fbpx
Таг: претреси

таг: претреси

Полициски рации во Берлин, се вршат претреси во домови на поддржувачи на Хамас

Повеќе од 300 полицајци учествуваат во рации утринава против две забранети палестински организации во Берлин, соопшти германската новинска агенција ДПА. Полицијата извршила претрес на 11 згради во главниот град, изјави претставник на градската управа. Во други делови од земјата, имало рации на уште четири места. Полицијата извршила претрес на простории во провинциите Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија и Шлезвиг-Холштајн. Акцијата е поврзана...

Финансова полиција го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Претресот не е во домот на Јаулески

„Целосно ги демантираме и отфрламе изјавите на пратеникот Јован Јаулески дека претресот е извршен кај него дома, ниту пак кај некој друг претставник на политичка партија. Предистражната постапка се однесува на вработени лица во ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје“, соопштија од Финансовата полиција. Од таму појаснија и дека во рамките на предистражната постапка, а по...

Претреси во Скопје, приведени лица за кражба на електрична енергија

Денеска полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, по добиена судска наредба, извршија претреси во дом и други простории на неколку локации во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. „Претрес е извршен на ул.„Рилски Конгрес“ во домот на С.Т.(67), и на ул.„Александар Бујунов“ во две куќи сопственост на М.З.(63). При претресот е...

СЈО врши претреси во домовите на Канческа – Милевска и на Божиновски

Специјалното јавно обвинителство утрово врши претреси во домовите на на поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка, Елизабета Канческа - Милеска и на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, јавува „Телевизија 24“ повикувајќи се на свои извори. Од СЈО не ја потврдуваат информацијата. Засега не е познато дали претресите се вршат во рамките на нова предистражна постапка и за што...

Шестмина уапсени и запленети 500.000 таблети дрога во лабораторијата во Тетово

Шест лица досега се уапсени во акцијата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на Министерството за внатрешни работи, во која е откриена најголемата лабораторија за нелегално производство на синтетички дроги на Балканот, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Уапсените се државјани на Македонија и на Србија, а крајната дестинација каде одела дрогата била...

Уапсени уште пет лица за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април

Пет лица се уапсени по наредба на јавното обвинителство во врска со обидот за убиство на пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, за време на насилствата во Собранието од 27 април оваа година. Како што информираат од Обвинителството, донесена е наредба за проширување на истрагата за случајот против уште пет лица, кои се уапсени синоќа, при претресот...

Акција на турската полиција за апсење на 70 војници поради поврзаност со Ѓулен

Турската полиција денеска почнала акција за апсење на 70 војници обвинети за поврзаност со имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а кого властите во Анката го обвинуваат дека го организирал минатогодишниот обид за воен удар, јавуваат турските агенции. Акции против приврзаници на Ѓулен во Турција се спроведуваат речиси секој ден, веќе 15 месеци, а само минатата седмица беа приведени...

Јанева не може да потврди дали материјалите земени од Панчевски водат до Иванов

Специјалното јавно обвинителство почнало со анализа на материјалите одземени при вчерашните претреси во канцелариите и во домовите на судијата Владимир Панчевски и на двајца информатичари вработени во судот, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Специјалната обвинителка рече дека запленетите материјали се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи, но не открива повеќе детали за вчерашниот претрес во Основниот...

Претреси во неколку куќи во Брисел, уапсени четири лица

Во рамките на истрагата за спречениот бомбашки напад на централната станица во Брисел, извршени се претреси на куќи во главниот град на Белгија, при што приведени се четири лица. Како што се наведува во соопштението на обвинителството, претресите во четири куќи се случиле доцна синоќа во различни населби, вклучувајќи ја и Моленбек. Судија во текот на денот би требало да одлучи...

Уапсени 12 лица под сомневање за поврзаност со терористичкиот напад во Лондон

Бритаската полиција уапсила 12 лица поради сомнежи за повразност со синоќешниот терористички напад во кој загинаа седум лица, а 48 се повредени, пренесува „Би-би-си“. Апсењата биле извршени во предградието Баркинг, во источен Лондон, а уследиле по претресот на стан, сопственост на еден од тројцата напаѓачи. Терористичкиот напад се случи синоќа, околу 22 часот, кога бело комби прегази пешаци на Лондонскиот мост,...

Германија: Поведена истрага против 20 лица осомничени дека шпионирале за Турција

Дваесет лица се под истрага во Германија поради сомнеж дека шпионирале луѓе за кои верувале дека се приврзаници на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение на германското министерство за внатрешни работи. Инаку, властите во Анкара сметаат дека Ѓулен и неговите приврзаници стојат зад неуспешниот обид за воен удар во земјата, во јули минатата година. Ѓулен,...

Јанева: СЈО не гони обични криминалци, туку криминална група во врвот на власта

Судот треба да сфати дека СЈО не гони обичен криминал, туку ја гони криминалната група која се наоѓа во врвот на власта и затоа судот мора совесно, чесно и професионално да си ја извршува својата должност кога станува збор за случаите на Специјалното јавно обвинителство. Ова денеска го изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која беше гостин на презентацијата...

За да одлучи за претресите на СЈО, наместо 12 часа, на судот му биле потребни 5 до 10 дена!

Кривичниот суд во Скопје одлуките по барањата за претреси на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во зависност од случај до случај, ги носел во рок од 5 до 10 дена, наместо за 12 часа, односно за 24 часа, како што налага Законот за кривична постапка, потврдуваат за „Мета“ од СЈО. „По барањето за издавање наредба за претрес, судијата на претходната постапка...

Македонски државјанин уапсен во Австрија поради поврзаност со ИД

Австриската полиција извршила претреси и уапсила 14 лица во Виена и во Грац, меѓу кои и едно лице со македонско државјанство, под сомневање дека се припадници и поддржувачи на милитантната група Исламска држава, изјавиле од австриското обвинителство, пренесува ХРТ. Во претресите учествувале околу 800 полицајци, a координираната акција била планирана подолго време, било наведено во изјавата на обвинителството во Грац. Според...

Уапсени 118 припадници на прокурдска партија во Турција

Турската полиција привела 118 лица, во претреси во земјата против функционери на прокурдската Народна демократска партија (ХДП), која е обвинета за поврзаност со милитантите на Курдската работничка партија (ПКК), јавуваат агенциите. Операцијата за апсење на партиските функционери почнала вчера откако разгранок на ПКК ја презеде одговорноста за двојниот бомбашки напад, во кој пред стадион во Истанбул загинаа 38 лица, а 155...

ОЈО: Универзитетот МИТ немал акредитација за некои факултети и водел двојна евиденција

Претресите што полициски екипи вчера и денеска ги правеа во Универзитетот МИТ и во други објекти, по налог на Основното јавно обвинителство Скопје, биле спроведени откако до Државниот просветен инспекторат пристигнале претставки од дваесетина студенти од Турција во врска со студирањето на некои факултети за кои универзитетот немал акредидација или дозвола за работа, соопшти денеска Јавното обвинителство. Оттаму велат дека во...

Полициска акција во Универзитетот МИТ во Скопје

Полицијата денеска, по наредба на Основното јавно обвинителство, спровела акција во Универзитетот МИТ, поради, како што пренесуваат дел од медиумите, неправилности во работењето. Од МВР и од обвинителството засега нема официјални информации за акцијата. Порталот „Прес24“, повикувајќи се на полициски извори, пренесува дека во рамки на акцијата под кодно име „Еразмус 2“, при претресот на станот на сопственичката на Универизитетот МИТ биле...

Разбиена банда крадци на луксузни возила во акција на Европол

Европската полиција (Европол) денеска соопшти дека разбила меѓународна организирана криминална група, чии членови се осомничени за кражби и за препродавање на луксузни автомобили во Европа и во Северна Африка. Полициите на Италија, Шпанија и на Белгија извршиле 28 апсења и претреси на 29 локации во Италија и во Шпанија, соопшти Европол. Според информациите, водачите на криминалната група се со потекло од Италија...

Тројца Сиријци испратени од ИД, уапсени во Германија

Германската полиција уапсила тројца Сиријци под сомневање дека биле пратени од Исламска држава за да извршат напади, соопштиле од федералното обвинителство, јавува „Би-би-си“. Тројцата Сиријци, на возраст од 17, 18 и 26 години, биле уапсени по серијата полициски претреси на локации во сојузните држави Шлезвиг - Холштајн и Долна Саксонија, извршени утрово. Засега не се најдени податоци за конкретни мисии и...

Чавков: Купувањето испити на Економскиот факултет течело по добро разработена шема

Петмина од вкупно осумтемина осомничени во вчерашната акција на МВР на Економскиот факултет при УКИМ се приведени во полициската станица Кисела Вода и денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, додека на другите тројца, Т.Ф., С.Д. и Љ.Ј. во текот на денот ќе им бидат испратени покани за распит во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...