fbpx
Таг: претрес

таг: претрес

СЈО го сомничи Панчевски дека местел судски предмети и оддавал службени тајни

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со истражители од МВР денеска изврши претрес во канцеларијата на судијата Владимир Панчевски, против кого, како што изјави Јанева, СЈО води предистражна постапка поради злоупотреби на системот за распределба на судски предмети и за оддавање службена тајна. Претресот на СЈО во Кривичниот суд почна околу пладне и траеше пет часа, а покрај канцеларијата на Панчевски,...

Уапсено уште едно лице осомничено за поврзаност со нападот во Лондон

Британската полиција уапсила уште едно лице под сомневање за поврзаност со бомбашкиот напад што се случи во петокот оваа недела, во метро-станицата Парсонс грин во Лондон, јавува „Би-би-си“. Станува збор за 21-годишно момче, кое синоќа било уапсено во западен Лондон. Осомничениот бил однесен во полициската станица во јужен Лондон, каде останува во притвор. https://twitter.com/BBCBreaking/status/909315500089511936 Вчераутро, во пристанишниот град Довер, полицијата уапси 18-годишно...

Полицијата заплени 40 килограми марихуана и уапси две лица во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид и криминалистичката полициија на Министерството за внатрешни работи вчера во координирана акција откриле и заплениле 40 килограми марихуана, во близина на автокампот „Андон Дуков“ во Охрид. За време на акцијата полициските екипи извршиле претрес во метална барака на нива во близина на кампот, каде затекнале две лица од Охрид. На местото биле откриени и четири...

ОЈО бара притвор за директорот на Клиниката за неврохирургија поради примање поткуп

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против директорот на Клиниката за неврохирургија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој се товари за примање поткуп. Како што соопштија од Обвинителството, јавниот обвинител до судот поднел барање на осомничениот да му биде одреден притвор од 30 дена. Од МВР претходно информираа дека директорот на клиниката бил уапсен...

Полицијата приведе двајца од напаѓачите на Села, кривична пријава доби напаѓачот на Заев

Полицијата рано утринава извршила претрес во домот на К.Ѓ. (39), а потоа го привела заедно со неговиот татко Ц.Ѓ. (68), под сомневање дека се едни од напаѓачите на пратеникот Зијадин Села во Собранието за време на насилното влегување на група граѓани во законодавниот дом. Од МВР соопштуваат дека при претресот во 6 часот утринава биле пронајдени и подигнати патики со траги...

СЈО „на работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“

Обвинители на Специјалното јавно обвинителство денеска одржале „работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“, во врска барањето за СЈО за претрес на компјутерските системи, а во рамките на истрагата за масовното прислушување. „Во просториите на „Македонски телеком“ денеска е одржана работна средба на повисоко ниво со преставници на оваа компанија, за да се најде решение за предметите од...

Претрес во просториите на „Ауди“

Германските медиуми јавуваат дека во тек е претрес во просториите на „Ауди“ во врска со истрагата против матичната компанија „Фолксваген“ за лажирање тестови за емисија на гасови кај дизел-моторите. Весникот „Зидојче цајтунг“ и телевизијата АРД јавија дека е во тек претрес во компанијата „Ауди“, во седиштето во Ингоштадт, како и во зградите во покраината Баден-Виртемберг и Донла Саксонија. Претресот е во...

МВР: Не бевме информирани за акцијата за претрес во домот на Величковиќ

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека не било информирано ниту, пак, учествувало во планирањето на акцијата за вршење претрес во домот на началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, туку дека таа била изведена од Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по наредба од судија на претходна постапка. „Министерството за внатрешни работи на РМ ја информира јавноста дека акцијата...

Обвинителството имало налог за претрес на домот, а не за приведување на Величковиќ

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска потврди дека вчера, по налог на судија за претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје, бил извршен претрес во домот на началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, а во рамките на предистражна постапка што се води против началникот. „Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни...

СЈО ќе бара начин да ја деблокира истрагата за „Таргет“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и нејзините помошници обвинители наредните денови на состанок треба да решаваат што ќе преземат во врска со блокирањето на истрагата за случајот „Таргет“ од страна на Кривичниот суд, велат неофицијално за „Мета“ од СЈО. Она што е официјално е дека СЈО „нема право на жалба на одлуката“ на Кривичниот совет, до повисоките судски инстанци, односно...

Панчевски, Груевска-Илиевска и Башеска го блокираат СЈО во истрагите „Таргет“ и „Трезор“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од судиите Владимир Панчевски, како претседател на судот, и судијките Дијана Груевска-Илевска (заменик-претседател на судот н.з.) и Љубинка Башеска (судијката во случајот „Пуч“ н.з.), вторпат одбил да издаде наредба за да може Специјалното јавно обвинителство да изврши претрес на компјутерските системи во еден од телекомуникациските оператори во врска со случајот „Таргет“,...

Притворен полицаец осомничен за земање поткуп од стотина граѓани

Триесетдневен притвор му е одреден на полицаец кој пред два дена бил фатен како зема поткуп од возач за да не му напише казна за сторен сообраќаен прекршок. Полицаецот, како што информираат од Основното јавно обвинителство Скопје, ноќта меѓу 15 и 16 октомври вршел рутинска контола на возила во Скопје и запрел автомобил поради три сообраќајни прекршоци. Тој на возачот...

Во Турција приведени 136 вработени во судската администрација

Во рамките на истрагата за неуспешниот обид за воен удар, турската полиција денеска приведе 136 вработени во судската администрација во Турција. Полицијата утрово извршила претрес во судските канцеларии и одзела компјутери, а други полициски тимови извршија претрес во домовите на осомничените. Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул издала налог за притворање на 173 вработени во судовите Чаглајан, Бакиркој и Газиосманпаша, од...

Кумановец со прострелна рана во главата пронајден во бунар во село Доброшане

Безживотно тело на маж, со прострелна рана на десната слепоочница, е најдено во бунар во близина на црквата „Света Мина“, во село Добрешане, Кумановско, соопшти денеска Јавното обвинителство. Тим нуркачи на Министерството за внатрешни работи го извадиле телото од бунарот, а надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово извршил увид на местото. За случајот е осомничено едно лице кое било...

Пронајдени оружје и муниција во куќа во скопско Кучевиште

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против двајца жители на селото Кучевиште, во чиј дом полициски екипи, при претрес, откриле повеќе парчиња оружје и муниција. Како што информираат од МВР, станува збор за Н.Н. (32) и за Р.Н. (66), против кои е поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, а...

Кривичен суд: На барање на СЈО, издадовме налог за претрес во домот на Крпач

Судија на претходна постапка, на почетокот на овој месец на барање на Специјалното јавно обвинителство издал наредба за претрес во домот на Коста Крпач, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Оттаму додаваат дека од судот била издадена и наредба за одземање документи од Централниот регистар за две фирми, од кои на една, во одреден период, како сопственик се јавува Крпач. „Во...

Грујовски во тефтер водел евиденција за следење на обвинителите на СЈО

Во станот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“, обвинителите на СЈО пронашле тефтер во кој имало податоци дека агенти на УБК или приватно ангажирани лица, професионалци, ги следеле специјалните обвинители, пишува неделникот „Фокус“. Во тефтерот, покрај имињата и презимињата на обвинителите, имало податоци за местото на живеење, за врските и за контактите со соработници...

Кичевската полиција запленила повеќе од 50 лажни банкноти, три лица се приведени

Екипа на кичевската полиција вчера попладне извршила претрес на возило, сопственост на фирма од Скопје, и привела три лица кај кои биле пронајдени повеќе од 50 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари, информира МВР. Претресот на возилото и на трите лица во него бил извршен по наредба на Основниот суд Кичево поради постоење основан сомнеж дека се превезуваат фалсификувани пари. Како...

Ристовска: Одбивањето на барањето за претрес е преседан во правосудната практика

Одлуката на судијата да го одбие барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за претрес во домот на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски е преседан во правосудната практика, рече обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска на денешната прес-конференција. Според Ристовска, досега не се случило судија на претходна постапка да одбие вакво барање на обвинителствата. - Што...

Основен суд: Го повикавме началникот на УБК да се појави на сослушување

Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека судија на претходна постапка не се согласил со барањето на Специјалното јавно обвинителство да достави барање за издавање на наредба за претрес во домот на осомничениот Г.Г. затоа што Судот треба да утврди дали СЈО има овластување дека случајот е поврзан со содржината на незаконското следење на комуникации. „Од барањето за издавање на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...