fbpx
Таг: пресуда

таг: пресуда

Доживотен затвор за Алмир Дрпљанин за убиството на полицаецот Африм Арифи

Скопскиот кривичен суд денеска му одреди доживотна казна затвор на Алмир Дрпљанин за убиството на полицаецот Африм Арифи, кое се случи кон крајот на ноември 2008 година кај Природно-математичкиот факултет во Скопје. Судскиот совет, како што информираат од Основниот суд Скопје 1, го прифатил и предлогот на јавниот обвинител за продолжување на притворот до правосилноста на пресудата. „Основниот суд Скопје 1 денеска...

Апелацискиот суд му даде условна казна на Дејан Ставриќ

Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по жалба за случајот со докторот Дејан Ставриќ, ја потврдил првостепената пресуда на Кривичниот суд против лекарот, но ја преиначил во делот на висината на казната. Наместо една година ефективен затвор, Апелацискиот суд сега на Ставриќ му изрекол условна казна од една година, пренесува порталот „Академик“. „Наместо една година казна затвор, на обвинетиот му досудена условна казна...

ОН пресудија во полза на Асанж

Работните групи на Обединетите нации пресудија во полза на Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, кој до петчленото тело поднесе жалба против Шведска и Велика Британија во 2014 година поради незаконското притварање. Претходно Асанж најави дека утре ќе ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон и ќе го прифати апсењето доколку истрагата на ОН заврши со пресуда против него. Четириесет и...

СДСМ: Пропагандата на Груевски почна самата да се разоткрива

Цензурата на државната агенција МИА на веста дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресудил отштета на лустрираниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, ја прели чашата на пропагандата на Никола Груевски, реагираат од опозицискиот СДСМ. „Пропагандата на Груевски почна самата да се разоткрива. Државната информативна агенција МИА, која ја плаќаат граѓаните, се обидела да сокрие информација од истите...

Апелацискиот суд ги потврди доживотните казни на осудените во „Монструм“

Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 за случајот „Монструм“ од 30 јуни 2014 година, со која шесттемина обвинети за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро беа осудени на доживотен затвор, соопшти денеска Апелацискиот суд Скопје. „Апелациониот суд Скопје со пресуда КОКЖ.бр.108/14 од 9 октомври 2015 година, одлучувајќи по жалбите на јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство...

Наместо пет, шест години затвор за возачот што ја прегази новинарката кај ТЦ „Зебра“

Апелацискиот суд Скопје со одлука донесена на 12 ноември, ја потврдил пресудата на првостепениот суд за сообраќајката во која животот го загуби новинарката Сузана Тодровоска-Павловска и ја зголемил казната на осудениот Бојан Блажевски, кој наместо пет, сега, според пресудата на Апелација, ќе треба да одлежи шестгодишна затворска казна, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. „За сообраќајната несреќа во која животот...

Трикратниот убиец од Кавадарци осуден на 40 години затворска казна

Основниот суд Велес го осуди на 40 години казна затвор, 42-годишниот Тони Станоев, кој во ноември минатата година, во Кавадарци, со пиштол ги уби мајката, таткото и сестрата на својата поранешна сопруга, јавува „Академик.мк“. Судскиот совет, како што пренесува порталот, образложил дека пресудата била изречена во согласност со Законот за начинот на одмерување на казната. Обвинителството, кое бараше доживотна казна затвор за...

Заев го доби судскиот спор со штипски бизнисмен кого го тужеше за клевета

Бизнисменот Мики Наумов, кој пред неколку месеци тврдеше дека струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев, му барал мито, е прогласен за виновен од штипскиот Основен суд и на Заев треба да му плати отштета од 150.000 денари. Наумов, против кого Заев поднесе тужба, е прогласен за виновен, бидејќи според судот, со клеветата му нанел повреда на угледот и...

Хрватскиот Врховен суд му ја укина пресудата на Санадер за случајот „Фими медиа“

Врховниот суд на Хрватска ја укинал неправосилната пресуда против поранешниот премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Иво Санадер, за случајот „Фими медиа“, јавува хрватската државна телевизија ХРТ. По одлуката на Врховниот суд, Санадер може да излезе од притвор доколку плати кауција во износ од 12,4 милиони куни, односно 1,6 милиони евра. „Пресудата е укината, а притворот, кој е продолжен...

Прилепски таксист доби спор против Македонија во Стразбур

Таксист од Прилеп, кој не знаел дека превезува албански државјани кои нелегално ја преминале границата, ја доби правдата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во врска со конфискувањето на неговото возило од марката „мерцедес“. Државата треба во рок од три месеци од денот на правосилноста на пресудата да му го врати возилото, кое судот му го конфискувал пред осум години...

Пет години затвор за возачот што ја прегази новинарката кај „Зебра“

Затворска казна од пет години му одреди судот на возачот кој на 7 јули ја прегази новинарката Сузана Тодоровска-Павловска, во непосредна близина на трговскиот центар „Зебра“, во населбата Капиштец, пренесуваат медиумите. Според обвинението, осудениот Бојан Блажевски, го управувал возилото со кое удрил во Тодорвска-Павловска под дејство на алкохол и на наркотици. По несреќата, кај него во крвта беа констатирани 1,52...

Бразилски бизнисмени осудени на 16 години затвор поради корупциски скандал

Двајца поранешни извршни директори на бразилскиот градежен гигант ОАС се осудени на 16 години затвор секој поради корупција, јавуваат светските медиуми. Според судот во Бразил, поранешниот претседател на ОАС, Хозе Алдемарио Пињеиро, и Агенор Медеирос биле вмешани во големиот корупциски скандал со државната нафтена компанија „Петробрас“. Покрај нив, во случајот, на помали затворски казни се осудени уште тројца, исто така,...

Апелација за случајот „Изгрев“: Предметот се враќа на повторно судење

Апелацискиот суд Скопје денеска до скопскиот кривичен суд ја доставил одлуката со која делумно се укинува пресудата за случајот „Изгрев“ и предметот се враќа на повторно судење, соопштија од судот. „Апелацискиот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ја достави пресудата со која жалбите на Основното јавно обвинителство, како и на обвинетите Димитар Миладинов, Георги Миладинов, Димитрија Голабоски,...

Книговодителот од Аушвиц осуден на четиригодишна затворска казна

Германскиот суд денеска го осуди на затворска казна 94-годишниот Оскар Гронинг, поранешен чувар во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц, поради сооучесништво во убиството на најмалку 300.000 Евреи, јавува „Би-Би-Си“. Гронинг, кој е познат по прекарот Книговодителот од Аушвиц, е осуден на казна затвор од четири години, но многумина што го следеа случајот, отслужувањето на казната го ставаат под знак прашалник, поради возраста...

Обвинетиот за убиството на матурантот Ангел Петковски, осуден на 14 години затвор

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ја објави пресудата со која на 14-годишна затворска казна е осуден Насер Ештрефи од скопското село Грчец за убиството на матурантот Ангел Петковски, што се случи во мај минатата година, во населбата Ѓорче Петров. „Советот, ценејќи ги олеснителните и отежителните околности, на обвинетиот му одреди казна затвор во траење од 14 години, а...

„Ровер“ падна на Апелација, притворените излегуваат од затвор?

Судскиот предмет „Ровер“ за убиството на Марјан Тушевски е повторно вратен од страна на Апелацискиот суд, јавува „А1 он“. Во затворите пристигнала наредба веднаш да се ослободат притворените по овој предмет затоа што веќе се поминати две години од одредувањето на мерката притвор. Ова единствено не важи за поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, кому му останува во затворот во...

Сашо Огненовски, ексдиректор на битолскиот театар, е невин што ги „закрпил“ со пари колегите

Поранешниот директор на битолскиот театар, Сашо Огненовски, е невин што со илјадници евра ги „закрпил“ колегите актери, кои не само што му позајмувале пари, туку за него подигнувале и кредити. Вака досудил Апелацискиот суд во Битола по процесот покренат од јавниот обвинител, во кој Огненовски се товарел за злоупотреба на службената должност и за измама. Ова денеска на прес-конфенреција во...

Обвинителството поднесе жалба на пресудата за убиството на тригодишното девојче во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднело жалба на пресудата со која Џемаил Браими и неговата невенчана сопруга Јасмина Махмуд во март оваа година, беа осудени на затворска казна од 20 години за убиство со умисла на тригодишното девојче во Скопје, сметајќи дека „изречената казна е недоволна за вакво кривично дело“, соопштуваат од Јавното обвинителство. „Обвинитетите во март минатата година брутално, на смрт...

Апелацискиот суд ја укина пресудата за тужбата на Јанкулоска против Шилегов

Апелацискиот суд Скопје ја укинал пресудата со која портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, требаше да ѝ плати на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, отштета од еден милион денари за нанесена клевета, пренесува „Нова ТВ“. Јанкулоска го тужеше Шилегов откако тој на прес-конференција изнесе податоци за непропорционално зголемен имот на поранешната министрека додека била на власт, а Основниот суд...

Македонка доби уште една пресуда во Стразбур

Македонската држава ќе треба да ѝ плати 5.000 евра отштета и 300 евра судски трошоци на 39-годишната Марина Илиевска од Крива Паланка, која во 2009 година била жртва на полициска бруталност кога нејзиниот сопруг побарал таа да биде пренесена во психијатриска клиника во Скопје, одлучи денеска Судот за човекови права во Стразбур. На барање на нејзиниот сопруг и на двајца доктори...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...