fbpx
Таг: пресуда

таг: пресуда

40 години затвор за убиството на тригодишната Мевљана

Основниот суд Скопје 1 ги осуди на затворски казни по 20 години Џемаил Браими и неговата сопруга Јасмина Махмуд за убиството на тригодишната Мевљана, кое се случи пред точно една година, пренесува „Нова ТВ“. Браими и неговата сопруга беа обвинети дека до смрт го претепале девојчето, кое им било оставено на чување од неговата мајка.

30 години затвор за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија

Седуммината обвинети за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија, Основниот суд Скопје 1 утрово ги прогласи за виновни и ги осуди на вкупна затворска казна од 30 години, пренесуваат медиумите. На поранешниот директор на Музејот, Перо Јосифовски, му е одредена највисока казна од осум години и осум месеци, Златко Видевски доби шест години и осум месеци, Софка Кушовска е осудена на три години, златарот Часлав...

Кежаровски останува на слобода, Апелација ја отфрли жалбата на обвинителството

Отфрлајќи ја жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал, Апелацискиот суд денеска ја потврдил одлуката на Основниот суд Скопје 1 за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски, што значи дека тој нема да се враќа во Истражниот затвор „Скопје“, каде што требаше да издржи уште три месеци од досудената казна, пишува „Фокус“. „Донесена е одлука со која се...

Меѓународниот суд на правдата ги отфрли тужбите на Србија и на Хрватска

Пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Хрватска не докажа дека Југословенската народна армија извршила геноцид над хрватското население на хрватска територија во периодот од 1991 до 1995 година. Судот, исто така, пресуди дека и Србија не успеала да докаже дека бил извршен геноцид над српските цивили во Хрватска. Пресудата ја прочита претседателот на судот, Петер Томка. Спорот почна кога Хрватска, на...

Кежаровски е пуштен, ама го држат на кратко условно јаже

Новинарот Томислав Кежаровски е на слобода. Како што ненадејно беше затворен, по објавувањето на пресудата на Апелацискиот суд за две години затвор, така новинарот експресно и ненадејно е пуштен со решение за едномесечен отпуст. Денеска судот објави дека го прифатил барањето за условен отпуст на Кежаровски. Редоследот на настаните и околностите го наметнуваат прашањето дали по сите перипетии и судски контроверзии, Кежаровски...

„Јас сум Кежаровски“: Новинарите се солидаризираа со својот колега

Со транспаренти „Јас сум Кежаровски“, напишани на француски, како аналогија на манифестирањето солидарност по масакрот во „Шарли ебдо“, македонските новинари и новинарски задруженија денеска пред Апелацискиот суд го искажаа својот револт од пресудата на судот со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затвор во случајот „Ликвидација“. Новинарите се солидаризираа со својот колега и најавија понатамошни чекори за...

Реакции: Скандалозна и политичка е одлуката за казната на Кежаровски

„Скандалозна и политичка, а не судска одлука“ е ставот на новинарските здруженија и на новинарите по објавувањето на пресудата на Апелацискиот суд, со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затворска казна за случајот „Ликвидација“, во кој беше обвинет за откривање на идентитет на заштитен сведок. Утре, во 11 часот, пред Апелацискиот суд е закажан собир на новинарите...

Апелација пресуди две години затвор за новинарот Кежаровски

Новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затворска казна од  Апелацискиот суд, чија одлука денеска била доставена од Основниот суд Скопје 1, соопштија од судот. Пресудата на Апелацискиот суд следува по жалбата на Кежаровски на провстепената пресуда, со која тој беше осуден на четири и пол годишна затворска казна во случајот „Ликвидација“, а беше обвинет дека го открил идентитетот...

Критичарот на Путин, Алексеј Нaвaлни, осуден на условна, а неговиот брат на затворска казна

Рускиот суд му одредил условна казна на Алексеј Навални, жесток критичар на Кремљ и на политиката на претседателот Владимир Путин, додека неговиот брат Олег Навални е осуден на три и пол години затвор, објави денеска лондонски „Гардијан“. Навални ги предводеше протестите против претседателот Владимир Путин пред три години, кога десетици илјади граѓани излегоа на улиците на Москва и на Санкт...

Хирургот Стојовски осуден на затворска казна и со забрана за работа

Поранешниот раководител на операционите сали на Клиниката за гинекологија и акушерство, гинекологот Марјан Стојовски, е осуден на две години затворска казна и на едногодишна забрана за вршење на професијата од денот на правосилноста на пресудата, соопштил Основниот суд Скопје 1, пренесуваат медиумите. Стојковски е осуден за примање поткуп. Тој беше уапсен во 2010 година откако побарал и примил поткуп од 2.000...

БИРН: Апелацискиот суд донел одлука за новинарот Томислав Кежаровски

Апелацискиот суд донел одлука по жалбата на новинарот Томислав Кежаровски кој со првостепена пресуда е осуден на затвроска казна во случајот „Ликвидација“, објави „БИРН“, повикувајќи се на изјава на судијата во Апелацискиот суд, Сафет Кадриу. „Точно, одлука е донесена. Таа е во фаза на подготвување и ќе биде доставена до Основниот суд Скопје 1. Не можеме да соопштиме каква е...

Обвинителството доби дозвола да ја обжали пресудата за Писториус

Обвинителството на Јужна Африка доби дозвола да ја обжали пресудата против Оскар Писториус, кој е прогласен за виновен за убиство. Судијата Токозиле Масипа денеска пресуди дека државата не може да поднесе одделна жалба за пресудата и оти мора да ги плати трошоците на Писториус во овој дел од нивната жалба, но доколку ја добијат жалбата, апелацискиот суд може да изрече...

Апелација ги потврди казните на обвинетите во случајот „Агент“

Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда за случајот „Агент“, со која на затворска казна од две години се осудени поранешниот директор на управата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски, адвокатот Владо Пешликоски и претставникот на „Меркатор“, Митја Валич, а на казна затвор од три години, за финансиски малверзации, е осуден адвокатот Васко Томановиќ, објавува порталот „Академик“. Во предметот...

Ѓорѓи Топаловски осуден на осум години затвор

Кривичниот суд го осуди Ѓорѓи Топаловски на осум години затвор за убиството што го извршил во 2007 година кај Зоолошка градина во Скопје. Топаловски, на 22 ноември 2007 година, откако претходно бил физички нападнат, со пиштол ги уби Новица Благоевиќ и Андреј Филип од Скопје. Тој не беше спроведен од притвор од Шутка да ја чуе одлуката на Судот и...

„Ровер“: Бошкоски доби десет и половина години затвор и им заврти грб на судиите

Судскиот совет денеска ги соопшти пресудите во повторениот судски процес за случaјот „Ровер“, во кој на десетмина обвинети, меѓу нив и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, им се судеше за убиството на Марјан Тушевски и на Киро Јанев од 2001 година. Како непосредни извршители на убиството, судот на доживотна казна затвор ги осуди српските државјани Предраг Чубрило, Милан Илиќ,...

Судот во Стразбур ќе решава по жалбата на Велија Рамковски

Aпликацијата на Велија Рамковски и на неговата ќерка Емел Рамковски, кои се жалеа на должината на притворот, на необразложените решенија и на нарушената пресумпција на невисност, e прифатена од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, дознава БИРН. Според информациите на БИРН, адвокат овластен од Рамковски и од неговата ќерка Емел, поднел апликација во судот во Стразбур, заведена под број...

Денеска се очекува повторна пресуда за случајот „Ровер“

Денеска се очекува Судскиот совет да ја соопшти пресудата за случајот „Ровер“, во кој им се суди на вкупно десетмина обвинети, меѓу кои е и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Обивнителството во текот на повтореното судење се откажа од гонење на петмина обвинети, поради недостиг на докази против нив. Повтореното судење за убиството на Марјан Тушевски и на Киро...

Што ќе се гради на местото на злосторството кај Смиљковско Езеро?

По долгото одложување на пресудата за случајот „Монструм“, судот сега го одолжува и преводот на текстот на пресудата, постапка која доцни, а со тоа се запира и процедурата на одбраната за обжалување на првостепената пресуда до Апелацискиот суд, изјавил за „Порталб“ адвокатот Насер Рауфи. Според него, постапката за жалба ќе биде пролонгирана бидејќи пресудата сè уште се преведува на албански. - Судот...

Семејното насилство се храни од бавноста и нереагирањето на институциите

Четири убиства, од кои едно двократно и едно трикратно, на кои им претходело семејно насилство, се случиле од мај до ноември годинава, што е алармантната бројка која укажува на нефункционалноста на системот за заштита, реагираат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Невладината организација „Хера“. Карактеристично за сите овие случаи е што убиствата се извршени од...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...