fbpx
Таг: претседател на Собрание

таг: претседател на Собрание

Заев од говорница: Претседател на Собранието ќе биде избран во оваа или друга сала

Претседател на Собранието ќе биде избран во оваа сала, во друга сала, на скалите, во амфитеатарот на Правниот факултет, во МАНУ, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во неговото прво обраќање од собраниската говорница и го повика претседавачот со Собранието, Трајко Вељаноски, да не го крши деловникот. Бидејќи во репликите и во контрарепликите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ГРОМ беше...

СДСМ: Ако не се одблокира Собранието, следува целосна блокада на државниот систем

Парламентарното мнозинство има должност да ја реализира мнозинската волја на граѓаните и да ја спаси државата од хаос, а граѓаните од егзистенцијален крах, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Од партијата велат дека уставниот поредок на државата е нарушен со неразумното однесување на Никола Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои за да ја избегнат правдата, користат насилство...

Манчевски: Ниту еден живот, ниту една гребнатинка не е вредна за Никола Груевски

Времето и моментот од стратегијата за деблокирање на Собранието и за избор на спикер, ќе го зачуваме за себе за да избегнеме каква било шанса за каков било конфликт помеѓу граѓаните, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања. - Ниту еден живот, ниту една гребнатинка не е вредна за Никола Груевски - рече Манчевски. Прашан за коментар на...

Заев до Ромео: Ќе продолжиме со чекорите за деблокирање на демократските процеси

Парламентарното мнозинство ќе продолжи со чекорите кон избор на нов претседател на Собранието и избор на новата влада, рекол лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео. На средбата, како што соопштуваат од СДСМ, била констатирана потребата од деблокада на демократските процеси и била нагласена потребата од разумност за мирен трансфер на...

Ахмети: Во моментов не гледам светло на крајот на тунелот

Централното претседателство на ДУИ денеска одржа кратка средба во Мала Речица по што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека не гледа светло на крајот од тунелот, пренесе „А1 он“. – Максимално се трудиме да ја решиме кризата, но не зависи само од нас, туку од сите партии. Некои од партиите ги блокираат државните институции. Во моментов не гледам светло...

СДСМ: Институциите да не подлегнуваат на насилните сценарија на Груевски

Никола Груевски не смее да се заканува со насилство, тоа е противуставно и дело казниво по закон, порачуваат од СДСМ во утринското соопштение. Од партијата нагласуваат дека многу бргу ќе биде избран новиот претседател на Собранието, а потоа и „новата реформска влада на унитарна Македонија, во согласност со деловникот, Уставот и со законите во Република Македонија“. „Груевски не е народот....

Коцијанчич: Неизвесноста да заврши, влада мора да биде формирана без одложување

Резултатите од неодамнешните парламентарни избори мора да се почитуваат, моменталната неизвесност да заврши и да се формира влада без понатамошни одложувања, изјавила портпаролката на Европската комисија (ЕК), Маја Коцијанчич, за „Радио Слободна Европа“. - Како што Европската Унија повеќепати истакна, вклучително и Европскиот парламент, резултатите од неодамнешните парламентарни избори мора да се почитуваат, моменталната неизвесност да заврши, а влада мора да...

Провмровските медиуми и здруженија заплашуваат со „народни бригади“

Медиумите кои отворено ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, почнаа да објавуваат текстови во кои провејува воена реторика. Така, „Република“ „дознава дека граѓани самоиницијативно веќе се организираат и се прават списоци за итна мобилизација“. Во текстот се тврди дека „граѓаните самоиницијативно формираат групи кои во таква ситуација за многу кратко време би се собрале и би реагирале на секаков можен начин со сите средства“....

СДСМ: Извештајот на „Фридом хаус“ покажува зошто на Македонија итно ѝ треба нова влада

Тоа што „Фридом хаус“ во новиот извештај ја посочува Македонија како држава со најнизок степен на демократија во регионот е само потврда зашто граѓаните на Македонија избраа промени, велат од СДСМ. Поради ова, нагласуваат од партијата, итно е потребно да се овозможи формирање на нова влада, којашто ќе обезбеди демократија во Македонија и почитување на човековите права. „Македонија, според извештајот паднала...

ДС предлага деблокирање на Собранието во три седници

Демократскиот сојуз (ДС) предлага да се одржат три седници на Собранието на Република Македонија, со кои ќе се деблокира работата на законодавниот дом и ќе се изберат нов спикер и нова влада. Според предлогот на партијата на поранешниот пратеник Павле Трајанов, прво 20 пратеници треба да поднесат барање за одржување вонредна седница на Собранието со единствена точка на дневниот ред - избор...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си контрираат за законот за јазиците во Собранието

Пратениците на денешното второ продожение на конститутвината седница, како и вчера, наместо да дискутираат по првата точка за избор на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања, најголемиот дел од дебата го поминаа во дискусија за палтформата на албанските партии и за употребата на законот за јазиците. Артан Груби од ДУИ рече дека албанската платформа не...

Денеска нова седница со стари позиции и со деловнички блокади

Конститутивната седница на Собранието, на која се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за избори и за именувања, ќе продолжи денеска напладне. Вчера, 20 пратеници поднесоа предлог за кандидат за претседател на Собранието на Република Македонија да биде Талат Џафери. Разврската останува неизвесна, како поради бројот на пријавените пратеници за дискусија, така и поради генералната атмосфера...

Пратениците далеку од договор, седницата продолжува утре напладне

Конститутивната седница на Собранието на која се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе продолжи утре напладне. Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски побара седницата да продолжи и по 18 часот, но Вељаноски не се согласи да ја продолжи седницата и нејзино продолжување закажа за утре во 12 часот. Речиси целата...

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ не блокира, туку „од демократијата го црпи правото за дебатирање “

Работата на Комисијата за избори и именувања е беспредметна затоа што денеска поднесовме предлог од 20 пратеници за кадидат за претседател на Собранието на Република Македонија, а тоа е Талат Џафери, рече на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов. - Граѓаните се сведоци кој сака да ја продолжи кризата. Реплицирањето на пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ сами на себе е кршење на...

Груевски замина на конгрес на сестринските партии на Малта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од денеска па во наредните неколку дена, заедно со партиска делегација ќе присуствува на конгресот на Европската народна партија (ЕПП), што се одржува на Малта, потврди за „Мета“, директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. Посетата на Груевски на Малта и учеството на конгресот на ЕПП, доаѓа во време кога Собранието треба да...

Продолжи конститутивната седница – дипломатите седнаа на местата на новинарите

Со половина час доцнење претседателот на Собранието од претходниот состав, Трајко Вељаноски по тримесечна пауза го отвори продолжението на конститутивната седница. Седницата почна на 30 декември, минатата година, а беше прекината бидејќи немаше договорено парламентарно мнозинство и пратениците не можеа да изберат претседател на законодавниот дом. На денешното продолжени на конститутивната седница, единствени две точки на дневен ред се изборот на...

Собрание: Извесно е само дека седницата ќе почне, сè друго е до волјата за излез од кризата

Парламентарните политички партии денеска, по три месеци пауза и преговори, ќе ја продолжат конститутивната седница на Собранието, која почна на 30 декември минатата година, а беше прекината затоа што немаше договорено парламентарно мнозинство и пратениците не можеа да изберат претседател на законодавниот дом. Според агендата на денешното продолжение на конститутивната седница, кое е закажано за 12 часот, единствени две точки...

Еден, два, три, десет или сто предлози за нов спикер на утрешната седница на Собранието

Парламентарните политички партии утре, по три месеци пауза и преговори, ќе ја продолжат конститутивната седница на Собранието, која почна на 30 декември минатата година, а беше прекината затоа што партиите немаа договорено парламентарно мнозинство и не можеа да изберат претседател на законодавниот дом. Според собраниската агенда, за утре во 12 часот е закажано продолжението на конститутивната седница, а како единствени...

Беса нема да го поддржи Џафери, ќе предложи свој кандидат за претседател на Собрание

Раководството на Движењето Беса нема да го поддржи кандидатот на ДУИ за претседател на Собранието, Талат Џафери, и одлучи да предложи свој кандидат за собраниски спикер, објави „Tелевизија 21“. Портпаролот на оваа партија, Орхан Муртезани, не открива имиња, но според неофицијални информации на партијата, станува збор за Африм Гаши или Фадил Зендели. - Движењето Беса не донесе одлука за поддршка на...

ДС: Парламентарното мнозинство мора да покаже цврстина и одлучност во Собранието

Партиите од парламентарното мнозинство можат да се обидат во следните два дена да понудат и да постигнат компромис со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, за в понеделник да се избере претседател на парламентот и со тоа се создадат услови за избор на реформска влада и за мирен, демократски и државнички трансфер на власта, велат од Демократскиот сојуз. Од понеделник натаму, нагласуваат од ДС,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...