fbpx
Таг: претрес

таг: претрес

(ВИДЕО) Претреси во Скопје – приведен дилер, запленет имот вреден стотици илјади евра

Полицијата во координација со специјалците од единицата „Тигар“ вчера извршиле претреси на три локации во скопската населба Гази Баба, при што биле пронајдени кокаин, дигитални ваги, но и разновидна скапа компјутерска опрема за која постои сомнение дека е купена со парите од продажба на дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираа од таму, по насоки од јавното...

Обвинителството ја чешлало Онкологија

Со судска наредба и по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР вчера извршиле претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Притоа биле одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење. „Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи...

Претрес во Идризово: Пронајдени мобилни телефони, таблет и прашкаста материја

Во затворот Идризово во акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции - ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, бил извршен претрес со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор. Од МВР известуваат дека постапувајќи по наредби за претрес, издадени...

Доналд Трамп бара да биде прогласен за претседател веднаш или да се одржат нови избори

По извршениот налог за претрес на ФБИ за одземање доверливи документи од неговиот дом, поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара веднаш да биде поставен за претседател на САД, 22 месеци откако ги изгуби изборите во 2020 година, јавуваат американските медиуми. Трамп предложи и поинакво решение – доколку сега не биде вратен во Белата куќа, побара гласањето од 2020 година да...

ФБИ изврши претрес на имотот на Трамп во Флорида

ФБИ изврши претрес во понеделникот во одморалиштето Мар-а-Лаго на Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, како дел од истрагата за постапување со претседателските документи, вклучително и доверливи документи, кои можеби биле донесени таму, пренесе Си-Ен-Ен. Поранешниот претседател потврди дека агенти на ФБИ биле во Мар-а-Лаго и рече дека тие дури упаднале и во неговиот сеф. Според извори на Си-Ен-Ен, додека се...

Дрога, оружје, 50 мобилни телефони пронајдени при претрес во затворот „Идризово“

Во претреси во 25 ќелии во затворот „Идризово“, што ја спровеле Одделите за сузбивање на организиран криминал, криминалистичка полиција и специјални полициски операции и СВР Скопје, во координација со надлежен Јавен обвинител, биле пронајдени 50 мобилни телефони, големи количества пари во различни валути, дрога, таблети, 37 ножеви и други остри предмети. Пронајдените пари биле повеќе од максимално дозволените што осудениците...

Полицијата сè уште го бара лавчето Симба: Кај еден од осомничените запленети се препариран тропски мајмун и лебед

Полицијата сè уште не го најде лавчето Симба. Според информациите кои Мета ги доби од Основното јавно обвинителство при претрес кај лицето чии фотографии со лавчето беа објавени, не е пронајдено дивото животно. Министерството за внатрешни кое по насоки на Основното јавно обвинителство Куманово го лиши од слобода кумановецот С.А.(31) презема дејствија за пронаоѓање и за утврдување на начинот на...

Медиумите не ја проверија информацијата за претресот на домот на Јанева, а не објавија ни демант

Лавина дезинформации и шпекулации во медиумите предизвика новиот случај „Рекет“ на Основно јавно обвинителство, за кој, менаџерот на телевизијата „1ТВ“ Бојан Јовановски и бизнисменот Зоран Милески се во 30-дневен притвор, бидејќи се осомничени дека сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Јовановски и за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, пишува „КриТинк“. „Истражната постапка...

Обвинителство од домовите на Јовановски и Милевски одзело компјутери, облека, накит и оружје

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден до раните утрински часови работеше на прибирање на материјални докази поврзани со двајцата осомничени во случајот „Примање награда за противзаконито влијание“, Бојан Јовановски и Зоран Милевски,  информираат од таму. Како што обвинителството веќе информираше, извршени се претреси...

Штипската полиција заплени рекордни 77 килограми марихуана

Штипската полиција го сопрела велосипедистот Б .С (40) кај селото Стар Караорман и утврдила дека на велосипедот возел набрани стебла со марихуана со тежина од три килограми. Подоцна, при претрес на неговиот стан исто така било откриено големо количество на марихуана. Опојното растение во различни големини, обработено и необработено, го имало секаде во сите делови од станот – на под,...

„Паднаа“ кривичните пријави на Владимир Панчевски

Основното јавно обвинителство - Скопје соопшти дека ги отфрлила трите кривични пријави што против Специјалната обвинителка Катица Јанева, судијката Злата Попова од Основен суд Гевгелија и вработени во СЈО и МВР, односно вкупно 10 лица ги поднесе судијата во Основен суд Скопје 1, а поранешен претседател на судот, Владимир Панчевски. „Надлежен обвинител оцени дека во дејствијата на пријавените нема битни...

Приведен дилер на дрога во Неготино, запленети марихуана, хероин, кокаин

Полициски екипи вчера извршиле претрес во домот на 41-годишниот А.Т. во Неготино каде пронашле и заплениле различни видови наркотици, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Како што информираат од Министерството, во домот на неготинецот биле пронајдени и одземени 1,5 килограми марихуана, 20 таблети екстази, 36 шишиња метадон, околу 10 грама кокаин, околу 110 грама хероин, една дигитална вага и 36.000...

Пронајдени 150 килограми дрога во Арачиново

При претресот на куќа и помошни простории на двајца осомничени во Арачиново, вчера биле пронајдени околу 150 килограми разновидни материи, за кои се претпоставува дека се наркотични дроги, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) - Скопје. Обвинителството учествувало во акцијата спроведена од СВР Скопје и Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на Криминалистичка полиција. По наредба на...

Пронајдена еден килограм марихуана при претрес кај тетовец

Врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на лицето Б.М. (22), на улицата Ленин во Тетово, вчера во периодот од 16 до 18 часот. „При претресот, на повеќе различни места и во различни пакувања, била пронајдена вкупно околу еден килограм наркотична дрога марихуана. Пронајдените предмети со дрогата биле одземени и дадени на вештачење,...

Запленети 30 килограми марихуана во селото Аранѓел, Кичевско

Полициски екипи вчера при претрес на домовите на две лица во кичевското село Аранѓел заплениле 30 килограми марихуана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Претресот бил извршен по добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба. Како што информираат од МВР, при претресот во просториите на приземјето од куќата сопственост на А.А. (45) биле пронајдени три најлонски кеси...

Панчевски поднесе кривична против Катица Јанева и претседателката на гевгелискиот суд

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, судијата Владимир Панчевски, поднесе кривична пријава против специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и против претседателката на Основниот суд во Гевгелија, Злата Попова. Панчевски во пријавата ги товари Јанева и Попова дека по претходен договор ги пречекориле своите службени овластувања и го прекршиле законот со издавањето и со спроведувањето на наредбата за претрес на...

ДЗЛП: Панчевски смеел да снима дома, но не смеел да ги објавува снимките

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, судијата Владимир Панчевски, не се огрешил спрема Законот за заштита на личните податоци со тоа што поставил камера и снимал во својот дом, но објавувањето на снимките во јавност е проблематично и повлекува одговорност, велат за „Мета“ од Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП). Панчевски на почетокот на октомври оваа година, преку...

Јакимовски: Полицијата насилно упадна, од Општината собиравме лични работи

Досегашниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција обвини дека полицијата „под водство на режимот на Зоран Заев“ насилно упаднала во Општина Карпош додека неговите колеги пакувале лични работи. Тој рече дека некој им јавил на вработените во Општината дека денеска ќе се случи примопредавањето на градоначалничката функција и дека затоа тие пакувале работи од кабинетот на Јакимовски. -...

Јанева: Затоа што снимал, Панчевски треба да биде предмет на психијатриска опсервација

Апсолутно не е одземен клуч од домот на Панчевски, а тоа што тој снимал нешто во својот стан, тоа веќе треба да биде предмет на друга психијатриска опсервација, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. - Многупати во такви ситуации кога нè напаѓале, сме мислеле дека е поважно да ја вршиме нашата работа и да ги оставиме таквите маргинални работи...

Панчевски: Со претресот на СЈО настапи целосен мрак за правдата во Македонија

Судијата Владимир Панчевски денеска обвини дека во четвртокот минатата недела настапил „целосен мрак за правдата во Македонија“ со, како што вели, „незаконитиот и брутален претрес“ што врз него го извршиле Специјалното јавно обвинителство и истражители на Министерството за внатрешни работи. Панчевски, во интервју за „Алсат-М“, тврди дека не бил извршен претрес во простории во Кривичниот суд во Скопје, туку станувало...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...