fbpx
Таг: претпријатија

таг: претпријатија

Владата на денешната седница донела одлуки поврзани со спроведување на планот „3-6-9“

Владата денеска ја одржа 22. седница, на која биле донесени одлуки поврзани со спроведување на планот „3-6-9“, а се од интерес на локалната самоуправа и се однесуваат на енергетиката, информираат од владината прес-служба. „На денешната седница, Владата ја донесе уредбата за методологија за распределба на приходите од данокот на додадена вредност (ДДВ) по општини за 2018 година. На седницата беше истакнато...

СДСМ: Ќе бидат преиспитани милионските долгови на државните претпријатија

„Ќе бидат преиспитани сите милионски долгови што државните и јавните претпријатија ги направиле врз основа на неплатени даноци“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека и според последната должничка листа на УЈП, меѓу најголемите должници се државните и јавните претпријатија, кои должат и по неколку милиони евра за неплатен данок. „Институциите го толерираат ваквото расипничко работење на државните...

УЈП ја објави новата листа на даночни должници

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници на која се наоѓаат 4.251 фирма и физички лица кои имаат долгови доспеани до 31 декември 2016 година и неплатени до 31 март 2017 година врз основа на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Најголем должник на листата...

Македонски и косовски компании на тет-а-тет средби во „Сити хол“

Проектот на УСАИД за мали и за микропретпријатија денеска беше домаќин на „бизнис за бизнис“ (Business to Business) вмрежување меѓу компании од Македонија и од Косово, во „Сити хол центар“ во Скопје. „Целта на овој настан е да креира можности за соработка меѓу компании од Македонија и од Косово. Соработката меѓу компаниите од регионот е многу важна, особено за помалите економии,...

Тевдовски: Во првата година од мандатот ќе обезбедиме најниска плата од 12.000 денари

Најниската плата во првата година од мандатот ќе ја зголемиме на 12.000 денари, ќе обезбедиме по 20 милиони евра годишно за поттикнување на малите и на средните бизниси, а сите институции и јавни претпријатија ќе мора да даваат отчет еднаш месечно за тоа како ги трошат парите од државниот буџет, порача денеска на прес-конференција Драган Тевдовски, претседател на комисијата...

ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДСМ беше на власт, затвори 684 фирми и остави на улица 200.000 луѓе

„Кога СДСМ беше на власт, затвори 684 фирми и остави на улица 200.000 луѓе. Денес зборуваат за субвенции, а кога беа на власт не дадоа ниту денар за фирмите“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Драган Тевдовски. - Каде беше СДСМ со мерки и со предлози како конструктивна опозиција кога почна светската економска криза. Во тоа време,...

Четири компании се наградени за најуспешни претприемачи на годината

Традиционално и годинава, на јубилејното 10. издание на престижната манифестација „Претприемач на годината“ беа доделени наградите на најуспешните претприемачи на мали и микропретпријатија во Македонија. Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Деан Бадаревски од „Софа студио“ од Скопје, додека втората награда му припадна на Васко Брдаровски од „Евросуровина ПА“ од Битола. Во категоријата на микропретпријатија, добитник на првата награда...

СДСМ: 10.000 затворени домашни фирми, секоја трета со блокирана сметка

„10.000 затворени домашни фирми се резултатот на Никола Груевски во економијта. Секоја трета фирма е со блокирана сметкa. Малите и средни претпријатија со години беа потценувани со државна помош од само две евра годишно по фирма“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека 10.000 семејства кои егизистираа од тие фирми останаа на улица без работа и...

Брисел непотребно потрошил 5,5 милијарди евра, откриле ревизорите

Европската Унија непотребно потрошила 5,5 милијарди евра, предупреди денеска Европскиот суд на ревизори, додавајќи дека Брисел мора да ја поврати довербата на европските граѓани кои беа погодени од Брексит и од други кризи. Средствата непотребно биле потрошени на преплатени трошоци за службеници на ЕУ и за развој на компјутерски сервиси во облак. Другиот пример се однесува на малите и на средни претпријатија во Чешка, Италија...

Шести европски конгрес за мали и средни претпријатија во Катовице

Шестиот европски конгрес за мали и средни претпријатија се одржа во Катовице, Полска, од 10 до 12 октомври. На конгресот оваа година учествуваше и делегација од Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески. - Улогата на малите и на средните претпријатија во македонската економија е сè поголема и позначајна. Имајќи го предвид силниот потенцијал за развој на приватниот сектор во...

СДСМ: Со преголемите казни, ВМРО-ДПМНЕ ги уништува малите бизниси во Штип

Владимир Милошев, претседател на разгранокот на СДСМ во Штип, денеска на прес-конференција обвини дека казните од  Управата за јавни приходи се преголеми, а малите и средните бизниси одвај преживуваат. - Ваквата политика на ВМРО-ДПМНЕ негативно се одразува на нормалното работење на фирмите. За многу фирми, големите казни претставуваат и сериозна закана за нивната егзистенција и за вработените во овие фирми - изјави...

Претседателите на Стопанските комори од регионот на средба со Иванов во Охрид

Претседателот Ѓорѓе Иванов ќе прими висока делегација од коморите од земјите од регионот - членки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) формиран во 2015 година, информираат од Стопанска комора на Македонија. Коморските делегации утре во Охрид ќе бидат предводени од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите колеги од Србија и Косово. На средбата акцент ќе биде ставен на...

Профитабилноста на банките, една од клучните за намалување на нефункционалните кредити

Профитабилноста на банките, порастот на кредитите кај претпријатијата, односно кај домаќинствата и порастот на домашниот бруто-производ придонесуваат за намалување на нефункционалните кредити. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на тема „Детерминанти на структурата на капиталот на корпоративниот сектор: случајот на македонската економија со панел-податоци“ од авторката Билјана Јовановиќ, во рамките на Клубот на истражувачи на Народна банка. - Од друга страна,...

ОЕЦД: На светот му претстои нова економска криза предизвикана од ниската потрошувачка

Глобалната економија би можела да западне во замката на низок економски раст кој ќе ја загрози иднината на следните генерации, освен ако владите под итно не ја зголемат потрошувачката, предупреди денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). - Без сеопфтана, кохерентна и заедничка акција, разочарувачкиот и успорен раст ќе трае, што значително ќе го отежне исполнувањето на ветувањето спрема...

Куба ги легализираше малите и средни приватни претпријатија

Властите на Куба објавија дека ги легализирале малите и средни приватни претпријатија што е нова фаза во реформите кои се спроведуваат од кога е претседател Раул Кастро, кој го презеде управувањето со земјата од својот брат Фидел во 2008 година. Раул Кастро се обидува да го поттикне растот на слабата кубанска економија, но е соочен со отпорот на лидерот на...

4.500 должници на новата листа на УЈП

На најновата листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи се наоаѓаат повеќе од 4.500 граѓани, фирми и јавни претпријатија. Станува збор за долгови доспеани до 31 декември минатата година, а кои не биле платени до 31 март годинава за ДДВ, данок на добивка, персонален данок, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На најновата листа меѓу должниците...

Климатските промени се сериозни закани за земјоделството

Воведувањето на нови технологии во земјоделството e неопходнo за борба против климатските промени, бидејќи тие се сериозни закани по родот. Ова беше истакнато на денешната прес-конференција на Сојуз на стопански комори (ССК), на која, исто така, беа дадени предлози за имплементација на нови технологии во секторот, кои ќе придонесат за ублажување на негативните последици. Годинава, поради поволноста на временските услови, кои беа во...

УСАИД ќе ги поттикне македонските компании да соработуваат меѓу себе

Проектот на Агенцијата за интернационален развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД) за микро и за мали претпријатија беше домаќин на тет-а-тет вмрежување меѓу компании од југозападниот, источниот и од североисточниот регион, Пелагонија, Полог и од Скопје. На овие бизнис-средби, претставниците на компаниите имаа можност да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи и услуги и да разговараат за потенцијални...

СДСМ: Нема да дозволиме уште една лоша епизода за домашните фирми

„Додека Владата зборува за виртуелни инвестиции, фирмите во земјава се затвораат, покрај другото и поради разни давачки што им се наметнуваат. Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка, повеќе од 10.000 фирми се затворени“, обвини Маријанчо Николов од СДСМ на прес-конференција во Собранието. - Лошата бизнис-клима влијае постојано да се затвораат фирми, при што луѓе остануваат без работа. Нема да...

Десетгодишнина на Европската бизнис-асоцијација

По повод јубилејот 10 години од своето постоење, Европската бизнис-асоцијација на 13 ноември, во хотелот „Александар палас“ во Скопје, ќе организира економски форум на кој ќе учествуваат највисоки владини претставници, извршни директори од најголемите македонски компании, како и претставници од ЕУ-институции и менаџери од повеќе интернационални компании. Еминентни бизнисмени и политичари ќе бидат дел од три панел-дискусии, посветени на макроекономскиот развој...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...