fbpx
Таг: пресуда

таг: пресуда

Две пресуди за десничарски милитанти во врска со упадот во Конгресот

Водач на крајно десничарска милитантна организација е прогласен за виновен за заговор за спречување на постапката за преземање на функцијата на претседателот на САД, по изборите во 2020 година, јави Би-Би-Си. На големо судење со порота, Стјуарт Роудс, основач на „Оут Киперс“ (Oath Keepers - Почитувачи на заклетвата), по два месеца судски рочишта, беше прогласен за ретко споменуваното кривично дело...

Апелациониот суд ја укина осумгодишната казна за Сашо Мијалков

Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда за случајот „Трезор“, во кој еден од осудените беше поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тој од Кривичниот суд беше осуден на осумгодишна казна затвор. „Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор“, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С.М. од С., Г.Г. од...

Порталб: Скопска Апелација донела одлука за случајот „Монструм“, но се очекува да ја објави во септември

Апелацискиот суд во Скопје ја донел одлуката за случајот „Монструм“, по одржаната јавна расправа на 18 март годинава, но таа не може да се објави бидејќи сѐ уште не е напишана и потпишана, известува Порталб.мк. „Ве известуваме дека предметот КОК-66/17 на Основен кривичен суд Скопје е доставен на одлучување по жалба до Апелациониот суд и е со број КОКЖ-109/21, за...

Конспирационистот Алекс Џоунс ќе плати над 4 милиони долари поради дезинформации за масакрот „Сенди Хук“

Судската порота во американскиот град Остин во Тексас, вчера му одреди парична казна од над 4 милиони долари на познатиот конспирационист Алекс Џоунс, како отштета за родителите на 6-годишно момче убиено во масакрот од 2012 година во училиштето „Сенди Хук“ во Њутаун, Конектикат, јави АП. Нил Хеслин и Скарлет Луис, таткото и мајката на Џеси Луис, кој заедно со...

Мијалков се спогоди за „Империја“: Три години затвор и ќе му конфискуваат 36 милиони евра

Сашо Мијалков, осомничен во предметот „Империја“ за перење пари е осуден на три години ефективен затвор откако денеска призна вина во спогодба со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, објави СДК. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција потврдиле и за телевизија Телма дека Мијалков ја признал вината и се спогодил за предметот „Империја“. Деновиве, судија за извршување на...

Контраспин: Спиновите околу Талир 2 дополнително ја уриваат довербата во судството

Двата примера околу кои се спинува за Талир 2 покажуваат многу добро дека самите главни партии што во огромен дел биле и креатори на политики во правосудството и не може да се амнестираат за тоа дека довербата на јавноста е сè уште многу ниска, секојдневно со своите спинови придонесуваат таа доверба да остане закована за дното уште долго време…Спинува...

Шест години затворска казна за Груевски за случајот „Талир 2“, судот ќе ја конфискува Белата палата

За виновни се прогласени поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата и на тогашната Влада Кирил Божиновски, за незаконската изградба на Белата палата - седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. Основниот кривичен суд Скопје го осуди Груевски на затворска казна од шест години, додека Божиновски доби условна казна од 2 години затвор која...

Пресуда за уривањето на „Космос“: Никола Груевски доби девет години казна затвор, Јанакиески три

Основниот кривичен суд-Скопје денеска ги објави пресудите во случајот „ТНТ“, којшто се однесува за рушењето на станбениот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Судот ги прогласи за виновни обвинетите, при што поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на девет години казна затвор. Некогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на три години затворска казна. Поранешниот градоначалник на...

Врховен суд го отфрли барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Насилство во Општина Центар“

Врховниот суд го отфрли како недозволено барањето на поранешниот премиер Никола Груевски за вонредно преиспитување на пресудата за судскиот случај „Насилство во Општина Центар“, во кој Груевски беше осуден на 1 година и 6 месеци затвор, а останатите обвинети беа осудени на условни казни. „Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е огласен за...

Груевски доби седум години затвор за „Плацевите на Водно“, конфискуван му е целиот имот

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија и за случајот „Плацеви на Водно“ беше првообвинет за перење пари, противправно стекнување и прикривање на имот, денеска доби казна затвор од 7 години и парична казна од 3.500 евра. Воедно, судот пресуди целокупниот имот на Груевски да биде конфискуван, освен двата стана што ги поседува неговата мајка. Пазарната вредност...

Три години затвор и три години забрана за возење доби возачот што ја прегази Викторија кај „Сити мол“

Три години затвор и три години забрана за возење доби возачот Јордан Ѓоргиев кој на 20 јануари со БМВ џип ја прегази 24-годишната Викторија Николова од Радовиш кај „Сити мол“. Судот образложи дека висината на казната за тешки дела во сообраќајот е помала од законски предвидениот минимум од 4 години за ова дело, затоа што се земени предвид и олеснителните...

Јовановски осуден на затворска казна од 9 години за „Меѓународен сојуз“, Ременски ослободена

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја изрече пресудата за судскиот случај „Меѓународен сојуз“. Судот досуди три затворски казни, при што Бојан Јовановски (Боки-13) е осуден на 9 години затворска казна за делата измама и перење пари. За виновна е прогласена и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, која доби казна-затвор од 4 години за помагање на двете дела. Една година затвор доби...

ЗНM: Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на „Фокус“ во случајот против Сашо Мијалков

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во корист на „Фокус“ во случајот против Сашо Мијалков, а пресудата од Стразбур доаѓа откако домашните судови претходно пресудија дека уредничката на „Фокус“ Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов треба да му платат над 9.000 евра штета на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков за изнесена клевета и навреда, информираат од Здружението на...

Хелсиншки комитет реагира за пресудата за Савески и Куновски за „Шарената револуција“

Апелациониот суд Скопје на Здравко Савески и Владимир Куновски им изрече условна затворска казна од 6 месеци и казна од половина милион денари за материјалната штета за демолирањето на канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, за време на „Шарената револуција“ пред речиси 6 години. Оваа пресуда следи по две ослободителни пресуди кои предходно ги укина Апелација. По изречената пресуда Хелсиншкиот комитет...

Миле Јанакиески призна вина и доби условна казна од 2 години за набавката на кинеските автобуси

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и две други обвинети лица денеска признаа вина во судскиот процес „Дизајн“ којшто се води за набавката на кинеските автобуси „Јутонг“ за ЈСП-Скопје во периодот од владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Откако тие признаа вина, Основниот кривичен суд Скопје објави дека Јанакиески и двете други обвинети се осудени на условна казна затвор од 2...

Вистиномер: Половина од предизвикувачите на сообраќајки со жртви добиваат условни казни

Од вкупно донесени 69 пресуди за сообраќајни незгоди со смртен исход, во 35 на лицето што ја предизвикало сообраќајката му била изречена условна пресуда, говорат податоците од Основниот кривичен суд за периодот од 2017 до крајот на 2021 година. Во само три случаи била изречена казна од четири години затвор, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Половина од правосилните...

Дваесет и пет години затвор за организаторите на насилствата во Собранието на 27 април

Кривичниот суд Скопје, ги прогласи за виновни обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” и ги осуди на вкупно години 25 години затвор. Највисока казна против организаторите на упадот и насилствата во Собранието од 27 април 2017 година доби поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој е осуден на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот министер за транспорт...

Убиецот на Џорџ Флојд доби 22,5 години затвор

Дерек Шовин, тогашен полицаец кој минатата година на улица во Минеаполис го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, вчера беше осуден на затворска казна од 22 и пол години. По убиството почнаа серија на големи протести против кршење на правата на Афроамериканците под мотото „Црнечките животи вредат“, кои честопати се претвораа во безредие. Како што извести Си-ен-ен, пред изрекувањето на пресудата, Шовин...

Актерката Силвија Стојановска осудена на 3,5 години затвор за учество во шверц на кокаин

Kривичнiot суд во Скопје денеска на актерката Силвија Стојановска ѝ определи казна затвор од 3,5 години за учество во меѓународен шверц на 700 килограми кокаин. Нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ, како првоосомничен, доби затворска казна од 7 години затвор. На определените казни затвор, двете осудени лица имаат право на жалба. Судот денеска одлучи Будисавјевиќ да остане во притвор до правосилноста на...

Одбраната на Катица Јанева и на Бојан Јовановски бараат повторно судење за „Рекет“

Одбраната на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, бара да се укине пресудата за случајот „Рекет“ и предметот да се врати на повторно судење. Јанева поради здравствената состојба повторно не се појави во судницата. Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска праша „зарем тој што дава милион евра и снима во неговата куќа не би го снимал и актот или чинот на...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...