меѓу Тајван и Кина во изминатиов период, тајванските избирачи утре гласаат на клучни претседателски избори, јавува Си-ен-ен. Изборите се одржуваат во услови кога Кина го зголеми своето воено присуство во Тајванскиот Теснец и Јужното Кинеско Море, и покрај предупредувањата што ги доби од меѓународната заедница. Тајванските гласачи ќе треба да изберат нов лидер кој ќе...

СДСМ на јавен повик и преку месни одбори ќе бира претседателски кандидат

Владејачката партија СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за претседателските избори што ќе се одржат пролетва. Отворен е јавен повик за самокандидирање преку оглас објавен во дневните весници и на официјалниот сајт на партијата, а во тек е и номинација на можни кандидати преку месните одбори во општинските организации на СДСМ низ земјава. „Како партија со најголема внатрепартиска...

Две држави спуштија рампа за претседателската кандидатура на Трамп

Американските сојузни држави Колорадо и Мејн пресекоа дека поранешниот претседател на САД Доналд Трамп не може да биде избран за кандидат за претседател на САД на нивната територија. Сепак, тоа не е конечно решение, оти Трамп има право на жалба пред Врховниот суд на САД. Тоа ќе значи дека не ќе може да се бори за поддршка на неговите гласачи...

АНАЛИЗА: Изборна „историја“ за излезноста, мајски „двојни“ избори за да се мотивираат гласачите

Претстојната 2024 е изборна година. На 8 мај граѓаните ќе гласаат на двојни избори - втор круг претседателски, доколку во првиот некој од кандидатите не освои мнозинство од 50 отсто плус 1, и парламентарни избори, пишува Порталб.мк. Следната година граѓаните ќе гласаат на седми по ред претседателски избори во независна држава и 11-ти по ред парламентарни избори. Една од главните...

ВМРО-ДПМНЕ на 2 март на Конвенција ќе избере кандидат за претседател

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на Изборна Конвенција во Скопје на 2 март догодина ќе го избира кандидатот за претседател што ќе се натпреварува на претседателските избори. Ова е одлучено на вечерашниот Извршен комитет на партијата, информираа од ВМРО-ДПМНЕ. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука за формирање на Републички изборен штаб кој ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а негов...

Партиите договорија техничка влада од 28 јануари и двојни избори на 8 мај

Фото: Борче Поповски
Лидерите на парламентарните политички партии денеска се согласија првиот круг од претседателските избори да се одржи на 24 април, додека на 8 мај да се одржат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори. Техничка влада согласно актуелниот закон ќе има од 28 јануари, при што политичката партија ДУИ ќе го даде премиерот на техничката влада. Ова се клучните работи...

Македонија оди на двојни избори во мај, во декември ќе има лидерска средба во Собранието

Средбата на премиерот со лидерите на парламентарните партии за датум за изборите ќе се одржи во Собранието во декември, изјави денеска премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски. Тој не прецизираше точно кога би се одржале изборите, но рече дека во мај има доволно простор да се одржат редовни претседателски и парламентарни избори. Инаку, 8 мај е единствениот термин...

Власта и опозицијата блиску до договор, изборите на еден датум во мај

Фото: Борче Поповски
Премиерот Димитар Ковачевски денеска за првпат потврди оти за него е прифатливо парламентарните избори да се одржат во мај. Тој денеска од Прилеп порача дека има доволно простор во мај догодина да се одржат претседателските и парламентарните избори. „Сметам дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин“, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Тој додаде дека финалните...

Радикалниот десничар Хавиер Милеи победи на изборите во Аргентина

Аргентина вчера избра нов претседател, кој на земјата ќе ѝ донесе нова неизвесност. Радикално десничарскиот популист Хавиер Милеи беше избран за следниот лидер на втората по големина економија во Јужна Америка, јавува Јуроњуз. Хавиер Милеи победи на претседателските избори во Аргентина со освоени 55,69 отсто од гласовите, победувајќи го неговиот противкандидат и министер за економија Серхио Маса, кој освои 44,31...

Власта и опозицијата – „раштиман оркестар“ околу датумот за избори

Фото: Борче Поповски
СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ денеска сите поединечно коментираа околу датумот за одржување на парламентарните и претседателските избори наредната година. Секој влече на различна страна на оваа тема. Најизненадувачка беше денешната најава на ДУИ дека немаат проблем со одржувањето на изборите, односно дека се подготвени во ист ден да се одржат претседателските и парламентарните избори, онака како што...

Џафери: До Нова година партиите да го договорат датумот за избори

Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова година да го договорат датумот за избори. По овој рок, Џафери рече дека ќе мора да постапи согласно уставните обврски и да ги распише изборите. Тој денеска пред новинарите во селото Форино, кажа дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето кое...

ВМРО-ДПМНЕ не го открива претседателскиот кандидат, ќе го бираат на конвенција

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не го открива името на претседателскиот кандидат со којшто ќе настапат на претстојните претседателски избори, што треба да се одржат наредната пролет. Партискиот претседател Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Ресен, на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе биде маж или жена кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одговори дека партијата има сериозна внатрешна...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...