fbpx
Таг: претепан

таг: претепан

Четири лица претепале овчар, па го врзале за дрво

Четири лица физички нападнале, а потоа врзале за дрво 53-годишен жител на кочанското село Нивичани. Настанот се случил вчера претпладне на место викано „Ливади“ во атарот на пробиштипското село Турско Рудари, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). 53-годишниот Г.К. од Нивичани работел како овчар. Набргу откако четворицата напаѓачи го врзале за дрво, истиот бил пронајден од жител на Турско...

Три лица го претепале секретарот на Бугарскиот клуб во Охрид

Дваесет и едногодишниот Бугарин од Охрид, Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, синоќа бил претепан од три лица пред угостителски објект во центарот на градот. Информацијата на Фејсбук ја објави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој извести и дека Пендиков е примен в болница. „Насилството, омразата и дискриминацијата треба да сопрат! Очекувам моментална реакција од властите...

Топалоски се премисли: Не сум видел пиштол, поради стресот сум помислил дека Нефи има пиштол

Добив удар од позади грб и поради стресот што го добив сум стекнал погрешен впечаток дека Нефи Усеини има пиштол. Ова е дел од новата изјава на охриѓанецот Спирко Топалоски, кој завчера пријави дека бил нападнат од советникот на ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини. Во соопштение од неговиот адвокат, Топалоски ја менува првичната изјава. Нефи Усеини и неговиот брат,...

По тепачката на Роберт Димитров во дискотека, полицијата и обвинителството почнаа истрага

Во исчекување на првичните наоди од истрагата на Основното јавно обвинителство за инцидентот вчера ноќта во дискотеката „Клик“ од Штип, полицијата излезе со официјална потврда на настанот, во кој учествувал основачот на „Телекабел“, Роберт Димитров. Во инцидентот со тешки телесни повреди во болница заврши сопственикот на кафулето „Илужн“, Ацо Панов. Според соопштението на СВР Штип, настанот се случил во неделата,...

Поднесено обвинение за убиството на Никола Саздовски

Обвинителен акт за убиство е поднесен денеска против двајцата осомничени за свирепото претепување на Никола Саздовски во Автокоманда на 29 јуни годинава, соопшти  Основното јавно обвинителство Скопје. Исто така, за нив е побарано продолжување на притворот. Истражната постапка против третиот осомничен, кој се смета за соизвршител, е прекината поради тоа што е во бегство. Против него се распишани домашна и...

Во Обвинителство стасало вештачењето за смртта на Никола Саздовски

Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје по наредба од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска до обвинителството го доставил вештачењето за причинско-последичната врска на нанесените повреди кај 21-годишниот Никола Саздовски, од претепувањето на автобуска постојка во Автокоманда со неговата смрт пред една седмица. ​Наодот од вештачењето е кај надлежниот јавен обвинител, кој, заедно со...

Поповски: Јавноста ги знае сите информации за истрагата за Никола Саздовски

Роберт Поповски, министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентост, по многуте реакции во јавноста и социјалните мрежи за водењето на истрагата за убиството на 21-годишниот скопјанец Никола Саздовски, кој на 29 јуни беше брутално претепан на автобуска постојка во Автокоманда и вчера почина, порача дека јавноста е навреме информирана за истрагата за случајот. Поповски, во соопштението, изразувајќи го сочувството на...

Маж претепан до смрт пред продавница во Охрид

Маж на возраст од 59-години вчера колабирал и починал во Охрид од повредите добиени во тепачка, извести СВР Охрид. Поради тоа, кривична пријава за убиство е поднесена против Н.С. (79), З.С. (45) и Д.С. (24), сите од Охрид. Според СВР Охрид, вчера околу 17.30 часот, пред продавница на раскрсницата на улиците Будва и Радојца Новичиќ во Охрид, дошло до расправија...

Срби и Грк претепале до смрт американски турист на Закинтос

Американски турист починал како резултат на повредите добиени од претепувањето од страна на српски туристи и на еден Грк. Нападот се случил во кафе-бар на грчкиот остров Закинтос, а му претходела расправија меѓу група Американци и група Срби. И двете групи биле под дејство на алкохол. Околу 3.15 часот денеска, близу локалот „Бар код“ во Лаганас, српските гости заедно со...

Зијадин Села в понеделник првпат ќе се појави во јавност по нападот

Претседателот на Движење за реформи на ДПА (ДР-ДПА), Зијадин Села, првпат по нападот во Собранието на 27 април, кога беше брутално претепан, ќе одржи прес-конференција в понеделник, извести портпаролот на ДР-ДПА, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил. „ДР-ДПА со задоволство известува дека в понеделник, во 13 часот, во седиштето во Тетово ќе се одржи првата прес-конференција на нашиот претседател Зијадин Села....

Насилници претепале скопјанец и демолирале кафуле во Шутка

Седум-осум непознати лица вчеравечер во кафуле во населбата Шуто Оризари претепале млад скопјанец, а потоа превртеле неколку маси и го скршиле стаклото на влезната врата, по што заминале, соопшти СВР Скопје, информирајќи дека во врска со инцидентот засега се приведени тројца и се работи на расчистување на случајот. Случајот во полиција вчера во 21.30 часот го пријавил претепаниот К.С. (24),...

Претепан снимател на „Анадолија“ во Белград

Снимател на турската новинска агенција „Анадолија“, Нихад Ибрахимкадич, рано утринава беше повреден при напад во близина на железничката станица во Белград. Снимателот е префрлен на одделението за интензивна нега во Воено-медицинската академија. Како што наведе агенцијата „Анадолија“, непознатите напаѓачи го нападнале Ибрахимкадич од зад грб, а за време на нападот не зборувале ништо и не зеле никакви вредни предмети. Ибрахимкадич добил...

Разбојник ограбил и до смрт претепал 91-годишен жител на Свети Николе

Вчера, во периодот меѓу 13 и 18.20 часот, непознат сторител претепал и ограбил 91-годишен жител на Свети Николе, во неговиот дом, информираат од МВР. Старецот, на кој му била укажана лекарска помош во светиниколската болница, ноќеска околу 2 часот им подлегнал на повредите. Според полициските информации, разбојникот во станот на улицата Рахилка Гонева, влегол преку незаклучена врата и со тап...

Тодор Петров претепан по осветувањето на крстот во Бутел

Тодор Петров, претседателот на Светски македонски конгрес, еден од донаторите на крстот чии темели утрово беа осветени во општината Бутел, бил претепан од непознати лица, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Како што јавуваат медиумите, Петров бил претепан по завршувањето на настанот на кој тој одржа говор. Во моментов тој се наоѓа на Ургентниот центар, каде му се вршат компјутерски испитувања, по кои ќе...

Обвинителството почна истрага за убиството на старецот во село Маково

Основното јавно обвинителство Битола покренало истражна постапка против осомничениот за вчерашното убиство на 80-годишниот жител на мариовското село Маково, соопшти денеска јавното обвинителство. Тој се товари дека по расправија со овчарски стап до смрт го претепал старецот. „Осомничениот се товари дека пред селската продавница – кооперација во село Маково, општина Новаци, по вербална расправија, лишил од живот едно лице од истото...

Го претепале до смрт оти ја фалел Катица Јанева, а ги кудел Јанкулоска и Јанакиески

Бизарна расправија, по неколку чаши ракија, била кобна за 80-годишниот старец од мариовското село Маково, кој бил до смрт претепан од 53-годишен поранешен осуденик откако ја пофалил работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева, и се порадувал на кривичното гонење на поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески. Токму тоа била причината поради која сега осомничениот му се нафрлил на старецот,...

Штипјанец го претепал татка си со дрвен предмет

Седумдесет и петгодишен штипјанец вчера бил претепан од својот син, кој го нападнал со дрвен предмет, удирајќи ги по главата и по телото, информира полицијата. Од ударите, на старецот му биле нанесени тешеки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип за укажување лекарска помош. Според полицијата, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...