fbpx
Таг: претседател на РМ

таг: претседател на РМ

Пендаровски: Блокадата од Бугарија нема да нè дестабилизира, но можни се облици на авторитарно владеење

Нашите граѓани можат да бидат спокојни, блокадата на Бугарија за почетотот на преговорите со ЕУ нема да има безбедносна дестабилизација на земјава, независно од бројот на нон-пејпери коишто некои упорно ги лиферуваат, е пораката на претседателот Стево Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците во Собранието на РСМ. „Искуството по НАТО самитот во Букурешт 2008-та нè учи дека е можно демократско...

По пратениците, и Пендаровски согласен на законот за номинирање стратешки партнер за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д

Иако Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) побара од претседателот Стево Пендаровски да не го потпише штотуку усвоениот „Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10“, или кратко законот за давање на овие проекти без јавно наддавање на конзорциумот „Бехтел-Енка“, претседателот Стево Пендаровски го...

Пендаровски им додели „Инженерски прстен“ на најуспешните дипломирани инженерки

Претседателот Стево Пендаровски им го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини, информираат од претседателскиот кабинет. Дури 10 од вкупно 12 добитници на прстенот се жени, односно над 83 проценти. Овогодинешни добитници на признанието се: Марија Петрова од Архитектонски факултет – Скопје; Дејан Геговски од Градежен факултет, Скопје; Маја Шаревска од Машински...

Пендаровски во обиколка на „Криволак“ пред почетокот на меѓународната вежба „Одлучен Удар-21“

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посета на Армискиот Полигон „Криволак“ каде беше информиран за активностите на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на припадниците на 15. Инженериски баталјон од Армијата на САД, во пресрет на почетокот на големата меѓународна вежба „Одлучен Удар-21“, информираат од претседателскиот кабинет. Претседателот Пендаровски изврши обиколка на дел од терените, како и сместувачките...

Советот за безбедност утре ќе одржи седница, ќе се разговара за ковид-19 пандемијата

Утре, 30 март 2021 година, вторник, со почеток во 14:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, информираат од претседателскиот кабинет. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Стево Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. „На седницата ќе се разговара за актуелната состојба...

Претседателот Пендаровски имал телефонски разговор со Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг

По повод годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО, претседателот Стево Пендаровски денеска имал телефонски разговор со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. Во разговорот двајцата соговорници размениле мислења за улогата на Алијансата и справувањето со идните безбедносни предизвици, за регионалната стабилност и за надворешно-политичките приоритети на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски...

Денеска се одбележува 17-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето на 17-годишнината од загинувањето на Трајковски во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, информираат од претседателскиот кабинет. Претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на...

Одбележани 9 години од смртта на поранешниот претседател Киро Глигоров

Државниот врв денеска ја одбележа 9-годишнината од смртта на поранешниот претседател Киро Глигоров. Делегација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје, информираат од претседателскиот кабинет. Делегацијата која му оддаде почит на поранешниот претседател беше во состав: Миле Бошњаковски, генерален...

Објавен јавен повик за програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“

Под покровителство на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, а во соработка со Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во претстојниот период ќе се реализира програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“. „Програмата предвидува 15 млади и амбициозни луѓе од Северна Македонија, преку низа на значајни обуки спроведени во неколку компании-членки на Советот на странски инвеститори, да стекнат...

Шилегов го повика Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на ГТЦ во културен простор

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на вчерашното затворање на фестивалот „Синедејс“, што се одржа на зелениот покрив на Градскиот трговски центар-ГТЦ, го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат покривот на овој култен објект во Скопје. - Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во...

Со мерки за заштита од ковид-19, земјава денеска го чествуваше Илинден

Без масовни собири и без културно-уметнички програми, под заштитни маски и со кратки церемонии Македонија денеска го чествуваше празникот Илинден. Пандемијата на ковид-19 влијаеше на намалување на масовноста на организираните настани и на примена на мерките за заштита од вирусот при прославувањето на двата Илиндена. Годинава, Денот на Републиката 2 – Август, Илинден, кој се празнува под слоганот „Победа за...

Пендаровски: Не е битно кој ќе победи, очекувам учесниците да си подадат рака

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на предвремените избори за пратеници во Собранието гласаше на избирачкото место 2489. „Според достапните информации од првата половина од изборниот ден, гледам дека сè се одвива во рамките на законските прописи и во една демократска и мирна, толерантна атмосфера. Она што е значајно и е специфика за овие избори, а според мене, би требало да остане...

Претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 8 дена

По поднесениот предлог од страна на Владата, Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер донесе нова одлука за вонредна состојба на територијата на целата држава. Одлуката е донесена врз основа на член 125 и член 126 од Уставот на Република Северна Македонија, а е во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни 2020 година, информираат од претседателскиот кабинет. „Политичките партии постигнаа договор предвремените...

Вонредната состојба завршува во сабота, партиите немаат усогласен став за одржување избори

Македонија веќе 5 месеци, односно од 3 јануари, работи со техничка влада, а 4 месеци без Собрание и речиси три месеци под услови на вонредна состојба. Вонредната состојба, четврта по ред, ја прогласи претседателот на државата Стево Пендаровски на 30 мај, додека од Владата велат дека засега оценуваат дека нема потреба за продолжување на вонредната состојба, пишува „Порталб.мк“. - Владата,...

Вработен во обезбедувањето на претседателот Пендаровски позитивен на Ковид-19

Вработен во обезбедувањето на Претседателот Стево Пендаровски вчера бил тестиран позитивен на корона вирусот, информираат од претседателскиот Кабинет. „Во попладневните часови во неделата, на 17 мај, извршено е тестирање за Ковид-19 на едно лице од тимот на обезбедувањето на претседателот Стево Пендаровски, вработен во Министерството за внатрешни работи, при што е утврден позитивен резултат“, се наведува во нивното соопштение. Тој минатата...

Советот за безбедност утре ќе расправа за продолжување на вонредната состојба

Советот за безбедност утре повторно ќе одржи седница кај Претседателот во „Вилата Водно“. Покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести. Очекувањата се на утрешната седница да се расправа за барањето на владата за ново продолжување на вонредната состојба во земјава. – Дел од мерките кои ги...

Лидерите на партиите не договорија датум за избори, следната недела ќе се обидат на повторна средба

Лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на Движење Беса Билал Касами, како и претставници на ДПА, денеска имаа средба кај претседателот Стево Пендаровски и дискутираа за одржување на предвремените парламентарни избори, но не се договорија за датум. Со консензус било одлучено дека здравјето...

Втората вонредната состојба од Пендаровски за уставните судии не е спорна

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба, се наведува во соопштението на Уставниот суд. Станува збор за втората по ред вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски во април, а која што сè уште трае. Уставните судии со мнозинство гласови одлучија дека одлуката...

Пендаровски, Димитров и Шекеринска на Минхенската безбедносна конференција

Претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе земат учество на Минхенската безбедносна конференција. На една од најголемите глобални конференции од областа на безбедноста и одбраната годинава ќе учествуваат над 500 претседатели, премиери, министри, претставници на бизнис и невладиниот сектор, како и академици. Настанот ќе се одржи од 14 до 16...

Пендаровски очекува поддршка од еврокомесарот Вархеји за проширување на ЕУ кон Западен Балкан

Македонскиот претседател Стево Пендаровски очекува цврста поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан од страна на новиот Комесар за соседска политика и преговори за проширување, Оливер Вархеји. Претседателот Пендаровски денеска се сретнал со еврокомесарот Вархеји и му го честитал именувањето на новата функција, информираат од претседателскиот кабинет. Двајцата соговорници размениле мислења и информации за актуелните состојби во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...